Бензинска пумпа

  • Креатор на темата Креатор на темата Seniorita
  • Време на започнување Време на започнување

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
Возраст
32
Чисто од љубопитност, како некој може да отвори бензинска пумпа?
Прочитав негде дека требало депозит од 32.000евриќи, и дозвола ..
em I right?

имаше еден клошар од нашето место, сеа од пред 5-6 години има бензинска ..
something smells fishy ..
 
Може,зошто да не,еве еден блиску до таму јас кај што живеам ќе отвара бензинска сега
 
Треба дозвола треба добар простор, треба да пазиш колку си одалечена од населени куќи станови, сепак не си ти Мак Петрол па да отвораш на 5 метра од зграда. Треба да викнеш архитекти или градежни инжињери итн итн па тек после да најдеш најповолен снабдувач за горивата и вработени, да имаш спремено парички за нивните плати бидејќи сигурно ќе те фатат 500-700 евра рачунај, мин 10 вработени ти се најмалку 5.000 евра плата месечно, парите ќе си ги вратиш но нема одма битно да имаш плус 50.000 евра за вработените, пошто иначе ќе те убијат од крадење, од само една цистерна можат да крадат од 80 до 150 литри гориво.

Не е ефтин бизнис.
 
тоа и мене ми е зборот ..типот што се вика немаа леб да јадат, и отвори нешто за кована браварија, па после одма и бензинска .. -.-
 
и он е/беше клошар? :p
Па не би рекол дека е клошар.Типот неколку продавници држи ;) и плус земјоделска аптека.
Гледам и ти сакаш да отвараш бензинска,и ти да не си клоша(ка)? :D Шега шега
 
Да не ископа нафта негде бе Сињоритке? :ROFLMAO:
како погоди јеботе? цело време у двор ми била, а јас сеа ја видов! :)

Па не би рекол дека е клошар.Типот неколку продавници држи ;) и плус земјоделска аптека.
Гледам и ти сакаш да отвараш бензинска,и ти да не си клоша(ка)? :D Шега шега

ја не реков дека сакам да отворам, само од љубопитност ме интересираше како иде тоа, пошто мн пари се во прашање :)
 
Чисто од љубопитност, како некој може да отвори бензинска пумпа?
Прочитав негде дека требало депозит од 32.000евриќи, и дозвола ..
em I right?

имаше еден клошар од нашето место, сеа од пред 5-6 години има бензинска ..
something smells fishy ..

Mислам дека бензинска веќе и не е толку исплатлив бизнис,конкуренцијата е огромна..макпетрол и лукоил на секој чекор ги има,и секој прво би ставил на нивна пумпа бензин па после на приватна..а тој клошарот сигурно од чесна работа не отворил,може бил клошар,ама го бивало сигурно за крадење и превари
 
како погоди јеботе? цело време у двор ми била, а јас сеа ја видов! :)

Не само овој збор туку горе има и клошар ќе те замолам да припазиш на речникот.

И многу не се замарај за другите луѓе како дошле до пари, за се има лек а нема секој среќа.
 
Тешко на мажот ти со тебе, ќе го умриш за неколку години, се само некој вакви фикс идеи се појавуваш.
 
Треба да најдеш локација, па да добиеш дозвола од општината за бензиска т.е. општината да го промени урбанистичкиот план и да вцрта маркица за бензиска. После треба да добиеш потпис од сектор за урбанизам во Мин. за транспорт и врски, па еколошка дозвола од министерство за екологија, па пак се враќаш транспорт и врски, отсек сообраќај да добиеш дозвола за смена на сообраќаен режим т.е. да ја поврзеш бензиската на пат. И откако ќе завршиш со сите овие процедури можеш да почнеш да градиш.

Гориво ќе земаш од Окта, имаш маржа од 3-4% мислам и ти останува да се бориш со конкуренцијата и доколку немаш добри врски и со локалните рекетари (иако, ако немаш врски тешко би ги зела сите дозволи) :)
 
И откако ќе завршиш со сите овие процедури можеш да почнеш да градиш.
Ги заборави резервоарите за гориво.

Треба да побараш стандарди за изработка на резервоари, или да набавиш некои кои ги исполнуваат сите норми и стандарди, па да ги сместиш во земја, па тек после иде градењето.
 
Тешко на мажот ти со тебе, ќе го умриш за неколку години, се само некој вакви фикс идеи се појавуваш.

не е идеа хелоу, напишав 3пати од ЉУБОПИТНОСТ ..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom