- Член од
- 6 февруари 2022
- Мислења
- 1.442
- Поени од реакции
- 5.643
Па токму тоа ти го зборувам. Никој не вели дека Франција е Белорусија, ниту дека демократскиот систем и авторитарниот систем се исти. Разликата во обемот и системскиот карактер е реална.Не ја измислив тезата, туку таа постои. Не е цела опозиција во затвор/егзил? Точно, воопшто не е демократски да испоапсиш демонстранти кои протестираат за некое право кое им е повредено. Политичка категоризација постои, не ја правам јас, ниту пак ја измислив јас. Точно дека е репресија и апсењето во Франција, но таа репресија е далеку од она што се прави во диктаторските режими каде се апсат луѓе ако речат и мала работа против власта.
Но интересно е што сега самиот признаваш: „точно дека е репресија и апсењето во Франција“. Значи кога е Белорусија, зборуваме за кршење човекови права и репресија; кога е Франција, истото го признаваш, но веднаш следи „да, ама...“.
Двојниот аршин не значи дека две држави мора да бидат идентични. Значи дека истиот принцип го применуваш со различна строгост зависно од тоа кој го прекршува. Можеш сосема коректно да кажеш: „Франција има институционални механизми и степен на политички плурализам што Белорусија ги нема“ — ама тоа не го прави незаконското или неоправданото приведување на демонстранти нешто друго.
Инаку, ако твојата позиција е дека репресијата во Франција е реална, само помала по обем и системски карактер, тогаш веќе немаме спор околу тоа дали постои репресија. Спорот е само зошто едната ја претставуваш како доказ за природата на режимот, а другата како „исклучок“.
А тоа „исто е, ама не е исто“ веќе почнува да личи на турска серија — 200 епизоди, а главниот заплет никако да стигне до поентата.
