Bei The Fish

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
Пак јас.

Нема да смеам да ставам линк за симнување на новиот албум...
Информативно - вреди да се слушне.

Дозволено е кога легално е оставен да се симнува.

И се симнува и кај мене, очекувам убавина од музика.
 
Ете, некако криво ми падна :(

„Беј д фиш“ се повлекуваат од сцената со последен концерт во Скопје

Еден од најкреативните и најиновативните македонски бендови, „Беј д фиш“, на 12 април со почеток во 22 часот, ќе ја завршат својата 12-годишна кариера, со последен концерт во „Сити хол центар“.

Сите присутни ќе имаат можност за последен пат да уживаат во концертот на еден од највлијателните бендови на македонската музичка сценa. Бенд кој зад себе има оставено пет студиски албуми и безброј извонредни настапи во Републикава и регионот.

Причините кои стојат зад оваа одлука на бендот, ќе бидат соопштени на самиот концерт како и низ најавените интервјуа кои ќе се појават во следниот период.

Уникатниот стил на „Беј д фиш“ кој беше граден низ годините, изроди хит-теми како: „When he was young“, „French cheese“, „True story“, „Livin’ in a box“, „Ideal woman“, “Instant generation”.

Атмосферата пред концертот со диџеј-сет ќе ја загрее Лепи Џони (The John).

Картите ќе бидат пуштени во претпродажба од 28 март по промотивна цена од 200 денари во „Сити хол центар“, „Кастм паб“, „Љубов“ и „Хепи кафе“.

извор: http://republika.mk/?p=224286
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom