@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.117
- Столбовите на Барак Обама беа позајмени од пејачот Јани, од неговиот настап „Јани, живо на Акрополот“ - пишува десничарскиот колумнист Дејвид Брукс.
- Крајно време беше за Барак Обама да се спушти од Небото и да мине малку време со нас простите смртници - изјави Дени Диаз, портпаролка на Републиканската национална конвенција.
Портпаролот на неговиот противкандидат Џон Мекејн до медиумите испратил упатство за тоа како правилно се врзува грчко-римска тога, која наводно требало да се носи на преполниот стадион. Не помогнало ниту тоа што грчкиот епископ за Америка Деметриос одржал молитва на демократската конвенција во градот Денвер, иако истиот свештеник треба да богослужи и на републиканската конвенција.
Дури и коментаторите блиски до Демократската партија велат дека направила голема грешка со изборот на сценографијата и се обидуваат да го поправат впечатокот велејќи дека всушност се работело за копија на споменикот на Абрахам Линколн, па дури и ангажираат историчари да потврдат дека столбовите не се грчки, туку се автентично американски.
Историското лудило за Грција му се врати на Обама како бумеранг. Тој отворено застана на страната на Грција, потпишувајќи ја резолуцијата 300, заедно со прогрчките сенатори Олимпија Сноу и Роберт Менендез. Во неа сенаторите бараат од Македонија да престане да ја прекршува привремената спогодба со Грција. Во резолуцијата Македонија упорно се нарекува БЈРМ, иако САД ја признаа Македонија под уставното име во 2004 година. Во текстот се наведуваат „провокации“ како што е спомнувањето на Грција во македонските училишта, во армиски мапи, преименувањето на аеродромот во Скопје и слично. „Нова Македонија“ објави дека Барак Обама зема сериозни пари од грчкото лоби, а дека во неговиот подем како млад политичар во корумпираната политичка сцена на Чикаго многу помогнало богатото грчко семејство Ѓанулиас. Обама во 2006 година му помогнал на младиот Алекси Ѓанулиас да стане државен благајник на нивната матична држава Илиноис, со што богато му се оддолжил на грчкото банкарско семејство. Ѓанулиас, кој бил под истрага поради мафијашки врски, сега раководи со финансиите на државата, вредни милијарди долари.
„Нова Македонија“ дознава дека, и покрај тоа што македонските власти отворено признаваат дека Републиканската партија е поблиска до македонските интереси, нашата дипломатија направила обид да се приближи и до Демократската партија. Демократите со сигурност ќе победат на изборите за американскиот конгрес, а Обама е изедначен со Џон Мекејн во претседателската трка. Дознаваме дека главен аргумент, кој бил користен во контактите со луѓе блиски на Барак Обама, било тоа што Обама, кој е црнец по татко, добро знае што е расизам. Македонските маки со Грција, која го блокира приемот на Македонија во НАТО и во ЕУ токму поради македонската етничка припадност, биле споредувани со дискриминацијата на малцинствата во САД. Кристофер Делисо, американски аналитичар базиран во Скопје, се согласува со оваа стратегија.
- Барак Обама е првиот црн претседателски кандидат во американската историја и тој разбира што значи расизам и знае дека за расизмот нема место во американското општество или во другите општества. Оттаму, можеби некој би требало да го праша зошто тогаш ѝ дава толку многу поддршка на Владата на Грција, која има расистички став кон Македонците поради нивниот јазик и правото на идентитет - вели Делисо.
ццц Се имало на овој свет.