Авион на МАТ запленет во Дизелдорф?

  • Креатор на темата Креатор на темата Galactikos
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Авион на МАТ, полн со патници е задржан на аеродромот во Дизелдорф, Германија. Не добил дозвола за полетување за Скопје. Според информации на А1, станува збор за стар долг од 700.000 евра, што МАТ го имал кон „Еуроконтрол“, европската агенција за воздушен сообраќај.

Патниците биле сместени во хотел, во близина на аеродромот во Дизелдорф. Во МАТ го потврдуваат инцидентот, наоѓаат грчка позадина.
МАТ: Се работи за заостанат стар долг од 2001-ва, за што имаме договор за отплата и вчера ненадејно, под влијание на грчкото лоби, властите во „Еуроконтрол“ го прекршија договорот. Бараат целата сума да се плати во готово.
Националниот авиопревозник е шокиран од ваквата одлука на „Еуроконтрол“. Велат дека за тој стар долг од 2001-та, државата уште пред четири години постигнала договор во Брисел.
Овој скандал е грчко масло, се сомневаат во МАТ. Не може туку така со запленување на авион да се подмируваат долгови. Тоа е можно само со судска забрана, велат во МАТ.
Ова не е прв проблем на македонското воздухопловство. Неодамна Грција врати авион на МАТ полн со патници, загрозувајќи ја безбедноста на летот и нарушувајќи ги меѓународните правила за цивилно воздухопловство.
Причината беше што Грција побара МАТ да си го смени префиксот „македонски“

--->извор<---

Не ми се верува да е некое грчко лобирање, не му е прв пат да должи пари МАТ, незнам како една фирма која важи за успешна да дозволи долг од 700.000 евра и тоа да се влечи 7 години.
 
Наводно долгот бил подмирен пред неколку години....според МАТ. Ќе видиме што ќе биде од ова...
 
Причината беше што Грција побара МАТ да си го смени префиксот „македонски“

Не ми се верува да е некое грчко лобирање, не му е прв пат да должи пари МАТ, незнам како една фирма која важи за успешна да дозволи долг од 700.000 евра и тоа да се влечи 7 години.


Единствено Македонски во врска со МАТ е тоа дека на фузелажот им е напишано Macedonian...друго јок. Во Еуроконтрол се заведени како МакАвиа...

Нема врска работава со Грчка позадина, туку просто типците должат.
 
Сменете го насловот...задржан,запрен и ЗАПЛЕНЕТ е сосема различно
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom