Audi оди паркирај, ќе ти титнам да ме земеш

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.431
Поени од реакции
35.154
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Ако паркирањето ви една од вештините кои не ви се меѓу посилните страни, Audi можеби има решение за вас. Компанијата на CES саемот ја покажа технологијата со која автомобилот самиот може да се паркира.

audi-odi-parkiraj-kje-ti-titnam-da-me-zemesh-117873.jpg


Познавачите на автомобилите ќе кажат дека ова не е ништо ново, но начинот на кој Audi го изведува паркирањето е вистински неверојатно. Оваа A7-ка не го прави само маневарот за паркирање додека вие сте зад управувачот, туку самата бара место за паркинг и користејќи го системот за автономно пилотирање, се паркира без потреба вие да сте во автомобилот.

Најинтересниот момент е што кога ќе завршите со обврските доволно е да го повикате автомобилот и тој самиот ќе дојде до местото каде што ве оставил. Генијално!

виа Кајгана

 
Пак Епл и апликација за истиот во рекламата. Чудно што не ставаат Андроид :icon_lol: Замисли да ти се појави Force Close на паркирање, ти отиде колата у Шутка :icon_lol:
 
Значи утре ако украдеш мобилен у пакет со него иде и кола,феноменално!
Де бе, не дека нема да се најде и пософистицирана заштита, ама ваљда нема да ја оставата апликацијата барем со еден PIN... :)
 
Кај нас владава треба одма да донесе закон во сите коли да се инсталира овакви уреди....оти ја ко што знам ова е прецизно до милиметар....а нашиве шофери паркираат за тројца....а на тротоар кога се но-комент.
 
Де бе, не дека нема да се најде и пософистицирана заштита, ама ваљда нема да ја оставата апликацијата барем со еден PIN... :)
Па да се надеваме дека ќе изнајдат некоја пософистицирана заштита,макар што со денешниве хакери...ова го велам оти мене 2 пати до сега ми имаат украдено мобилен еднаш на плажа и еднаш во кафич,па за да знам дали во иднина да ја инсталираам оваа технологија кај мене у кола или не:)
 
Се повеќе работат на паметни автомобили што полека се навестува иднината во тој сегмент. Браво, очекувам во блиска иднина автомобили со волан како додатна опрема пошто нема да ти треба, чисто за забава :)
 
Па да се надеваме дека ќе изнајдат некоја пософистицирана заштита,макар што со денешниве хакери...ова го велам оти мене 2 пати до сега ми имаат украдено мобилен еднаш на плажа и еднаш во кафич,па за да знам дали во иднина да ја инсталираам оваа технологија кај мене у кола или не:)
Де бе, ако некој толку сака да се запне, попрво ќе ти го украде возилото без клуч/телефон... :)
 
Де бе, ако некој толку сака да се запне, попрво ќе ти го украде возилото без клуч/телефон... :)
Да ама за така ќе му треба време пола сат најмалку,а преку мобилен две команди се во прашање,оди паркирај и дојди земи ме,полесно здравје:)
 
Да ама за така ќе му треба време пола сат најмалку,а преку мобилен две команди се во прашање,оди паркирај и дојди земи ме,полесно здравје:)
Ако не примети, на крајот од видеото кога пристигна аудито, со клучот го отвори за да влезе ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom