И Виктор Троицки позитивен на КОВИД-19, Ѓоковиќ утре ќе открие
По Григор Димитров и Борна Чориќ, уште еден учесник на „Адрија турнејата“, српскиот тенисер Виктор Троицки се позитивен на корона вирус, откако неодамна
makfax.com.mk
Автоматски споено мислење:
И у Босна мислам требаше да има турнир Адриа Тур а во Црна Гора го откажаа уште од сам старт.Грешката е направена од сам старт што воопшто има дозвола за вакви настани, дури и максимално некој да се грижи за протоколи неизбежно е да се јави случај со корона, иако тука ни тоа не беше случај зашто не е возможно кога имаш публика ти воопшто и да правиш муабет за следење на некакви протоколи.
Иако, ко што реков, она што им беше под контрола исто потфрли бидејќи конкретно тенисерите можеа максимално да бидат заштитени а не да се во постојан контакт и помеѓу себе и со фановите.
Тоа што Новак не е тестиран во Хрватска, а во Србија, е најмалиот проблем во случајов, ништо нема да смени тоа каде е тестиран, ама факт е дека иако поентата на овој настан беше од хуманитарна природа, прерано си го дозволија истово и си пукаа во колено самите. Зачудува немањето контрола од страна на државата, и Србија и Хрватска, стварно не ми е јасно како дозволија нешто вакво слободно да си се организира од луѓе кои немаат апсолутно никакво искуство во организирање на настан сред пандемија ( прашање е и кој има ), и поим немаат како да спроведуваат протоколи што беше и евидентно.
Ене гледам и 5 играчи на Црвена Ѕвезда се заразени од корона, а дербито со партизан го играа пред 20 000 публика, цел свет им се чудеше.