ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Фонсека на ваков ждреб се посра и изгуби од играч што е онака на земја , иако е побрза истата тука во Мадрид.
Треба уште да учи , ептен е млад сепак.
 
Фонсека ќе блесне на мастерсите на земја
Доста актуелен станува со Фонсека , така да наредниве ГС се зголемува конкуренцијата
да видиме Фонсека што може на првиот голем турнир на земја за него
Е сеа ако се зголеми конкуренцијата со Дрејпер , Фонсека , Меншик само по себе значи дека ќе имаме поголема разноликост од големата тројка и од одма паѓаат шансите на Алкараз и Синер да се доближат до тоа ниво.
Фонсека има одличен ждреб и може до 1/2 финале. Едино Новак му е сериозна пречка пред тоа
одлична прилика за рандом тенисер да го освои првиот мастерс или пак можеби Фонсека
Фонсека на ваков ждреб се посра и изгуби од играч што е онака на земја
Кхм, кхм...

Сам си дал одговор, btw:
Како сакаш врти ја , ќе бидеш демантиран од Фонсека
:pos:
 
Кхм, кхм...

Сам си дал одговор, btw:

:pos:

Требало да го цитираш и многу години што доаѓаат на последново.
Еден турнир и вакво цитирање мислиш готово е стварно малце налудничаво, али ај. Може нема да земе мастерс на 18 години ко Рафа и Алкараз , но веќе има АТП турнир и е 10ти најмлад играч да го направи тоа од 1990 навака. Прилично скоро ќе биде кога ќе дојде до првата 500ка и мастерс. А оваа година секако ќе го накачи ранкингот за многу позиции.
Вчера си се посрал тоа е , се учи од грешките. Барем за него има уште многу време.
 
Точно, така е, во право си, ама премногу го фалеше, во секое второ мислење, затоа не можев да се воздржам, sorry. ;) Јас не викам дека дечкото е лош, ама со неколку такви одблесоци не станува нов Надал. Имало многумина такви млади, ете последен на кој ми текнува е Мпетши Перикар лани, па годинава губи од тенисери со две леви раце. Плус со Меншик се скоро врсници, и он има титула и е 22 моментално на АТП, а Фонсека е 64 и тоа највисоко до сега бил на 59 - тоа беше и муабетот тогаш, споредбата на нив двајца. Времето сепак ќе покаже кој е подобар, ама до тогаш нема никаква основа да го правиме нов цар на тенисот, тоа ми беше поентата.
 
Не се посрал него ова му е втор меч на европска земја сезонава и нормално е да не е во најсјајна форма. Ваљда за РГ ќе е океј, не дека ќе го освои ама може да изгура до едно 1/8 или 1/4 финале уз поволен ждреб, а и секако ќе биде нагазна мина за сите фаворити.

Ноле иначе е готов, поарно да иде што поскоро кај што отидоа Рафа и Роџер за да не си ја валка кариерата без потреба. Порази од Арналди, Ботик Ван Де Заншлуп и такви ликчиња не му требаат ама баш ич. Али ај да видиме на РГ каков левел ќе извади, ако и тука рикне рано тогаш дефинитивно треба да размислува за пензија.
 
Секако Надал или Новак не можат да бидат стигнати , дури и 20 е превисока граница за секој еден од тие моментално шо се на врвот. Но дека има потенцијал за двоцифрен број слемови како Синер и Алкараз , мислам дека сигурно има. Е сега потенцијал имале многу играчи , а дали ќе успее да го достигне има уште многу за орање...

Не се посрал него ова му е втор меч на европска земја сезонава и нормално е да не е во најсјајна форма. Ваљда за РГ ќе е океј, не дека ќе го освои ама може да изгура до едно 1/8 или 1/4 финале уз поволен ждреб, а и секако ќе биде нагазна мина за сите фаворити.

Ноле иначе е готов, поарно да иде што поскоро кај што отидоа Рафа и Роџер за да не си ја валка кариерата без потреба. Порази од Арналди, Ботик Ван Де Заншлуп и такви ликчиња не му требаат ама баш ич. Али ај да видиме на РГ каков левел ќе извади, ако и тука рикне рано тогаш дефинитивно треба да размислува за пензија.

Се посра во смисла што со поволен ждреб не успеа 2 коло да помине. Не ме зезај , Томи Пол на земја еднаш дали има поминато далеку , све испаѓа 2 или 3 коло. Ги има Рим и РГ за поправен годинава , после тоа секако ќе се изнаигра на земјените после Вимблдон. Ај нека изгуби рано на сите , па ќе оправдам дека е преценет за сезонава.
 
А зошто преценет? Сега да не изигра меч до крај на сезоната он веќе ги надмина очекувањата, освои АТП титула, зема неколку Челенџери, имаше добар настап на АО, така да тоа е и повеќе од доволно за еден тинејџер.

Одличен е Фонсека, само можно е да има осцилации бидејќи е многу млад и тешко е на овие години да се изгура комплетна сезона во полн ритам.

Рубљов иначе тоне во мизерија, ни Сафин ни Свети Сафин не го оправаат.
 
Шо брани Рублев годинава и кога ќе искочи од топ 20 бедникот?
 
Имаше некои 500ки лани земено има за бранење турнири само незнам кои.На слемови максимум му е 4 коло.

Изглеа со 500ки се држи толку високо. Играва му е за надвор од топ 50 , ужас.
 
Последно уредено од модератор:
Изглеа со 500ки се држи толку високо. Играва му е за надвор од топ 50 , ужас.
Сега Сафин му е тренер, на турнириве на земја мислам дека нема да има успех ќе го видиме после роланд на сезоната на трева таа подлога највеќе му лежи.
 
Го пратам Шелтон каков сервис вади амеров секоја чест.На турнириве на трева многу проблеми ќе им прават на фаворитиве Шелтон а и Дрејпер,овој вториот ќе го уплатам да земе Вимблдон 11 коефициент е.
 
Фриц се изнамачи со Бонзи за овој на изедначување на втор сет да ја предаде Бонзи..
 
Имаше некои 500ки лани земено има за бранење турнири само незнам кои.На слемови максимум му е 4 коло.
Баш Мадрид го освои лани, илјадарка. Значи сега ги брани тие 1000.

Имаше и едно финале на 1000-ка, само не ми текнува каде, на крај на сезоната беше, може да е Монтреал.
 
Го пратам Шелтон каков сервис вади амеров секоја чест.На турнириве на трева многу проблеми ќе им прават на фаворитиве Шелтон а и Дрејпер,овој вториот ќе го уплатам да земе Вимблдон 11 коефициент е.
Класична лопата Шелтон. А Дрејпер е одличен сезонава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom