Асцит мислам дека се појавува како резултат на некоја болест на црниот дроб/хепар(или џигер по народски кажано) ......... и поради тоа црниот дроб кој претставува био-лабораторија во организмот и кој ги неутрализира штетните материи во организмот не си ја врши правилно работата и таа течност се собира во стомакот ........ асцитес е тоа мислам !
А и при карцином на црниот дроб се појавува асцитесот, особено мислам дека најризично е кај алкохоличарите да се појави овој проблем ........ асцитесот !
Еден средовечен комшија почина пред неколку години од асцитес, беше алкохоличар човекот секој ден си дрвеше по некое литро ракија и се разболе, мислам дека фати карцином на црниот дроб и за краток период целиот се стопи(инаку претходно беше карпа човек), целиот стана коска и кожа, но стомакот му беше огромен надуван како балон, одеше по болници да му ја вадат тоа течноста од стомакот, одеше и на хемотерапија, но не издржа ни цела една година човекот !