Апсолвентите на протест за ваучерите!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Сакав да кажам јавно да ги искажиме нашите барања. Се подржува и тоа што се прави на ФБ но без конкретни чекори и барања тешко се постигнува било што. Не зборувам само за ваучери, тука има многу работи за кои треба да се разговара.

Навистина каде се претседателите на студентските сојузи и не само на скопскиот, туку на битолскиот, тетовскиот и сите други универзитети во Македонија!? Па студентите не знаат ни како изгледаат,глас не им се слуша, а кога има избори сите молат за гласови. :tapp:
ок е тоа,но кај нас се се сведува на интернет.....
додека студирав(не беше одамна,минатата година дипломирав),јас и мојата генерација на некој начин се изгагавме и за ваучери(кои не беа предвидени според владината програма,за разлика од генерацијата пред нас)+ ни го зголемија на 250 евра, и земав студентски кредит(нешто што денес се шушка дека ќе се укине)..што значи ептен среќна генерација испаднавме

а за тоа бунењето,барање правдина,искажување на студентски права...со оглед на искуството,навистина не вреди,единствено ако не се прави радикално нешто:спиење пред влада/собрание,штрајк со глад,радикални протести-во стилот на грчките итн
е сега ќе ти кажам зашто:

1)скоро сите студенти и претседатели на факултети се припадници на некоја политичка партија(претежно таа што е на власт) и се ќе направат како ќе им каже партијата:tapp:

2)кога се планира некој студентски протест-90% од студентите не се замараат,кој дома си спие,кој се вади имам колоквиумска недела,кој тера скопска шема итн-да бараш изговор за да не издвоиш 2 саати за некој студентски протест е non sense:kesa:

3)кога сакаш да се буниш за некоја бирократска одлука(типичен пример уплатница за Сојузот на студенти за да запишеш година*),се оди во СС на тој факултет,и таму место топло добредојде,те пречекуваат со -ај не го тупи,прави како што прават сите,и кој си ти да се буниш

4)секоја одлука за бунење,протест итн произлегува од муабети по факултетите,бифеата,и кафулињата т.е.каде што сте собрани со колегите и расправате за факултетот(неговите позитивни и негативни страни),секогаш се наоѓа мнозинство кое обично ќе ти рече брат ШТО СЕ ЗАМАРАШ гледаш дека никој не се буни,ШТо сме ние црни овци да се буниме,знаеш дека ништо нема да постигнеме итн.....моралот за вредност кај 99% од студентите е НЕГАТИВЕН т.е. ПОД НУЛАТА

*ПА НЕЛИ СОЈУЗОТ Е "НЕЗАВИСЕН" од административните(бирократски) работи на факултетот
 
Едно нешто најважно што фали кај студентите е одлучноста да се направи нешто. Значи не се превзема иницијатива. Се додека седиме дома и пишуваме на вакви теми нема ништо да постигниме. Фалат луѓе во општеството кои треба да не водат во определена цел. Но,тоа потекнува од сите нас, потекнува од нашето воспитување.

Во Македонија младите гледаат секогаш да поминат по патот со помал отпор, пат во кој не се замараат со ништо и со никого. Како што велат и самите тие кулираат. Се додека постои ова, се додека си седиме на ушите нема ништо да се смени. И на 40 години чекаат проблемите да ги решаваат мама и тато. Сведок сум на доста вакви случаи.

Значи кога читаме дека ќе има протест треба да излеземе на протест, зошто има поважни работи од колоквиумската недела некогаш. Како што знаат студентите од Австрија да излезат на масовни протести и да си ги добијат правата што ги заслужуваат, така треба да знаеме и ние. Но денес родителите ги воспитуваат децата во стилот гледај си за себе, не за другите. Се додека се оди во овој стил џабе е се:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom