Анкети

  • Креатор на темата Креатор на темата SLaCk
  • Време на започнување Време на започнување

Дали им верувате на анкетите


  • Вкупно гласачи
    19
  • Гласањето е завршено на .

SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Дали им верувате на анкетите, односно колку мислите дека анкетите се вистински израз на јавното мислење? Ова со посебен акцент на анкетите за рејтинзите на политичките партии.

Власта подготвува демографски фалсификат Власта подготвува демографски фалсификат на изборите, обвини ВМРО-народна партија на вчерашната прес-конференција. Според Александар Георгиев, портпарол на партијата, станувало збор за скриен феномен, кој можел да предизвика сериозни последици по државноста на Македонија.

- Пак сме сведоци на анкети што наводно го мерат рејтингот на партиите. Во трите последни анкети, според рејтингот што им е препишан, албанските партии би освоиле 40 пратеници! Како е можно од сегашните 27 пратенички места, Албанците да освојат 40 на претстојните избори? Го прашуваме Бучковски дали подготвува тивко поттурнување и протнување на 40 Албанци во македонското собрание и дали е свесен колку е тоа опасно? Ова е сериозна индикација дека освен политичкиот, власта подготвува и демографски фалсификат на изборите - изјави Георгиев.

Тој се пожали дека анкетите имале цел и да ја изолираат ВМРО-НП.

- Анкетите за рејтингот на партиите што ги водел Љубчо Георгиевски отсекогаш биле тенденциозни и нереални. Последен пример се локалните избори, каде што стартувавме со 1 отсто, а на изборите добивме 11 отсто од гласовите - рече Георгиев.
 
Анкетите често пати знаат да го покажат само едниот дел од народот кој со своето мислење помага да се создаде позитивна слика за оној што ја спроведува. Најчесто, како анкетни истражувачи среќаваме луѓе кои работат во полза на некои влијателни личности или политички емисии и имаат за цел да му ја доловат на народот „вистинската” слика за политичката партија, политичкиот кандидат... Постојат и анкети од друг вид, т.е анкети кои се спроведуваат од страна на независни забавни емисии и кои имаат за цел да и го изнесат мислењето на народот на јавноста. На овој тип анкети (кои верувајте лесно се одделуваат од останатите) им верувам и ги ценам, за разлика од оние политичките или оние со маркетингски карактер.
 
Ма све си местат тоа кој ќе му ја каже на народот вистината,нема таков будала
 
Еј ова може да биде парадоксално затоа што и јас отворив анкета па ако испадне дека не им веруваме може и тоа да не е вистина -)
 
Ова не се однесуваше на твојата анкета, ниту на било која анкета која се спроведува на форумов бидејќи во нив не е вмешано политичкото тело, а немаат никаква допирна точка со маркетиншките пропаганди.
 
Не еве конкретно за оваа анкета овде колку е одраз на вистинското расположение на луѓето во Македонија? Дали може 1000 испитаници да се одраз на мислењето на 2.000.000 -)
 
Не, во никој случај. Но, никој нема пари, нерви, а пред се време да троши на тој аспект. Затоа, и се зема како примерок при анкетирање само дел од вкупното население. Но, 1000 испитаници е солидна бројка (доколку се избрани по случаен избор) и како таква може да се земе за важечка при анкетирањето.
 
Да да ок да не ја шириме анкетава е за актуелни анкети што се појавуваат на ТВ пред се политички.
 
ОК, иако темата е отворена за сите, јас ќе ја почитувам твојата одлука и ќе се воздржам од „оф топик” коментари.
 
Не. Не им верувам на `јавните` анкети,особено на политички изрежираните анкети кои го одразуваат `вистинското` мислење на народот. Абе ајде!
А извини, која тоа политичка партија не лажира анкети? Икоја тоа власт не пласира `најреални и најобјективни` резултати? Абе ајде!
 
Не им верувам воопшто ... ветар во магла се со еден збор. :kez:
 
Делумно, + зависи од што анкета, а ако станува збор за тие политичките Јасно и глсано ке казам НЕ!!!!!.
 
Не им верувам воопшто после нешто што видов на телевизија.ИМа анкета,не е битно за што е,понудени осговори,ДА,НЕ,НЕЗНАМ!!!
Се гласа на некој 0500 број!!!
Даваат резултати од анкетата и има 20 гласа за НЕЗНАМ!!!
Па добро бе,кој ќе се јави на 0500 за да каже НЕЗНАМ?!?!?!?!
 
Им верувам целосно на анкетите што се спроведуваат затоа што тоа се статистички податоци мора да се точни.
 
BusHav напиша:
Не им верувам воопшто после нешто што видов на телевизија.ИМа анкета,не е битно за што е,понудени осговори,ДА,НЕ,НЕЗНАМ!!!
Се гласа на некој 0500 број!!!
Даваат резултати од анкетата и има 20 гласа за НЕЗНАМ!!!
Па добро бе,кој ќе се јави на 0500 за да каже НЕЗНАМ?!?!?!?!

:pos: :pos: :pos: ни јас не им верувам ама баш ич. на никакви јавни анкети. а за ова незнам ме изнасмеа:kajg:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom