- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.169
- Поени од реакции
- 1.332
АНКЕТА НА НАЦИОНАЛНИОТ АРМИСКИ МУЗЕЈ ВО ЛОНДОН
Џорџ Вашингтон - најголем британски воен непријател
Вториот е Мајкл Колинс од ИРА, третиот Бонапарта, четвртиот Ромел, петтиот Ататурк...

Втор на листата на најголемите противници е Ирецот Мајкл Колинс, воен командант на Ирската републиканска армија (ИРА) за време на војната за независност на Ирска од британското владеење со островот. Трет е Наполеон Бонапарта, четврти германскиот нацистички фелдмаршал Ервин Ромел, голем противник на британската војска во борбите во северна Африка, додека на петтото место на најопасните се наоѓа турскиот војсководец и политичар Мустафа Кемал Ататурк поради неговата победа над Британците и сојузниците во Првата светска војна, во големата битка кај Галиполи на Дарданелите.
Листата од петте најголеми непријатели и противници е направена од дваесет воени команданти и воени лидери од 17 век до денешно време, што ги понудија за гласање кураторите на лондонскиот армиски музеј. Меѓу нив не се наоѓа Адолф Хитлер, затоа што експертите го третираа како политички, а не како воен лидер. Но, на листата се најдоа и неколку имиња од времето на колонијалните војни што ги има водено Велика Британија во минатото. Меѓу нив како најпознати се сметаат воениот водач на племето Зулу, Ка Маноле, кој со своите борци, вооружени со копја, ја совлада британската колонијална војска, како и Тигарот од Мистре, Индиецот Топу Султан, силен противник во времето на британската експанзија во Индија.
By George! U.S president Washington voted Britain's greatest enemy commander