Англиски компјутерски ситем на прегледување тестови

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.307
Системот, кој е еден од предлозите за онлајн прегледување на есеи, во говорот на Черчил го обележувал постојаното повторување на одделни зборови и фрази (на пример: “We shall fight on the beaches, we shall fight on the landing grounds, we shall fight in the fields, we shall fight in the hills.")

Грахам Херберт, заменик директор на образовниот институт појаснил дека треба да се има предвид дека делокругот на компјутерот е ограничен.

“Тој не може да се снајде со метафората и не ја разбира целта на говорот. Се обидовме и со пасус од Хемингвеј, но системот не можеше да го `разбере` фактот дека тој употребува суров стил и забележа дека Хемингвеј требало да пишува повнимателно и подетално. И тој доби оценка под просекот,“ изјавил Херберт.

Онлајн оценувањето на писмените трудови во Англија може да почне да се применува во наредните години. Во Америка овој систем веќе е во употреба и таму учениците се навикнале да пишуваат на стил кој што компјутерот го признава. Го викаат schmoozing the computer.

Бидејќи прашање на време е колку системов и кај нас ќе почне да се применува, дали мислите дека е ова убиство на образованието и уметноста, или само убиство на образованието? Можеби имате и друг став, бујрум...
 
Воопшто не ми се допаѓа начинот на кој се планира да се прегледуваат есеите.
Прво, не ми се допаѓа тоа што есејот треба да ти го прегледа машина која како што е кажано погоре има ограничен делокруг, а второ затоа што есеите не се оценуваат само според структурата на реченицата и бројот на зборовите, туку и според стилот и начинот на кој се напишани.
И да се подобри делокругот на компјутерот, нема да ми се допаѓа идејава.
Можеби е попкратично компјутер да ги прегледува есеите, меѓутоа така се губи многу од нивната значајност, се занемарува личниот стил на авторот и се ограничува творењето само на граматички и правописни грешки.
Лош принцип, како и да е.
 
Се согласувам со гладиус... ова е убиство повеќе за уметноста и креативноста, отколку убиство на образованието. Есејот се знае дека треба да биде огледало на креативноста на студентот/ученикот плус неговото знаење од областа на темата не која пишува... Се губи убавината на пишувањето, се губи и слободното течење на мисли, затоа што сега сите ќе бидат сконцентрирани на тоа “како да не ги зезне компјутерот“. Апсолутно против ваков начин на прегледување на есеите. Хемингвеј да ти каже дека со таков начин би поминал подпросечно... навистина нешто не е ок. Што би му рекле на Шекспир. Извини младиќу, падна. Better luck next time? :uvo:
 
Глупи енглези.....

Ако со програмата се прегледува само правописот и граматиката.....во ред

Но за оценка на еден состав (дело) е потребно многу повеќе...на кратко би рекол.....делото треба да се гледа како целина за да може да се донесе мислење за него...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom