Андроид 4.2

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
P

Princ

Гостин
Од вчера преку OTA е пуштена најновата верзија на Андроид, 4.2.
Некои од новостите кои ги носи оваа верзија се:

- Повеќе кориснички сметки
Сега Андроид овозможува да имате повеќе корисници со свои програми и свои подесувања.
multi-user.png


- Поддршка за Miracast.

- Нотификации со акции.
На пример имаш состанок или пропуштен повик, од самиот нотификациски панел можеш да превземеш акција.

- Виџети на примарниот (lockscreen) дисплеј.

- Photo Sphere камера.
Сликање во сите правци за слика од 360 степени.

И уште многу други работи...

Го пробавте, искуства да споделите?
Јас го инсталирав вчера и ми се допаѓа многу.
 
Пуштен е и на AOSP, значи наскоро ќе почнат да излегуваат андроид 4.2 ромови.
--- надополнето: 14 ноември 2012 во 18:16 ---
Инаку камерата ја пробав, си работи супер фотосфера модот, а тастатурата од 4.2 ја користам како примарна на 4.1.2 РОМ, најмногу ми се допаѓа новата swype функција, досега користев third party тастатура само поради тоа.
 
на кој телефони може да се инсталира?
Моментално само на нексусите, како и секогаш. За некое време ќе почнат да излегуваат ромови и за другите телефони на xda.
 
Ја тестирав 4.2 камерата,интересна е Sphere функцијата,но сега за сега си останувам на мојата Sense 4.5 JellyBean 4.1.1 камера.4.2 камерава ми дава 20 fps,а стандардната на One X-от 30 ко пушка,башка и ефектите на Sense-то се подобри.Може и не е за мојот телефон,ако некој има различно искуство нека сподели.Вака андроидов 4.2 ми изгледа убаво,но се дур не искочи Ром за One X,немам што да кажам,у секој случај неможе да биде ништо лошо :)
 
Моментално само на нексусите, како и секогаш. За некое време ќе почнат да излегуваат ромови и за другите телефони на xda.
GNex тука, иначе не ми дава апдејт сеуште. На сток yakju сум. Имав претходно франко кернел и мислам дека подобро ми работеше него со оригиналниов. Кога го земав беше yakjuxw, па го флешнав комплет yakju ама уште немам апдејт. Намерно не го рутирам и слично додека не добијам апдејт.
Иначе читам поделени мислења за тоа како работи 4.2. Дефинитивно не ми се свиѓа саатот на „лок скрин“ и виџети таму. Swype не користам, интересно е PhotoSphere, ама читам дека имале лагови луѓе на 4.2 во апликацијата за камера, и како се' се ротирало наместо само копчињата. Сеуште се мислам дали ќе го инсталирам кога ќе го добијам. Споделете некое искуство како работи кај вас.
 
Да се надоврзам. Google ми понуди 4.2 пред некој саат. Вечер ќе го инсталирам, па ќе споделам искуство. Искрено, прочитав некои работи кои се имплементирани што знам дека ќе ме нервираат, ама има и некои ок. Ме копка да го инсталирам, ако не, се враќам на 4.1.2, фантастичен е.

2012-11-26 21.16.30.png 2012-11-26 21.14.46.png

Galaxy Nexus користам.
 
Планирав да го рутирам телефонов но се откажав и денеска Google ми понуди update за 4.2.1. Одличен е, камерата е доста подобрена и има нова опција за панорама.

Sent from my Galaxy Nexus using Tapatalk 2
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom