Америка го штити Младиќ

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
Ново шокантно откритие за улогата на САД во ју-војната

Америка го штити Младиќ

Карл Билд: "Постоело масовно противење на апсењето кај целиот команден синџир на НАТО"

A5CD616C4BC1F24F8326BF5BC180D6F7.jpg
На Пентагон воопшто не му било важно да ги уапси обвинетите за воени злосторства на просторот на поранешна Југославија, дури, американската војска правела се да ги спречи и другите припадници на меѓународните сили во Босна да ги уапсат хашките бегалци, посебно Младиќ и Караџиќ. Ова шокантно откритие се наведува во извештајот "Соочување со југословенските контроверзи", пишуваат "Новости".
Извештајот е резултат на петгодишната истражувачка работа на американскиот професор Чарлс Ингар и околу 300 историчари, социолози и правници од просторите на поранешна Југославија, но и пошироко во светот, што ќе фрли целосно ново светло врз многу случувања на овие простори. Американските воени команданти активно ги спречувале напорите на Холанѓаните, Данците и другите структури на ИФОР да ги уапсат бегалците, наведува Ингар. Овие факти ги потврдија воените и цивилните претставници на неколку земји на НАТО, како и поранешниот шведски премиер Карл Билт, во тоа време висок меѓународен претставник за Босна. Тој рече дека "постоело масовно противење на апсењето кај целиот команден синџир на НАТО".
Во извештајот се тврди дека од крајот на февруари до почетокот на јули 1996 година, специјално оформен извидувачки одред, најмалку 20 пати го имал Младиќ буквално "на нишан" и оти тие го следеле во чекор многупати додека се движел на потегот меѓу Жепа, командниот штаб на 65. полк на Војската на РС и други локации околу Хан Пјесак. Во извештајот дури и се тврди дека овој американски вод во неколку наврати симулирал акција на "доброволно апсење" на Младиќ, но никогаш не ја увежбувале процедурата за евентуално насилно апсење.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D4F38CC40C078641ACD9E01E2207C963
 
американската политика е доста интересна..кога им требаш те користат(на пример ирак-иран војната америте финансираа и даваа сателитски снимки на ирански трупи) и не е само тој пример...па после кога нема да играш по нивна музика ти прават erase:toe:
 
американската политика е доста интересна..кога им требаш те користат(на пример ирак-иран војната америте финансираа и даваа сателитски снимки на ирански трупи) и не е само тој пример...па после кога нема да играш по нивна музика ти прават erase:toe:
Овде прашање е зошто им требал Младиќ?
Само по се изгледа одговорот ќе биде многу незгоден по некои.
 
може и они му помагале-ништо чудно...па сега им е страв:helou:
 
Во спој со ова и добива накоја логика штитењето




ЦИА застанува во одбрана на поранешниот прв југословенски удбаш


03.03stanisic1.jpg

Јовица Станишиќ, поранешниот прв човек на државната безбедност во СФРЈ и во СРЈ, за многумина главниот виновник за распадот на Југославија и крвавите војни, во 2005 бил ослободен привремено од Трибуналот во Хаг не само поради здравствената состојба, туку и поради три писма за негова поддршка, кои стигнале од државите САД, Велика Британија и Франција, објавува во своето денешно издание српскиот весник “Блиц“.

Во текстот се вели дека тогашната хашка обвинителка, Карла дел Понте, се обратила до американската влада барајќи објаснување зашто го штити Станишиќ. Според “Блиц“, како што пренесува Нетпрес, одговорот е:

“Писмото со поддршка не го упатила американската влада, туку една американска институција. Името на таа институција е ЦИА“.

Ова за српскиот весник го открила Флоренс Артман, поранешен портпарол на Хашкото обвинителство.

“Второто писмо го испратил лично Жосар Маркијаниј, бивш пратеник на Жак Ширак, кој со Станишиќ соработувал тесно во ослободувањето на француски пилоти. За третото писмо, пратено од Велика Британија, сеуште е мистерија, кој го адресирал. Во секое од тие писма биле силно фалени услугите на Станишиќ за време на војните во поранешна СФРЈ. Писмата биле упатени директно до Судскиот совет во Хаг, не и до обвинителството, а ги проследила одбраната. Артман верува дека доколку судењето на Станишиќ некогаш се одржи, бидејќи странски разузунувачки служби постојано го одлагаат, теоретски е многу веројатно луѓе од ЦИА да бидат повикани како сведоци во негова одбрана, било по писмен пат или пак со сведочење на затворени сесии. Со тие сведочења, во корист на Станишиќ, одбраната би можела, според Артман, да се обиде да ја намали висината на казната за поранешниот прв удбаш. Ако пак, наводите од обвинението бидат усвоени, тогаш за него следи максимална затвроска казна“, објаснува српскиот весник.

“Теоретски одбраната може да цитира такви луѓе и тоа може да има силно влијание на пресудата. Но, неговите односи со било која служба не можат да го спречат судењето. Во спротивно тоа би значело дека правдата не постои. Секако дека одбраната може да користи сведоци, кои би потврдиле дека во одреден временски период обвинетиот сторил позитивни работи, што може да бидат олеснителни околности за него, кои би можеле да му ја намалат казната. Така да одбраната секако дека има интерес да цитира такви луѓе“, рекла Артман за “Блиц“.

“Сите знаеја дека Станишиќ е личноста за контакт со ЦИА. Дека тој бил во котнатк со ЦИА потврдува и документ, писмо, кое е пратено до судскиот совет во Хаг, преку одбраната. Соопштувајќи ја одлуката за привремено ослободување на Станишиќ, судскиот совет спомена дека ги има тие документи. Инаку ние тоа го знаевме и сите тоа го знаеја. Весникот ’Њујорк тајмс’ тогаш објави дека ЦИА му пружи силна поддршка на Станишиќ, но не знаеја детали за неговиот однос со американската служба, какав тој бил, кога почнал и колку траел. Сега весникот ’ЛА Тајмс’, со помош на извор од ЦИА, ги објавува тие детали. Но, очигледно е дека се’, не е речено“, рекла Артман.

Таа објаснила дека контактите меѓу службите се вообичаени и дека нарочито во тоа време за странските служби, кои во единиците на ООН имале свои агенти, било неопходно да знаат то се случува. Од друга страна, навела Артман, Станишиќ имал и личен интерес да си го обезбеди својот грб и да се погрижи да создаде контакти, на кои може да смета за своја поддршка во иднина.

“Сепак, факт е дека Станишиќ му беше десна рака на Милошевиќ, своевремено. Дека лично организирал мрежа од три полициски специјални единици: аркановите ’Тигри“, “Црвените беретки’ и ’Шкорпионите’, кои беа директно под негова и под команда на тогашната Служба за државна безбедност. Тие единици беа означени како брзи, ефикасни и убиствени, со смртоносни, злосторнички и разурнувачки дејствија од Вуковар до Сребреница. ЦИА, поради некои соработки во минатото, сега се обидува да предочи дека во време на воените судири, тој сепак правел и позитивни и добри потези“, изјавила Артман.

Зоран Мијатовиќ, пишува “Блиц“, кој бил заменик директор на Државната безбедност и началник на нејзиниот белградски центар, од 1993 до 1998 година, негирал дека Станишиќ бил соработник на ЦИА. Мијатовиќ навел дека Станишиќ, во име на службата, водел меѓунаордна соработка со американската служба, како и со многу други странски служби.

“Соработка меѓу службите на ниво на институции не постои. Не станува збор за соработка на Станишиќ, туку за соработка меѓу две служби. Станишиќ, за време на таа соработка, само бил на чело на службата. Дел од тие работи за соработка, не ги обавуваше само тој, туку мал круг на припадници на нашата служба, задолжени за тие работи на меѓународна соработка“, изјавил Мијатовиќ за српскиот весник.

Посета во болницата во Хаг

Американскиот новинар Грег Милер, кој во својот текст во “ЛА Тајмс“ открил декаЈовица Станишиќ имал котнакти со ЦИА рекол дека оперативци на американската служба го посетиле некогашниот прв југословенски удбаш, во болницата во Хашкиот трибунал. Според него тие не комуницирале ској ден со Станишиќ, туку имале однос со него како кон “некој од своето минато, со кого одржуваат контакт“.

“Мотивацијата му била да дознае што всушност подготвуваат САД. Тој не сметаше дека Слободан Милошевиќ ја води земјата во вистински правец, па затоа сакаше да влијае на случувањата“, рекол Милер за балканската новинарска истражувачка мрежа БИРН.

Тој Станишиќ го опишал како некој, што себе си се видел како многу важна личност, која би можела да ги влече конците и тоа зад сцената и да влијае на случувањата во Белград.

“Станишиќ стана личност на која САД и велеле: Ако вашата влада го стори тоа и тоа, ние ќе одговориме на овој начин. Па, потоа тој се обидувал да издејствува тоа да не се случи. Тој стана, како што ми е речено, еден вид на агент од акција. Некој кој сакал да го слуша Западто, и да работи внатре во сопствената влада, за да би влијаел во избегнување на криза“, додал Милер.

Тој објаснил дека Станишиќ обезбедувал информации за тоа што се случувало во владата и тоа во време кога САД чезнееле за такви информации. Но, тој поставил и и одредени граници. Милер навел дека Станишиќ за тоа не бил платен, ниоту прифаќал задачи од ЦИА, туку дека информациите ги давал под свои услови.

http://www.time.mk/?slot=840&cluster=7-r&forward=http://www.taratur.com/node/8021&size=19
 
I posle se cudat lugje kako zavrshi za srbite vo hrvatska i vo kosovo i do nekade vo Bosna koga shefot na drzavnata bezbednost raboteshe na amerika i mu davashe informacija.
 
Кај беа да си го штитат Слобо?

За Младиќ мрсат муда.
 
Abe celata garnitura na poranesna Jugoslavija beja ciasi:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom