AMD со сериозни проблеми

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Произведителот на процесори AMD објавил големи загуби за минатиот финансиски квартал, поради што извршниот директор на компанијата Хектор Руиз, кој е на чело на AMD шест години, морал да замине.

Резултатите од вториот квартал јасно покажале дека AMD има сериозни проблеми. Загубата од 1.19 милијарди долари е двојно поголема во однос на 600-те милиони долари загуба во истиот период пред година дена. Прометот пораснал за 1.31 милијарди на 1.35 милијарди долари, но тој раст пропаднал според мислењата на експертите.

Најголемата загуба се појавила во одделот за производство на чипови за мобилни телефони и одделот за дигитална телевизија, така што AMD соопштил дека ќе ги продаде двата оддела.

Сето тоа резултирало со падот на акциите за 6.6 проценти, на 4.95 долари, но сепак пред крајот на тргувањето имало пораст до 5.30 долари. AMD му е сеуште голем конкурент на Intel и клучна компанија на IT пазарот, но после овие случувања неговата иднина е многу неизвесна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom