Amazon prime - стриминг услуга

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
10.798
Поени од реакции
4.998
Голема радост! Отсега и корисниците од Македонија можат истовремено со остатокот на светот да го следат The Grand Tour (новата емисија на поранешните водители на Top Gеar). Ова го овозможува глобалната достапност на услугата Amazon Prime Video. Официјално од денес Prime Video е достапен во над 200 држави ширум светот.



Платформата ќе овозможува следење на видео содржина. Дел од оваа содржина, како Кларксон и дечките од Top Gear, е достапна ексклузивно на Amazon Prime Video. Цената за претплата е речиси симболична. Во првите 6 месеци Prime Video е достапен за само 3 евра, а потoа претплатата е 6 евра.



„Возбудени сме да најавиме дека од денес целиот свет има пристап до Prime Video. Grand Tour и останатите Amazon Original Series како Transparent, Mozart in the Jungle и The Man in the High Castle, заедно со стотици холивудски филмови и ТВ серии сега се достапни за само 3 долари.“, вели Тим Лесли, заменик претседател на Prime Video.

Интересни функционалности за време на гледањето на серија или филм преку Amazon Prime Video е тоа што добивате комплетна интерактивност, па така додека го гледате новото шоу на Џереми Кларксон, може и да ја прочитате неговата биографија од IMDB со едноставен клик:



Со ова Prime станува и глобален конкурент на Netflix. Според првичната најава, Prime нема да ја локализира содржината по пазари, со што може да стане проблем за локалните станици. Корисниците секако ќе сакаат да следат актуелна и квалитетна содржина, наместо турски серии и репризи. Како ова ќе се одрази на пазарот во регионот и пред сѐ Македонија, особено во моментот кога и локалните провајдери играат на оваа карта со своите услуги како Vip Now на Vip и MaxTV Go на Телеком, засега е тешко да се претпостави, но времето ќе си го покаже своето…

Текст преземен од IT.mk
 
Член од
13 октомври 2016
Мислења
9
Поени од реакции
6
За македонски стандард, 6 евра месечно само за Prime е безобразно премногу. Во Британија е 6 фунти или една кутија цигари (60 денари ако споредуваме стандард).

Од друга страна, споредено со Netflix (7.49 фунти/два уреда/HD), Prime има сиромашна понуда и стари филмови. А тоа што е поново, е со страшно аматерски квалитет.

Да сум во Македонија, не би користел ништо друго освен ShowBox.
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
10.798
Поени од реакции
4.998
Да сум во Македонија, не би користел ништо друго освен ShowBox.
Најдобро е Popcorn Time, Stremio или Kodi затоа што и онака во Македонија нема забрана за пиратерија а не верувам дека во блиска иднина ќе има казнувања за симнување, делење пиратерија на интернет.

Секако убаво е да се гледа и легално но ја не би дал пари за такви услуги. Единствено за што имам е HBO пакет на Макс тв на кој добивам HBO GO кој го немам активирано.
 
Член од
13 октомври 2016
Мислења
9
Поени од реакции
6
ShowBox е легална апликација (за крајниот корисник).

Според Директивата за авторски права донесена од Европскиот Парламент (2001/29/EC), а потврдено со одлука на Европскиот суд на правдата во 2014 година:

...the copies on the user’s computer screen and the copies in the internet ‘cache’ of that computer’s hard disk, made by an end-user in the course of viewing a website, satisfy the conditions that those copies must be temporary, that they must be transient or incidental in nature and that they must constitute an integral and essential part of a technological process, as well as the conditions laid down in Article 5(5) of that directive, and that they may therefore be made without the authorisation of the copyright holders.
Според ова, стримањето видео содржина и симнувањето во кеш меморија на дела заштитени со авторски права е целосно легално, бидејќи претставува „времена копија“. Симнувањето и прикачувањето се нелегални.
 
Последно уредено:
Член од
7 април 2015
Мислења
1.412
Поени од реакции
733
Jas koristam pretplata na nekoj od cable provajderite od USA kako sto se Xfinity na Comcast, DirectTv, Time Warner i Verizon, so sto dobivam pristap do site televizii vo USA kako sto se HBO GO, Showtime, AMC, ESPN, Bein, FX, Starz i slicni. Eve primer na kanalite sto se dostapni https://tv.xfinity.com/ direktno na stranata i programi sto mozat da se gledaat so najava na webstranite i aplikaciite na televiziskite kanali. Loginot go dobiv od net, no moze da se dobie i ako imate nekoj poznat vo US. Sekako nedostatok e toa sto gi nema originalnite serii na Netflix, Amazon, Hulu i seriite koi se zastareni i se vo syndication odnosno se nudat po Netflix i ostanatite streaming provajderi.
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
10.798
Поени од реакции
4.998
Не знам колку тука во Македонија би се одлучиле да плаќаат 2-3 вакви услуги. Повеќето мислам дека се одлучуваат на еден па лошото е што си ограничен со сериите. Пример HBO GO ги нуди сериите само од нивна продукција, сигурно мислам дека така е и на Netflix, Amazone prime и ред други. Единствено мислам Pickbox не се ограничени со сериите па имаат од повеќе продукции но засега они се со мал број на наслови.

Покрај работата кој ја наведов и во предходниот пост погоре јас иако слабо гледам серии сепак ќе ја додадам и оваа работа за кој не би се одлуил за легално платено гледање видео содржини од интернет.
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.346
Поени од реакции
684
Јас редовно користам Pickbox. Би сакал зимава да пробам и Amazon Prime, па кажете искуства ако има некој корисник, што има, што може во мкд да се гледа, како сте задоволни ??

Netflix го користев паралелно 2-3 месеци есенва, ги изгледав скоро сите стенд ап комедии и стварно топ им се....ама сериите не се нешто wow и лошо е што немаш превод за разлика од Пикбокс каде сите им преведени на македонски.

Амазон Прајм мислам дека со тек на време ќе биде најдобар избор од американскиве сервиси и за многу брзо ќе се позиционираат рамо до рамо со Нетфликс, читав најави дека многу инвестиции ќе прават во контент годинава а знаејќи каква data имаат агрегирано од сите сервиси сигурнен сум дека со огромна сигурност можат да предвидат што ќе биде трендинг и заразно во претстојниот период :)
 
На врв Bottom