Aло - и во авион

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Европската комисија одобри употреба на мобилни телефони во авионите, а патниците ќе можат да го почувствуваат благодетот веќе од наредните недели.

За да се избегне попречувањето на управувањето, во авионите ќе се вградува систем кој ќе создава локална мрежа на која ќе се поврзуваат мобилните телефони на патниците. Мрежата преку сателитски систем ќе биде поврзана со предавателите на Земјата, а пилотот ќе има можност да ја исклучи кога тоа ќе биде неопходно, на пример при турбуленција за време на летот.

За почеток ќе се користи широкораспространетата мрежа GSM, додека комуникациските услуги од третата генерација како брз пренос на податоци нема да бидат достапни.

Некои компании како Ер Франс и претходно започнаа да одобруваат користење на мобилни телефони, но само во бизнис класата. Сега, поволноста ќе им биде достапна на сите патници, а познатата реченица "ве молиме да ги исклучите мобилните телефони" ќе отиде во историјата.
 
баш фино, иако мислам дека не е безбедно на некој начин но сепак може да се најде во некои небезбедни случаеви мобилниот и тоа доста добро.
да се надеваме и вифи конекции дека ќе стават во авионите :D:D:D

само мал проблем би имало, колку ќе биде покриеноста со мрежата и стабилноста на таа висина и со таа брзина?
 
ЗШ?

:nesvest:Абе зошто ни се избришани постовите???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom