Александра Пилева и Електрични оргазам со бесплатен концерт на скопско Кале-10 јуни

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Македонската рокерка Александра Пилева, заедно со своите гости од Србија, членовите на „Електрични оргазам“, утревечер на скопската тврдина Кале ќе пее во чест на почетокот на училишниот распуст и ќе го прослави својот 29. роденден. Пилева вели дека концертот е најубавиот подарок што некогаш можела да си го посака и да го добие.

- Првично концертот беше планиран за декември, но добивме одлична идеја од организаторите „Баги комуникации“ да направиме рок-концерт на отворено на тврдината Кале. Како датум беше предложен 10 јуни, среда, среќен ден и мој роденден. Најголема желба за роденденски подарок е концерт. Исто така, датумот се поклопи и со 10 јуни, крајот на школската година и самиот настан доби едно пошироко општествено-социјално значење - смета Пилева.Открива дека на концертот ќе ја видиме во стандардно издание во кое сме навикнати да ја гледаме. Разиграна, весела, полна со позитивна енергија со придружниот бенд „Мајка“, ќе ги изведе своите хит-песни и други познати рефрени. Репертоарот е полн со изненадувања и свежина. Тука се моите теми, но има и некои нови аранжмани. Не сакам многу да откривам, тоа ќе го оставам како изненадување за тие што ќе дојдат на забавата.

НАСТАП СО ОМИЛЕНАТА ГРУПА

Групата „Електрични оргазам“ ќе биде специјален гостин на концертот. Пилева сакала да повика реномиран бенд што одговара на нејзиниот стил. Сакав да одбереме група што оставила печат со својата музичка кариера. „Електрични оргазам“ се вистинските гости за мојот концерт затоа што нивната музика „живее“ веќе неколку децении во рок-светот. Тие се пример за добар звук во живо и за квалитетен настап - истакнува пејачката. Пилева би сакала со текот на времето и нејзината музика да се пее и да се слуша како нивните хитови „Игра рок’нрол цела Југославија“, „Бејбе ти ниси ту“, „Дебела девојка“, „Златни папагај“, „Како Бубањ каже“. На македонската рокерка, „Електрични оргазам“ и е омилена група уште од детството. Освен таа група, како свои фаворити ги наведува и ЕКВ, „Азра“ и „Психомодо поп“.

0E97B470E3E8114B975AF67F74F95184.jpg



Поддршка за младите групи

Покрај легендарната група „Електрични оргазам“, утревечер на Кале своја изведба ќе има и младата рок-група „Ноиз“, која триумфира на „Рок-фест“. „Ноиз“ е одличен бенд. Нивниот стил на музика одлично се вклопува во мојата изведба, а ме радува што се многу популарни кај младите и имаат голем придонес во промоцијата на рок-звукот. Другите учесници се дел од изненадувањето и да ги оставаме за концертот, можам само да кажам дека со нивното учество настанот ќе добие оригиналност во сценскиот и во уметничкиот дел - вели Пилева.


Дневник

и бидејќи во текстот на Дневник пишува се освен дека е бесплатен...

"Чест ми е што можам да настапам со такви легенди. Влезот за концертот е бесплатен, а поканети се сите кои сакаат добра журка. Концертот е подарок за сите кои ја сакаат мојата музика", додаде Пилева на вчерашната прес-конференција.

Вечер
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom