Aјде за оние шо се по македонскиот јазик како предмет?

Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Не знаев дали тука да ја ставам или во образование али нема врска.Ако може да ми помогнете со книгиве за читање од трета година гимназија.Ја барав низ библиотекиве во градов ама ништо.Ја имам за читање СТРАНСТВУВАЊЕТО НА ЧАИЛД ХАРОЛД од Бајрон.Па ако знае некој некоја страница или ако има свои белешки нека ми пиши или тука или по пп.Ќе му бидам благодарен.
 
Хмм ќе ти помогнам од она што се сеќавам, дека гимназија учев јазично :)

Памтам дека Џорџ Гордон Бајрон во оваа новела се отсликал самиот себеси во ликот на Чајлд Харолд, лик кој не бил задоволен од животот во Англија во тогашното време и решил да отиде на патување низ светот. Велиме дека се отсликал бидејќи Џорџ Гордон Бајрон како личност бил чуден со неговите постапки и осудуван од англиското општество, мислам дека чувал тигар окован во подрумот, бил поранешен аристократ но го изгубил богатството и бил алкохоличар, имал врска со братучетка ама за ова не ме фаќај за збор, само знам дека бил осудуван од општеството.

Чајлд Харолд патува низ многу земји, од кои Португалија, Шпанија, Грција и Албанија и се разочарува како таму народот страда од војните кои носат само лоши работи како глад, сиромаштија и болести и му се јавува бунт бидејќи немало тогаш истакнати луѓе кои би се покренале да ги заштитуваат своите градови. Оваа поема му е незавршена бидејќи умрел во грција сред некоја војна таму, борејќи се за слобода.

Се надевам дека помогнав колку толку, ако ми текне уште нешто ќе допишам :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom