AlternativeF
госпожата од втори
- Член од
- 1 мај 2006
- Мислења
- 4.830
- Поени од реакции
- 7.575
AirFryer е релативно нова технологија за готвење на храната која користи врел воздух наместо зејтин, за готвење на оброците кои вообичаено се припремаат во обична фритеза. Со циркулација на воздух загреан и до 200 степени околу храната како што е помфрит, пилешко, риба, во овие "воздушни" фритези може да се зготват со ист вкус како во обична, а со 80% помалку зејтин што ги прави многу поздрави.
Кај нас има достапни модели од Тефал и од Philips. Денес земав ваков модел од Philips, на интернет наидов само на позитивни мислења, а и продавачката го испофали, па ќе видиме како ќе се покаже.
Има ли некој од вас користено ваков тип на фритеза? За што најмногу ја користите?
Барав рецепти на интернет, ама нема многу, па би било супер ако имате да споделите некој (надвор од тие што ги има во книгата со рецепти што доаѓа со апаратот).