AIESEC програмата за размена на студенти

Член од
30 август 2011
Мислења
87
Поени од реакции
41
Возраст
32
Локација
Скопје, Центар
Здраво Кајгана форумџии!

Денеска на факултет ( инаку сум 1ва година студент на Економски ) имаше некоја промоција со флаери на горенаведената програма. Сум слушнал во повеќе наврати за оваа размена на студенти но никогаш досега не сум имал шанса да аплицирам за вакво нешто, прво и прво заради тоа што дури сега сум конечно студент, второ заради тоа што не сум информиран доволно.

Е сега, моето прашање до вас и она за што ми треба помош е следно:
- Кои ми се шансите да аплицирам и баш јас да бидам одбран?
- Кои се трошоците?
- Дали тоа што сум бруцош ќе претставува некаков проблем?
- Има две опции за апликација - Волонтерска и Професионална. Што би ми било попаметно и подобро и зошто?
- Ако сте имале некое искуство со оваа или вакви слични програми или пак познавате некој што го искусил сето ова, би ве замолил да добијам што е можно повеќе одговори.

Однапред благодарам.
 
Немам ни јас никакво искуство и јас се пријавив онлајн. на 27 во вторник во 18ч мислам дека има прв состанок. Станува збор за невладина организација, каде што се работи на разни проекти од разни области што верувам дека ќе ти бидат од корист понатака... Бесплатно е, а знаењето, искуството, размената на контакт се бесценети.
Така да пополни формулар пријави се, нема да те кошта ништо, а вреди да се види... истото ќе го направам и јас :) поздрав:)
 
темниот крал е тука да ви одговори на сите ваши барања :P
Колку што знам тој е еден од главните за AIESEC..
може сум грешка

инаку од мое искуство лани не ми се допадна првиот состанок и не продолжив. Има доста голем избор за вакви организации.
 
темниот крал е тука да ви одговори на сите ваши барања :P
Колку што знам тој е еден од главните за AIESEC..
може сум грешка

инаку од мое искуство лани не ми се допадна првиот состанок и не продолжив. Има доста голем избор за вакви организации.

Не сум главен, туку поранешен член. Ама знам информации.

Вака. Мислам дека сега трае конкурсот за прием за нови членови (регрутација) во AISEC а не за апликации за праксите, но подобро е да се провери тоа. За праксите иде вака. Си има денови (состаноци) каде што се објаснува се убаво за праксите. Потоа имаш нешто како проверка зашто, како, кога и дали си компетентен за праксата. А потоа ако сметаат дека си компетентен за пракса, влагаш во системот и се бара пракса за тебе. Си имаш повеќе врсти за пракси али најчести се тие волонтерските, како што викате, каде што одиш и работиш на проект. Патот го плаќаш ти а смештајот и храната таму ти е платено. Најчесто се работи за пракси каде што има едукација на деца, луѓе, некои проекти како еманципација на групи ова она. За платените пракси (кои траат подолго од 3 месеци и добиваш плата) треба да имаш завршено факултет и соодветна диплома за таа пракса. Најкратко речено, од AISEC праксите не е да работиш и да заработиш пари туку да добиеш интернационално искуство во работење на проект со интернационална група и добиваше на контакти со луѓе од цел свет кое понатаму во животот ќе ти биде и тоа како потребно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom