Агенцијата за вработување промовира веб портал

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПРОМОВИРА ВЕБ ПОРТАЛ [13.04.2007]
УСАИД досега има инвестирано повеќе од 450 милиони долари во Македонија. Во моментов, во фаза на имплементација се над 25 проекти вредни повеќе од 25 милиони долари. Проектите се за забрзување на економскиот раст, развојот на демократските институции и пораст на граѓанската свест за модерната економија. Еден таков проект е новата веб страница на Агенцијата за вработување. Традиционалниот начин за посредување при вработување премина во електронски. Преку веб страницата www.zvrm.gov.mk, на побрз, полесен и поефтин начин ќе се поврзат работодавачите и невработените лица.
- За сите оние граѓани, односно работодавачи и невработени лица, кои нмаат сопствен пристап до интернет, порталот ќе им биде достапен преку работните клубови во центрите за вработување на територијата на Република Македонија - изјави директорот на Агенцијата за вработување на Македонија, Стојче Тапанџиоски.
Работоспособните граѓани ќе можат да оставаат своја биографија на вебстраната, а работодавачите наскоро ќе можат пријавувањето и одјавувањето на работниците да го вршат по електронски пат.
- Новата веб страница има огласи за обуки и преквалификација. Исто така, има информации за самовработување и започнување бизнис. Но, пред се, таа е дизајнирана за да им помогне на луѓето да најдат работа - изјави Патриција Рајдер од УСАИД.
Бројот на невработени граѓани во февруари оваа година изнесувал нешто над 372 000, а од нив околу 76 000 се изјасниле дека се пријавуваат како невработени само заради здравственото осигурување.
 
За сајтот, најповеќе личи на :tapp: .... а самата агенција е :drk:

BTW, по воведување на претплата за ТЕНДЕРНИК, како замена може да се проба najdirabota.com.mk
 
Gorco напиша:
За сајтот, најповеќе личи на :tapp: .... а самата агенција е :drk:

BTW, по воведување на претплата за ТЕНДЕРНИК, како замена може да се проба najdirabota.com.mk

Бев на сајтот откако го најдов ова како вест на денот, арно ама, на сајтот нема ниту еден активен оглас за вработување. Бев и уште сум изненаден.:toe:
 
mettalhammer напиша:
Бев на сајтот откако го најдов ова како вест на денот, арно ама, на сајтот нема ниту еден активен оглас за вработување. Бев и уште сум изненаден.:toe:
Кој сајт?
Ако е the 2nd, тогаш активни огласи се овдека,
 
Gorco ...fala za informacijata okolu toj TENDERNIK , od sabajlevo mi go razubavi denot........NE SUM SRETNAL DO SEGA VO MKD poglupava idea:):), a sum imal i sum sretnal mnoooogu takvi, mnoogu glupavi :):)!!!
Sto vsusnost prodavaat za parite ?????
 
Убаво е да има повеќе агенции за посредување при вработување,но сегашниве незнам колку се ефикасни.Ако имаш високо образование од насока која на пазарот за труд е новина,никој не те вика ни на интервју.Оние што треба да те вработат,се преполни од непотизам,мито и корупција.Со еден збор,немаш никакви шанси да влезеш на работа онаму каде си стручен.Но бидејќи образовната програма на факултетите кај нас се разликува (кај економските насоки) само по 3-4 различни испити,а другото е комбинација од други насоки,постои можност упорно да си конкурираш во овие агенции во областа Економија (многу широк поим,но кај нас нема врска,се исто им е).
И како што се гледа од огласите,се бараат келнери,кувари,хигиеничари,и она што ми е најсмешно се бараат директори,како да не се знае кој ќе биде.
 
concrete напиша:
Gorco ...fala za informacijata okolu toj TENDERNIK , od sabajlevo mi go razubavi denot........NE SUM SRETNAL DO SEGA VO MKD poglupava idea:):), a sum imal i sum sretnal mnoooogu takvi, mnoogu glupavi :):)!!!
Sto vsusnost prodavaat za parite ?????
Што'м у старт велиш дека е глупава идеја, зошто да ти објаснувам? Ти пишува на сајтот што треба да направиш за да дознаеш :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom