Идеја за бизнис на долгорочен план

  • Креатор на темата Креатор на темата ruller
  • Време на започнување Време на започнување

ruller

Expert
Член од
5 септември 2011
Мислења
538
Поени од реакции
369
Локација
Битола
Пребарувајќи по форумот не наидов на ваква тема, може грешам Бога душа :ban:

Значи, секоја идеја е добредојдена. Сите идеме на т.н. брзи пари, а никој не сака да се проба на долги патеки. Еве јас сакам да вложам 500-1000 евра во нешто па да видам каде ќе ме однесе. Не велам да станам милионер, туку едноставно да имам некои плус приходи покрај стандардната работа.

Еве еден пример:
 
Со 500-1000 евра не правиш ништо.
 
Самиот најдобро знаеш во што си добар, што сакаш да работиш, и какви услови имаш. Ако чекаш некој од страна да ти даде идеја, подоцна ќе чекаш некој и да ти ја заврши работата. Без сопствена идеја, проценка и промисленост, не почнувај бизнис!
Ако немаш идеи тогаш почни да читаш, да се едуцираш додека не добиеш некоја.
Добрите бизнис идеи најчесто се чуваат за себе како деловни тајни.
 
Последно уредено:
Со 500-1000 евра не правиш ништо.
Ти така мислиш. Имам другар печати маици веќе 4та година со сито. Па можам да ти кажам дека солидно заработува како дополнителен приход, со оглед на тоа шо работи комерцијалист во една позната фирма како стандардна работа.
 
Пребарувајќи по форумот не наидов на ваква тема, може грешам Бога душа :ban:Значи, секоја идеја е добредојдена. Сите идеме на т.н. брзи пари, а никој не сака да се проба на долги патеки. Еве јас сакам да вложам 500-1000 евра во нешто па да видам каде ќе ме однесе. Не велам да станам милионер, туку едноставно да имам некои плус приходи покрај стандардната работа.

Еве еден пример:
...за таков долгорочен бизнис, конкретно еве одгледување на лешници, треба да имаш и искуство, земја, работници, па и добра парична основа...а што ќе ти е, кога ќе дувне ветер, ќе заврне дожд ќе направи таква поплава и све ќе ти отиде џабе!
...со тие пари што ги имаш, единствено купи-препродај, ќе се избориш да најдеш артикли испод пазарна цена и како трговачки патник ќе ги посетуваш на лице место твоите купувачи, нудејќи и продавјаќи на лице место вон работно време од твојата стандардна работа! :)
 
Ти така мислиш. Имам другар печати маици веќе 4та година со сито. Па можам да ти кажам дека солидно заработува како дополнителен приход, со оглед на тоа шо работи комерцијалист во една позната фирма како стандардна работа.
Нека го стегнат да отвори фирма, па простор за фирмата, па вработен, па возило ќе видиме колку ќе заработува.
Тоа што го прави е веројатно некоја форма на „сива економија“, ако подмириш се што треба 1000 евра само за документација и прва плата на вработен нема да ти стигнат.[DOUBLEPOST=1543257557][/DOUBLEPOST]
...за таков долгорочен бизнис, конкретно еве одгледување на лешници, треба да имаш и искуство, земја, работници, па и добра парична основа...а што ќе ти е, кога ќе дувне ветер, ќе заврне дожд ќе направи таква поплава и све ќе ти отиде џабе!
...со тие пари што ги имаш, единствено купи-препродај, ќе се избориш да најдеш артикли испод пазарна цена и како трговачки патник ќе ги посетуваш на лице место твоите купувачи, нудејќи и продавјаќи на лице место вон работно време од твојата стандардна работа! :)
Какви лешници, 3 евра садник е да го купиш, 1000 денари е орање од декар (1-2 пати годишно), плус ѓубрива, хербициди, па систем за наводнување, па да плати за наводнувањето, земја под кирија ако немаш твоја земја и ќе земе прв пат пари по 3 години, првите 2 години нема ни за дома да набери. За лешници или да имаш твоја земја и механизација, или пак да имаш барем 10 000 евра за инвестиција во нешто што ќе ти враќа пари после 5 години, да не ти седат парите во банка да ги инвестираш во лешници, гоџи, бадем, пауловнија...
 
Па ако одиш преку фирма,нормално дека не стигаат, со 500-1000е освен на црно од дома, друг избор и немаш. Треба нешто да ти фали со тие пари да поднесеш барање за фирма. А тоа дека ќе го стегнат, многу тешко.
Значи остануваме истата вукојебина, корупцијата и митото се на исто ниво, правото не постои, а еве и економијата и даноците не се задолжителни. По логикава испаѓа ние што плаќаме даноци во државава дека сме ретардирани?
 
По логикава испаѓа ние што плаќаме даноци во државава дека сме ретардирани?
Ако планираш да се шириш и сериозно да заработуваш секако дека тоа е неизбежно.
 
Последно уредено:
Какви лешници, 3 евра садник е да го купиш, 1000 денари е орање од декар (1-2 пати годишно), плус ѓубрива, хербициди, па систем за наводнување, па да плати за наводнувањето, земја под кирија ако немаш твоја земја и ќе земе прв пат пари по 3 години, првите 2 години нема ни за дома да набери. За лешници или да имаш твоја земја и механизација, или пак да имаш барем 10 000 евра за инвестиција во нешто што ќе ти враќа пари после 5 години, да не ти седат парите во банка да ги инвестираш во лешници, гоџи, бадем, пауловнија...
... ама и јас сум на иста бранова должина со тебе, тој сам си поставил видео со таков предлог со лешници! :)
 
Пак ќе напоменам: Не е целта да се збогати човек, туку да ја врти парата со извесен профит од година во година. Можеби беше лош примерот со лешниците бидејќи немам ни земја ни механизација за тоа, но си реков може ќе испадне некојси брејнсторминг од него.
 
Seriozno razmisluvas da vrtis para so vlog od 500 - 1000 evra? A da si kupis nekoj alat ako te biva za nesto onaka kolku za hobi da tepas vreme pa ako ispadni nesto od strana arno ako ne ne, ni jadi ni pija. Barem alatot, opremata ke ti ostani. Pa i nesto za doma da si sredis ili dopravis mozes da go racunas kako obrt na pari posto ne si gi dal po majstori.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom