Ова ретко од кого ќе чуеш и ќе разбереш.ЕВЕ ВАКА.
Скоро сите трговци на текстил и обувки купуваат роба од тука.Никој не оди повеќе во Илиенци или Истамбул,каде и јас сум одел по роба со години.Ама тогаш беше исплатливо таму доста поевтино од овде.
Сега сите тезгари и море бутици земаат-купуваат роба од Бит пазар поточно Дуќанџик.
Тоа ти е од полициската станица право кон југ па потоа горе се дели лево и десно.
Има и дуќани ама има и стоковни куќи со секаква роба.
Текстил по цела улица, не се веднаш затрчувај,има цена на парче и има цена на више. Цена на више значи купуваш цела паковка од тој артикал,тренерки,хеланки,гаќи или чорапи и се по 6 или 12 парчиња.
Квалитетот е добар нема тука превара,потоа ги продаваш и додаваш минимум + 50% но се достига и дупла цена од купеното тука.
На пример купено 100 денари многу лесно оди 150 ама и 200 денари.
Има и улици-дуќани само со обувки и патики и влечки. Е тука некој производи мора да се купат во пакет од 36 до 41 бр. па така да најмалиот број понекогаш останува подолго.Но може да се купат и само по број повеќе пара-артикли.
Цените се скоро исти во цела таа чаршија НА ВИШЕ со можеби мала разлика од 10 денари од пакет.
Има добри дуќани таму и со бижутерија и играчки.
Па со среќа.