Кои македонски производи се неприкосновени?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Значи, кои македонски производи ги купувате затоа што сметате дека ниту еден странски од тој тип не може да им конкурира при вашиот избор?

На пример, секогаш купувам кечап на "Македонија" од Неготино, затоа што мислам дека каков и да купам друг, ќе биде гаден во споредба со него.

На "Скопското" можат да му се фатат сите останати пива, и Амстел, и Хајнекен и Бад...Скопско си е скопско, се друго е вода со мирис на пиво.

Смоките на Витаминка се најдобри. Ниту едни други не се ни одблизу како нив.

Крем бананите на Европа. Оние на Свис Лион и на Соко Штарк се бљак.
 
Атлантис бонбони од Витаминка.Ммммммммммммммммм...може ќе ми прати мама по некој...
 
аууууууу....и неготинска ж'та
 
Скопско пиво
Стоби флипс смоки
 
Ниедна мортадела не ми била повкусна од Светиниколската.
Скопското е уникатно и незаменливо.
 
Битолска млекара, соковите.
Крушевскиот локум со ореви, галичко сирење, кој знае дал ги патентираа. И беровско сирење.
Неготинска алва.
Кафетин.
 
Eурокремот од Агроплод и дефинитивно-Ресана!:)
 
Скулгрл напиша:
Eурокремот од Агроплод и дефинитивно-Ресана!:)

Да, да за еурокремот-дефинитивно никаде немам јадено поубав!
Исто и со смоките на Витаминка, па чичкоми кога ќе ми донеси топли мх мх мх!!!!
Исто и кечапот на Витаминка, мислам дека нема подобар, најубав ми е! Друго не ми текнува али сигурно има!
 
Еурокремот на Агрополд во последно време (откако Свислион го купи Агроплод) е тиња. Го изгуби квалитетот.

ПрИтИ_гРл напиша:
Исто и кечапот на Витаминка, мислам дека нема подобар, најубав ми е!
Кечапот на Витаминка е премногу кисел. На Македонија од Неготино е каде каде повкусен. Поблаг, погуст...
 
Е да, и јас имам заприметено, али мислев таква им е пратката! Но некогаш т.е скоро секогаш се добри!

Едит-за кечапот- не знам за кој зборуваш, бидејки ги знам само по амбалажа, а и немам пробано друг т.е немам купено друг освен од Витаминка.
 
Мистичен напиша:
Еурокремот на Агрополд во последно време (откако Свислион го купи Агроплод) е тиња. Го изгуби квалитетот.
Не си го пробал црниот течен крем, затоа.:wink:
 
скопско,кремот од агроплод,крем бананите,ресана,пелистерка & стоби флипс
 
Скопско дефинитивно. На пример во споредба со Beck's е неколку класи погоре, барем за мој вкус.
 
Да не заборавиме Мариовско биено сирење ама младо, па тоа послатко нешто нема. Може да се најде на пазарот во Прилеп.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom