Отворен бар=вработените се лица со попреченост

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
/www.facebook.com/RadioMOF/videos/vb.130871326982731/2549436751684
Во ГТЦ е отворен бар каде вработените се лица со попреченост.
Добра идеја што некој помислил и на овие лица.
Што мислите вие за ова.(прашање како од утринска программа на ТВ.)
Јас мислам кога државата дигнала раце од овие лица еве некоја добра душа мисли за нив.
Кога и за бездомниците вака слично би се постапило,има и меѓу нив што би сакале да работат.
Погледајте,прочитајте слушнете ова е стварност.
 
Хумана постапка од сопственикот на барот. Плус, добар начин за fend off на инспекции.
 
Последно уредено:
Вчера видов еден оглас дека кафич во Лептокарија отвара работно место за вакви лица. Се надевам дека не е само за глумење, туку ќе ги третираат трпеливо и добро и газдите и гостите.

Screenshot_20181108-215710_Facebook.jpg
 
Алфи од Куманово веќе неколку години вработува лица со инвалидитет и попреченост. Знам и дека добиваат субвенции за вработување на такви лица.

Се надевам дека газдите ке имаат трпеливост. Храбар потег е, зашто премногу клиенти нема да имаат трпение за ваквите лица.
 
Алфи од Куманово веќе неколку години вработува лица со инвалидитет и попреченост. Знам и дека добиваат субвенции за вработување на такви лица.

Се надевам дека газдите ке имаат трпеливост. Храбар потег е, зашто премногу клиенти нема да имаат трпение за ваквите лица.
Многу фирми за производство вработуваат лица со попреченост ради бенефициите кои ги исплаќа државата, практично се државно вработени.

За овие во кафичот се надевам нема да ги третираат како атракција.
 
Не мора да значи дека ќе бидат келнери што се во директен контакт. Мислам дека имам читано на некој сајт или сум гледал на тв, дека во хотел/одморалиште Андон Дуков во Охрид, Даљан, работат лица со оштетен слух или други попречености. Работат на сите работни места во хотелот, а мислам дека сопственик е жена од странство. Сеа, каква и е идејата на нејзе не знам, ама целата приказна изгледаше многу коректно. Тие си имаа свој начин на комуникација при пренесување на нарачките исл. меѓутоа се' тоа си функционира како што треба.
Се надевам дека луѓево ќе станат потолерантни, не само кон вакви луѓе, туку и општо, пошо често има сцени низ градов како пи*дат од нервоза во маркет, се расправаат со продавачи, келнери исл.
 
Браво за потегот, а да не биде вработување само поради парите што ќе ги земаат од државата и со тоа да си направат реклама и да не ги искористуваат и третираат како робови. Познавајќи какви се големи се шансите прoсечен македонски гостин да гo избегнувa местoтo поради овие лица. Имав читано некаде за девојче со Дaунoв вработена нa кaсa вo aптекa и гoлем дел oд луѓетo јa избегнувaле.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Браво. Секој треба да има право на живот и леб
 
Браво за потегот, а да не биде вработување само поради парите што ќе ги земаат од државата и со тоа да си направат реклама и да не ги искористуваат и третираат како робови.
Не бе, државните пари немаат ништо врска со ова. Кога ќе се вработат монголоидите, ќе ја кренат северномаќедонската продуктивност барем за еден хромозом плус, пари ќе течат од сите страни.

Бааѓи перверзно е при 35% невработеност да пробаш да ги турнеш најмалку работоспособните на пазарот на трут.
 
Има посебен закон за вработување на инвалидни лица. Накратко фирмата се ослободува од данок на добивка, а инвалидните лица и останатите вработени се ослободуваат од персоналец и сите задолжителни придонеси на плата.
Услов е фирмата да има најмалку 10 вработени од кои најмалку 40% треба да бидат инвалидни лица. Сите треба да бидат вработени на неопределено работно време.
 
Убава идеја. Се надевам ќе заживее во ова наше општество каде не сме познати по толеранцијата. Тука најмногу се надевам дека овие лица нема да бидат предмет на навреди од некои тешки говеда и „фраери“.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom