За сите почетници

  • Креатор на темата Креатор на темата FLiX
  • Време на започнување Време на започнување
Пејсажи


„Најпредизвикувачки од сите фотографски жанрови е да се сними драмата на природниот пејсаж”
Како основна композициска инструкција на која се базираат повеќето пејсажи секако е „античкото” правило на третини. Да се потсетиме дека оваа теорија бара сликата да биде поделена на девет еднакви полиња со по три невидливи, хоризонтални и вертикални линии., при што, се додека објектите на сликата се распоредени во полињата или пресечните точки, обезбедуваат основно естетско ниво. Ова не значи дека треба да „збиеме” што е можно повеќе елементи или објекти на сликата, туку внимателно да ги реаспоредиме според невидливите линии.
Природната светлина и точката на набљудување ретко кога овозможуваат да „собереме” во фотоапаратот простор поголем од неколку километри, но отворениот простор и разноличните шари на почвата можат да бидат искомбинирани во убавиот ефект на „виста” пејсажите.
Овие слики се добиваат кога две или повеќе паралелни линии се спојуваат во една точка на хоризонтот и прават единствен ефект и чувство на длабочина водејќи го окото од предниот план кон позадината. Прегледот на поголемиот дел од фотографиите не трае повеќе од еден дел од секундата, така што секој елемент кој ќе го задржи окото на гледачот на фотографијата подолго, е добредојден.
Современите автофокуси не се во состојба да функционираат во услови на слабо осветлени големи и рамни површини. Овој проблем се решава така што се фокусира на некој слично оддалечен објект, се притиска копчето АФ лоцк, кое ќе го „запомни” фокусот и ќе овозможи да се рекомпонира сликата и сними покреативна сцена. Сличен проблем може да се појави доколку има неколку објекти на различно растојание од фотографот но на привидно мало растојание едни од други, доколку проблемите со автофокусот продолжат, преминете на рачно фокусирање.
Вредноста на блендата при снимањето на пејсажи влијае на количеството на детали кои ќе влезат во фотографијата, Објективот пропушта најмногу детали (разделна способност) кога блендата е поставена на вредноста која е во средината на распонот. На пример објектив кој има распон на бленди од ф/2,8 до ф/22 ќе даде најостра слика, (и покрај полето на длабинска острина) кога е поставен на бленда ф/8.
 
Е па ај и јас да се уклучам во дискусијата. Според мене ако аматер земи профи или полу профи апарат ќе се чуди како теле во шарена врата. Има еден тон опци од кои почетникот ќе нема појма зошто се или ќе му се иклучи на грешка и после ке пцуе по тој шо му го продаде дека нечини апаратот. Така да за почетници е многу подобро аматерски апарат , шо викам пуштај го и само чкрапај, вади фотки. Ем ке си биди задоволен ем ке си има поке пари во џебот :)
Tuka si skroz vo pravo. Se doi o dpoprosto kon poslozeno. Mraam bugatini koi nemaat vrska so mozokot a imaat aparatyi od po 1500E, a ne znaat so e DSL kamera.
 
Please dali moze da mi dade nekoj link so torrent od Photoshop, slucajno go izbrisav a go nemam na cd?
 
Еве и од мене некои совети: тука :helou:
 
Имам мал проблем. Купив digital camera fujifilm j110w. Не ја препознава мемориската картичка. Прочитав дека можело таа да се форматира?!
Инаку мислам дека добро ја ставив. Помош?
 
Имам мал проблем. Купив digital camera fujifilm j110w. Не ја препознава мемориската картичка. Прочитав дека можело таа да се форматира?!
Инаку мислам дека добро ја ставив. Помош?

Твојот апарат ги чита SD и SDHC картиците така да не би требало да имаш проблеми. Прво пробај во менито на апаратот да ја најдеш опцијата за форматирање на картицата и да ја форматираш. Ако и тогаш не проработи тогаш можно е да е дефектна картицата. Пробај со друга. Ако веке и тука не направиш ништо тркни до продавницата кај што си го купил апаратот (претпоставувам дека е од Pixplus земен) и таму ке видат што е дефектот.
 
Твојот апарат ги чита SD и SDHC картиците така да не би требало да имаш проблеми. Прво пробај во менито на апаратот да ја најдеш опцијата за форматирање на картицата и да ја форматираш. Ако и тогаш не проработи тогаш можно е да е дефектна картицата. Пробај со друга. Ако веке и тука не направиш ништо тркни до продавницата кај што си го купил апаратот (претпоставувам дека е од Pixplus земен) и таму ке видат што е дефектот.

Фала! Мислам дека го решив проблемот:smir:
 
Како да добиете детали кај макрофотографија?

Еден од најголемите проблеми кај фотографирањето на ситни предмети кои содржат многу релјефни детали е токму нивното реално прикажување на фотографијата.
Проблемот толку повеќе се засилува доколку предметот што го снимаме е сјаен и метален (како на пример метални пари, значки, плакети и слично).
Директното фронтално светло (како на пример блицот монтиран на фотоапаратот) ќе ни даде убаво и рамно осветлување на објектот, но тоа нема да ги извлече деталите на убав и пластичен начин.
slika1.jpg
Страничното светло е она кое во ваквата ситуација е потребно. Поради аголот под кој паѓа (сеедно дали доаѓа од лево или од десно) тоа предизвикува потемни сенки кај испакнатите делови на релјефните шари и ги прави појасно видливи. Вака осветлениот предмет на дводимензионалната површина на фотографијата изгледа пластично и реално.
slika2.jpg
Комбинацијата од две светла може да даде уште подобар резултат, при што едниот рефлектор (блиц, итн.) директно го осветлува објектот, додека другиот фрла светлина под агол (приближно 45 степени во однос на директното светло).
slika3.jpg
Со експериментирање барајте го оптималниот агол на осветлување кој ќе даде најдобар резултат.
При макрофотографијата трудете се да избегнувате фотографирање од рака, (поради малото поле на длабинска острина) и секогаш поставајте го фотоапаратот на статив.
Забелешка:
Овие совети не се строга рецепта за успешна фотографија, гледајте на нив како на инструкција за добивање на бараниот резултат, како патоказ. Слободно менувајте го правецот на светлата и експериментирајте со аголот на фотоапаратот се додека не го добиете резултатот што ви е потребен.
 
и што излезе дека е ? форматирање?

Не. Сум ја ставил само пластиката (оној големиот дел од картичката) а сум заборавил да го вметнам во него помалиот дел. Се работи за mikro SD. :pos2: Што да правам почетник сум:vozbud::toe:. Ентузијаст...
 
Има разлики помегу макрофотографирањето, така да...овие неколку се само пример како можат да се добијат и најститните детали, кои можат да помогнат, во неколку случаеви
 
Има разлики помегу макрофотографирањето, така да...овие неколку се само пример како можат да се добијат и најститните детали, кои можат да помогнат, во неколку случаеви

Да најнормално, и ова е за предмети објаснато, многу е поразлично доколку сликаме нешто макро природа или слично :smir:
 
Дечки, купив денес нова камера :pipi:

10 мега пиксела оптички и дигатален зум

прашање, дали мора да користам дигитален зум и како иде таа работа ако може некој стручњак да ми објасни ?
 
дигиален зум е мачкање очи
Батали та глупост
тоа е софтверски зголемување на сликата (ѓоа зум) при што сликата губи на јаснотија и квалитет. На многу апарати постои опција да се исклучи (приликум зумирање да оди само оптичкиот). Препорачувам да го исклучиш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom