Да се пуши или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Бате Недев
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2007
Мислења
702
Поени од реакции
26
Возраст
51
Локација
Велико Трново
Веб-сајт
www.vedomost.info
Романските пушачи се на нозе во врска со рестрикциите инспирирани од ЕУ. Некои блогери дури повикуваат на формирање невладина организација за нивна заштита од дискриминација.

Со воведувањето на забраната за пушење во возивите, болниците и клиниките, перспективата на оние кои уживаат во оваа навика не изледа добро. Неодамнешните шпекулации во печатот дека пушачите би можеле да имаат тешкотии да најдат работа во блиска иднина уште повеќе ја разгоре дебатата.
„Се согласувам дека пушењето е штетно за моето здравје и оние околу мене (пораката на денешните кутии цигари) и јас се согласувам дека чадот од цигарите мора да се чува настрана од непушачите. Точка.“, вели The Simple Woman.
„Драго ми е што сте се откажале од пушењето и ви честитам. Добри се напорите што ги правите за да ги информирате другите во врска со ризиците од пушењето. За пофалба е да се биде вклучен во создавањето на подобар свет и да се дели искуството со другите луѓе. Не пушете во моја близина е оправдано барање од страна на еден непушач.“
„Но, да расчистиме една работа, а тоа е каде завршува вашиот мандат. Кога ќе ми речете „Престанете со пушењето!“, вие влегувате нелегално во мојата лична сфера. Тоа е непобаран совет и упад“, заклучува таа, барајќи формирање на невладина организација на пушачи.
„Имам една теорија за ,новото православие’, коментира Ilinca. „Сé започна со политичка коректност и на крајот ќе заврши, за жал, со ,диктаторство’ на ,што може’ и ,што не може’. За 3 до 5 години ќе бидеме отпадници од општеството бидејќи пушиме! Маргинализирани, анатемисани, како оние кои не вежбаат редовно или не читаат списанија за скапа мода. Сметам дека треба да формираме невладина организација додека судот сé уште ни дозволува.“
„Да се пуши или да не се пуши, прашање е сега“, парафразира Partizanu’ (Партизанот). „Ја бирам првата опција. Новите мајтапења на Запад веќе традиционално се копираат и применуваат во Романија. Имам пријател кој по некоја случајост е менаџер на мултинационално претпријатие и веќе добива инструкции повеќе да не вработува пушачи.“
„Кому му е гајле ако некој оди зад фабриката која е надвор од Букурешт и испуши цигара? На крајот на краиштата, ова е Балкан“, пишува тој.
„Да не се вработи некој на оваа основа е навистина апсурдно. Тоа ги отвора вратите за слични мерки, да не се вработуваат оние кои се премногу дебели или слаби, а да зборуваме за Е (хемиски додатоци на храната) консументите. Потоа доаѓаат на ред и консументите на алкохол, кафе и, зошто да не, месо“, предвидува Irina.
Сепак, таа признава дека забраната за пушење на јавни места обесхрабрува и ја намалува веројатноста младите генерации да ја прифатат оваа смртоносна навика.


SETimes.com
 
Да не се пуши нормално!
 
Ќе си легнат на брашното Романците, кога германците трпат и можат да чекаат пауза за да излезат пред зградата каде што работата за да запалат цигара, можат и романците, а германците се страсни пушачи.
 
Нема потреба да се трујат оние кои нејкат да пушат. Ако некој сака тоа може да го прави во дозволена просторија. Го поддржувам законот 100%
 
Нема никаква сатисфакција во пушењето.Пушачот само се уништува самиот себе,а и околината.Не се должни неговите блиски да го трпат димот од цигарите со 1001 штетни материи.
 
Да не се!!!!....Цигарите се нешто што најмногу ме нервира.... чад...ррр мразам..неможам да ги поднесам
 
pa vo takvi ustanovi ne se pusi normalno e toa
 
ако сака некој да пуши слободно нека пуши, а ако не сака нека не пуши, никој не го тера да пуши, тоа е прашање на избор
 
NO SMOKING :pusk: NEEEEEEEEEEEE
 
да не се пуши мн. нормално !
 
Да не се пуши!
Не се умира за цигара!
 
Зашто според одговориве мислам дека никој не го прочитал текстот туку само насловот на темата!?
Во ред е да не се пуши во установите,али да има просторија за пушење-пушална!
Друго..дискриминацијата на пушачите поготово кога е во прашање барањето на работа!Баш пред некој период кога барав работа и се се одвиваше супер до моментот кога ме прашаа...пушиш?Да...Ах жалам тогаш!:ban?:
Како што беше спомнато во текстот..дали ќе дојде време кога нема да вработуваат дебели или суви лица,вегетаријанци,луѓе што не конзумираат кока кола..:icon_roll
И браво за делов....Кога ќе ми речете „Престанете со пушењето!”, вие влегувате нелегално во мојата лична сфера. Тоа е непобаран совет и упад”.....:helou:
 
Tocno e deka nikoj nema da umre za cigara kolku sto e i tocno deka ne treba nekogo so sila da go terame da go disi nasiot cad se ke bide vo red i so toj zakon dokolku ima posebni prostorii (vo sekoja zgrada,ustanova...)za pusacite i toa im e dozvoleno vo ramki na normala,a i mladite nema da pocnuvaat da ja sozdavaat taa navika koja uzasno se siri kako moda?
 
Дефинитивно треба да се воведе закон против пушењето.На пр.,на што личи тоа некој збори со тебе на улица и ти дува чад у лице и се мисли дека е којзнае што?Стварно не ги разбирам страсните пушачи - Ке се родат здрави прави и си го скратуваат животот...па и уште плаќаат за тоа:lud:!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom