Си бил еден крал, многу моќен и богат, но малку ексцентричен, повлечен и најмногу уживал во сликарството

Еден ден кралот ги повикал сите свои соработници, помошници, слуги, за да разгласат по сите места, селца, градови, дека ќе го награди богато оној сликар што ќе успее да нацрта слика на која најдобро ке го репрезентира мирот, слика која додека ја гледаш ќе го осетиш прикажаниот мир длабоко во душата
Поминало време и дошол денот кога во дворецот се собрале сликари од целиот свет со своите дела.
Кралот сите слики многу внимателно ги разгледувал и на крај одбрал две
На првата слика било нацртано прекрасно совршено езеро, како огледало од кое се рефлектирале високи планини, прекрасна техника на цртање со кое се доловила балансот, хармонијата, тишината на природата.
На втората слика имало исто така планини, но биле голи, пусти, без растенија, дури страотни за гледање. Над планините биле темни големи облаци од кои севале громови и големи капки на дожд помешани со снег. Поред тоа оловно и мрачно небо, на сред слика бил страотен водопад кој од голема височина паѓал врз голите карпи.
Луѓето кои ја гледале оваа слика мавтале со глави и во чудо се прашувале што врска има ова со мир
Но, кралот, анализирајќи ја сликата задлабочен во водопадот кој со целата своја големина и сета своја силина, дивеел низ голите планински карпи, приметил нацртана мала тенка гранка во една пукнатина на карпата позади водопадот а на неа птица и едно мало гнездо во кое имало мали пиленца со отворени клунчиња како ја чекаат својата мајка да ги нахрани

Од тој дел толку извирала хармонија и мир, мајката која внимателни си ги рани своите дечиња, ПОТПОЛЕН МИР во толкав немир, хаос, невреме, суровост, постои место каде извира толку внимание, љубов
На крај, кралот ја одбрал втората слика и богато го наградил сликарот а на луѓето кои го прашувале и не им било јасно зошто таа слика ја одбрал кога на неа немало ништо што прикажува мирност, кралот им одговорил:
Мир не значи да бидеш каде што нема галама, каде што нема тешка работа, кадешто нема искушенија и паѓања, потреси, мразови и ветрови...МИР значи да бидеш насредина на тој хаос, неред,дистракција, галама и сепак да бидеш мирен, спокоен, прибран, фокусиран и од таму да го градиш мирот во себе и околу себе, без обзир на сред каква олуја да си, тоа е правата уметност која ја дефинира состојбата на мир и љубов
