Израелски дипломатски скандал

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Дипломатите повремено мораат и да глумат поради природата на нивната работа, но еден израелски дипломат од конзулатот во Њујорк малку претерал во тоа.

Имено, човекот своите дополнителни приходи си ги заработувал како ѕвезда во хомосексуални порно филмови, објавува израелскиот весник "Ma'ariv". Oткако било откриено со што се занимава во слободно време, дипломатот бил отповикан од конзулатот. Министерството за надворешни работи во Ерусалим не сака да го коментира случајот.

Ова не е првпат израелски дипломати да бидат вмешани во прилично срамни ситуации. На почетокот на годинава, израелски дипломат во Салвадор беше пронајден пијан, гол, со рацете врзани со лисици и со гумено топче во устата, во дворот на својата резиденција во Сан Салвадор. Нормално, и тој веднаш беше отповикан од должноста.
 
Место него сега ќе ја пратат Дејна Интернешнл да му биде замена.:vozbud::pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom