Клиперси се лесен залак. Најмногу им давам една партија во серијава, се друго би било неуспех за Спарси. Вчера некако зарѓано ми почнаа. Ама второ полувреме машината се пушти во погон. Клиперси претаа додека Пол играше нешто, после Поп наместото од Паркер му го пушти Грин во одбрана и си легнаа на брашно. Пофалби и за Диао во играта во одбрана против Грифин, во второ и Тими играше одлично против него. Вишокот внимание на Грифин и Пол го искористи Бледсо, дечкото изигра одлично, се надевам нема да повтори таква партија.
Кај нас најбел бумбар за Кваи Ленард, одличен во напад, погоди неколку тројки и кога се правеше разликата имаше уште 2-3 офанзивни скокови. Данкан стандардно, Паркер имаше проблеми со Пол, а и Ману имаше неколку невообичаени грешки за негови стандарди. Клупата одлична како секогаш оваа сезона. Сплитер изигра на ниво, Бонер затвораше одлично, а и Гери Нил не беше лош.
Имавме среќа на моменти, но се на се 15 коша разлика е реално. Очекувам утре пак да ги сомеме и одиме на брејк во ЛА.
Немам пишано одамна на темава. Ќе го искористам моментов да ги пофалам луѓето одговорни за скаутингот и добрите трампи. Бев против пуштањето на Хил во Индијана, но Кваи и Грин донесоа брзина, поквалитетна одбрана и си погаѓаат од чисти позиции, а и ми се допаѓа тоа што си го знаат местото и не глумат лудила. Браво и за трампата на Џеферсон, беше играчина на времето во Нетс ама тука ништо не покажа, а земаше плата поголема од Ману. Сега тимов е одлично избалансиран, имаме се од сила, брзина, прецизност, единствено треба да се подобри играта во одбрана и освојуваме нов прстен.