Библијата

  • Креатор на темата Креатор на темата Panta Rehi
  • Време на започнување Време на започнување
Бидејќи не можам да читам повеќе како се пишува сешто, морам да ви укажам на нешто што мислев дека е толку многу очигледно, но некако ви бега да го видите бидејќи мислев дека сте неспособни или апсолутно без грам интелегенција во вас... потоа сфатив дека се е во ред со сето тоа, но дека голем проблем е тоа што егото е преголемо и тешко одстапува од стварите што „ги знае“ за да признае дека не се точни.
И големиот проблем на денешнината: мрзливоста и се да е на брз и едноставен начин! User-friendly не оди добро за овие ствари!

ОК. Вака...
Кога ќе видите броеви во било кои свети книги како 3, 4, 5, 7, 9, 11, 23, 26, 31, 44, 56, 65, 93, 111, 131, 156, 220, 333, 418, 666, 718 итн итн ... пробајте да ги најдете истите тие броеви во други учења, било каде, кога се зборува за било што (за, за жал ова не е за мрзливи луѓе и за оние кои мислат дека има крај патот навнатре кога се работи за свети книги) и што означуваат и пробајте да видите како се поврзани истите меѓу себе иако се временски и просторно оддалечени. Ако може да ги поврзете...

Бидејќи религиите се земска ствар, но не и божественото. Еден закон, еден живот, една Земја, една Сила која не тркала сите до крајот, едно Човештво... оставете ја поделбата за обичните верници, затоа религиите се големата maya што би рекле Источните школи.

И прекинете нечии визии (без разлика дали се сомнителни или не, дали верувате дека се вистински или не) да ги врзувате со историски моменти и места! Доста глумите толкувачи на Нострадамус.

10 рогови, ахам ридови се тоа, мора да е Рим :D
666, ахам ќе го напишам со римски букви и ќе добијам Нерон... :D
На македонски можете да изнапишете барем 30 зборови кои ќе се стигнат до 666 и сигурно еден од нив ќе е шахта! И што со тоа?

Доста со тие секташки христијански ствари. Можете подобро. Имате ресурси - се ви е бесплатно. Ок, времето што ќе го потрошите, не е воопшто бесплатно, но наградата е преголема!

И не одете веднаш на нечии визии, како во случајот со змејови, па јагниња, па печати, па крај на светот и слично...
Визиите се комплексна ствар и ако не се познаваат хиероглифите - ништо не добивате. Ако видите Т некаде тоа значи дека е буква? Дека е крст? Дека е симбол за храм (Temple)?
Вие ќе одлучите што е вистината?
Не. :)

Едноставно одговорот е НЕ.

Ping @Ipsissimus , @Solaire of Astora
 
Не е проблем со мрзливоста....проблем е што се зборува за некое знаење, за некои награди.....што со тоа?
Не може да одиш како мува без глава негде ако не знаеш што е тоа, мора да се преџвака од тие што веќе знаат.....мора јузер френдли да биде, заеби ти ворк ворк.
 
Проблем е мрзливоста, проблем е да знаете пред време што ве чека! И нема да биде user-friendly. :) Бидејќи неписмени ќе може да активираат бомба така и да направат глупости невидени.

Нема да знаете... помири се со тоа да играш „на сигурно“, ти си како мува без глава заради ставот што го имаш. Ништо не ти е сигурно на Земјата - живеј, каква сигурност бараш? Преџвакано е од „тие што знаат“, работата е што мрзливите сакаат и да им се голтне тие само да кажат „охохо, убаво ова!“ :)

Наједноставен пример ми е ова, иако не знам колку ќе се разбереме.

Кога си учел ко мал азбуката, твоите како те учеа? Што ти велеа? Кога учеше да пишуваш буква по буква, слогови, па зборови?
Не ти велеа дека наградата е преголема откако ќе откриеш како оди машинеријата на читање и пишување!
Не ти велеа дека ќе може да читаш туѓи мисли, дека ќе може да пренесеш свои мисли на други, дури и да се оддалечени од тебе и просторно и временски премногу?

Кога си почнал ниту си знаел што се зборови, ниту реченици ниту што со тоа играње наоколу! И како „сон“ е нешто што ќе го поврзеш со неверојатни ствари...

И да, останаа многумина и неписмени бидејќи „што со тоа, со знаењето, со наградата“! За такви: ништо.

Бирај. Барем тоа го имаш во опција постојано... :)
 
Визиите се комплексна ствар и ако не се познаваат хиероглифите - ништо не добивате. Ако видите Т некаде тоа значи дека е буква? Дека е крст? Дека е симбол за храм (Temple)?
Вие ќе одлучите што е вистината?
Не. :)

Едноставно одговорот е НЕ.

Ping @Ipsissimus , @Solaire of Astora
Токму болдов ми беше поентата, ако го немаш клучот, ако не го познаваш времето, симболите и луѓето кои го пишувале тоа, лесно може да видиш порака што ја нема. Јас помеѓу другото го кажав и ова во постот што сега е избришан, парафразирам: ,,Кај евреите нема бројки, буквите ја имаат таа намена, па оттука еден број или една бројна вредност може да се однесува на повеќе нешта"
 
Апсолутно. Процесот на растење на дете покрај себе и како тоа се менува е еден од најдобрите духовни учители во животот.

Во другиот дел од постот, мислиш на седумглавиот змеј, односно Ѕверот, што излегува од море, споменат во Стариот Завет?
Точно на тоа мислев , цитатот е.
Откровение 13
1. Потоа застанав на морскиот песок и видов како од морето излегува ѕвер со седум глави и десет рогови; на роговите негови имаше десет круни, а на главите негови – богохулни имиња.
2. Ѕверот, кого го видов, прилегаше на леопард: нозете му беа како кај мечка, а устата – како уста на лав. И змевот му ја даде силата своја, и престолот свој, и голема власт.

Откровение 17
9. Овде е потребен ум, што има мудрост. Седумте глави, тоа се седумте гори, врз кои седи жената;
10. а седумте цареви, од кои петмина паднаа, едниот постои, другиот уште не дошол; и кога ќе дојде, малку ќе остане.
11.
И ѕверот, што беше и кого што го нема, е осми; тој е еден од седумте и ќе загине.
12. А десетте рогови, што ги виде, се десет цареви, кои царства уште не примија, туку како цареви ќе добијат власт само за извесно време заедно со ѕверот.
13. Тие имаат една мисла, и силата и власта своја ќе му ја предадат на ѕверот.
Седумте промени на човек роден на земјата од бебе до старец.
Сите пророци и во Новиот и во стариот завет зборуваат за исто, кажано со различни зборови и различни приказни.

Книга Јов

6. Еден ден дојдоа синовите Божји за да застанат пред Господа; меѓу нив дојде и сатаната.

Книга Данаиил
32. Главата на тој лик беше чисто злато, градите и рацете од сребро, додека стомакот и бедрата негови беа бакарни.
33. Потколениците железни, а нозете дел железни, дел глинени.
34. Ти го гледаше, додека еден камен не се откачи од планината сам, удри во идолот, во неговите железно – глинени нозе и го скрши.
35. Тогаш заедно сè се раздроби: железото, глината, бакарот, среброто и златото станаа како прав на летно гумно; ветрот ги однесе, и трага од нив не остана, а каменот што го разби идолот стана колема планина и ја исполни целата земја.
36. Ете, тоа е сонот, а сега да кажам пред царот и што означува тој.
37. Ти царе, цар над царевите, кому небесниот Бог му подарил царства, власт сила и слава,
38. и во рацете твои ти ги предал сите човечки синови, каде и да живеат тие, сите ѕверови земни и птици небески и те поставил за господар над сите нив, – ти си таа златна глава.
39. По тебе ќе се крене друго царство, помало од твоето, а и трето царство, бакарно, ќе владее над целата земја.
40. А четвртото царство ќе биде цврсто како железо; оти како што железото троши и дроби сè, така и тоа железо што крши сè, ќе дроби и ќе уништува.
41. А тоа што си ги видел нозете и прстите на нозете направени дел од грнчарска глина и дел од железо, тоа царство ќе биде разделено и во него ќе остане само нешто од цврстината на железото, бидејќи си видел железо, измешано со грнчарска глина.
42. И како што прстите на нозете беа дел од железо, а дел од глина, така и царството ќе биде делум силно, а делум слабо.
43. А она, пак, што си видел железо, измешано со грнчарска глина, тоа значи дека тие преку човечкото семе ќе се измешаат, но нема да се слеат едно со друго, како што железото не е слеано со глината.

Данаиил гледал 5 промени, другите по 7.
Сите овие пророци гледале и зборувале за едно исто, но во различно склопена приказна , а тоа е ЧОВЕК со сите промени од бебе до старец во една целина. Како да стојат од страна и се набљудуваат себе самите од позиција на безвремено. Од празното гледаат кон полното.

Две книги се одлични , книга Јов и трета книга Ездра.
Јов го води глувиот разговор со своите така наречени пријатели очите, ушите и разумот(говорот), а Ездра ја искажува својата тага на еден прекрасен начин, каде времето е искажано преку лик на жена и дава многу длабоки мисли.
 
Бидејќи Светото Писмо преведено со благослов на Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква во електронска форма на интернет може да се најде како два различни документи (по еден за Стариот и Новиот Завет) си дадов за слобода да ги спојам во еден .pdf документ, како што треба да биде.

Во дополнение, Божествената Златоустова литургија на старословенски, онака како што се богослужи од сите словенски народи.

Прекрасна Android апликација со нарација на Светото Писмо на македонски.
https://play.google.com/store/apps/details?id=bible.global.makedonski&hl=en_US
 
Attachments

Колку сум се напнал за да го напишам ова! :vozbud:

„И прекинете нечии визии (без разлика дали се сомнителни или не, дали верувате дека се вистински или не) да ги врзувате со историски моменти и места! Доста глумите толкувачи на Нострадамус.

10 рогови, ахам ридови се тоа, мора да е Рим :D
666, ахам ќе го напишам со римски букви и ќе добијам Нерон... :D
На македонски можете да изнапишете барем 30 зборови кои ќе се стигнат до 666 и сигурно еден од нив ќе е шахта! И што со тоа?

Доста со тие секташки христијански ствари. Можете подобро. Имате ресурси - се ви е бесплатно.“
 
Еврејскиот закон треба да се чита преку призмата на хебрејските учења и толкувањата на рабини и Хебрејски кабалисти.

Не може христијанското толкување на еврејскиот закон (стар завет по нивно) да е подобро објаснето од оние кои го создале законот со цел "да се исполнува".
 
Бидејќи Светото Писмо преведено со благослов на Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква во електронска форма на интернет може да се најде како два различни документи (по еден за Стариот и Новиот Завет) си дадов за слобода да ги спојам во еден .pdf документ, како што треба да биде.

Во дополнение, Божествената Златоустова литургија на старословенски, онака како што се богослужи од сите словенски народи.

Прекрасна Android апликација со нарација на Светото Писмо на македонски.
https://play.google.com/store/apps/details?id=bible.global.makedonski&hl=en_US
Да си ја симнете и да ја прочитате.
 
Да си ја симнете и да ја прочитате.
...некому писанијата
...некому животот
...вистината за нас и за животот ќе ја дознае секој од нас порано или подоцна:)
...ни останува само да си играме интелектуални игри за да ја задоволиме радозналоста...или да најдеме утеха за нашите стравови
 
Мислам дека вистината за нас и за животот нема никогаш да ја дознаеме..ниту јас, ниту ти, ни Хепта....
 
Мислам дека вистината за нас и за животот нема никогаш да ја дознаеме..ниту јас, ниту ти, ни Хепта....
Сѐ е лага на овој свет… Само смртта не е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom