Докторски студии во странство

  • Креатор на темата Креатор на темата Revenger
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 јули 2008
Мислења
224
Поени од реакции
197
Веб-сајт
www.chelseafc.com
Секаква информација за докторски студии во странство е добредојдена. Предложете држави, споделете услови за стипендирање и најдобро би било, ако има препорака од веке редовни докторанди низ Европа и светот.
 
Зависи од која област, за мене кога барав од соседите најдобра опција беа во Бугарија, признаени во сите ЕУ членки, а прифатлива цена, дури може да ги слушаш на Македонски, што би рекле тие “един народ, две држави“ :D
 
Во сите области би им помогнало на сите, верувам има доста што се интересираат.
Во Бугарија завршив додипломски и постдипломски студии, веќе ми се оди накај Скандинавијата :)
 
Имаш опции и за таму, има и стипендирани, јас ги испуштив за неколку денови, додека полагав ТОЕФЛ, па резултати чекање и поминаа за Норвешка. Инаку малку места имаат на докторски во тие држави, на тие што имав аплицирано примаа само 5 студенти, а апликанти имаш илјадници особено од по Индија, Блиски Исток, Кина, Балкан.
 
Има многу докторски студии и во Скандинавија и во Западна Европа а особено во САД па и Австралија, Нов Зеланд и Кина. Имаш да бираш. Јас завршив докторски во Холандија а постдокторски во Германија. Ако си од СТЕМИ, медицина и слично без проблем ќе најдеш стипендија која е од 1500-2500 евра. Само аплицирај. Сега може нема на најдобрите универзитети ама сите се солидни.
 
Имате ли информации какви плати зимаат асистентски места, Германија, Холандија и скандинавските, предпоставувам дека од наука може да се живее еден нормален живот без грижи, за разлика од Балканот каде што асистенти и професори и не се најплатени...
 
Асистент зима од 3000-4500е зависи од земја универзитет и област. Пишува на нет...само прогуглај. Само тешко се влегува како асистент има јака конкуренција.
 
Не ти се станува асистент на бугарски универзитет а :). Магацинер во фантастико на 4 часа зема поголема плата од асистент на нуклеарна енергетика во технически универзитет, но не зборам за научната дејност која ја имаат, вадат луди пари од руски и европски проекти. Јас можеби ќе се ориентирам кон тоа ако направам добар нетворк со правилни луѓе. Знам еден асистент кој зема по 100 000 евра од проект. Инаку со среќа :)
 
Не стануваш асистент по автоматизам со докторските, најчесто имаш работа во факултетот зависи од која област си али лабораториски вежби, вежби и задачи да ги учиш додипломците и се добива одреден надоместок, но рачунај дека се работи за минималец, нешто подобро е од платите на нашите демонстратори, али и таму е ниско.
Асистентите се подобро платени и може да се каже дека е плата со која може да се живее ок живот.
 
Јас сакам да прашам дали некој има искуство со добивање на некакви грантови, финансии за извршување на одредено исистражување во текот на докторските студии? Дали тоа мора да го имаш нагласено при аплицирањето на докторски или може понатаму, откако ке имаш некои подробности како би се одвивало истражувањето?
 
Не ти се станува асистент на бугарски универзитет а :). Магацинер во фантастико на 4 часа зема поголема плата од асистент на нуклеарна енергетика во технически универзитет, но не зборам за научната дејност која ја имаат, вадат луди пари од руски и европски проекти. Јас можеби ќе се ориентирам кон тоа ако направам добар нетворк со правилни луѓе. Знам еден асистент кој зема по 100 000 евра од проект. Инаку со среќа :)

Слабо, слабо...аистентите крпат крај со крај ги гледам, не е само за платата, а и за услови за истражување се да речеме никакви во текот на докторските студии. Доста ми е од Балканов барем имаме нет и гледаме што се случува по светот, назад сме 20-30 години, единствениот благодет е дека бугарските дипломи се признаени во европската унија, штета би било да не го искористам како отскочна даска.
 
Асистент зима од 3000-4500е зависи од земја универзитет и област. Пишува на нет...само прогуглај. Само тешко се влегува како асистент има јака конкуренција.

Според тебе, дали 10-15 научни трудови и завршени докторски студии е доволно за да ја надминеш конкуренцијата за асистентско место?
 
најчесто до 10 трудови се повеќе од доволни ама треба да се од хајимпакт џрналс плус ако се доста цитирани е позитивно и да имаш одредени вештини. Искуство во предавање и пишување грантови е добар плус. Може да треба и јазик ама не е секогаш неопходен. Но варира ова од земја до земја и од универзитет до универзитет. Нормално докторат е задолжително да е завршен, без тоа нема шанси некаде може и 1-2 постдока да бараат од 1-2 години. Ако не фатиш асистентско место може на пост док да се обидеш и после асистент. Имаш и опција сам да си го направиш местото т.е. да пишеш грант апликација и да ти ја дадат тогаш 100% влегуваш во тој универзитет ама за тоа треба време и не даваат на сите што аплицираат грант од фондовите.
 
Јас само што започнав докторски студии во енергетика во Шведска. Гледам дека има конструктивна дискусија на темава и доста добро образложени одговори.
Би додал дека во земјите во Северна Европа најчесто докторантите имаат статус на вработен, и со тоа имаат и здравствено и пензионо, а поради тоа се плаќа и данок.
Во однос на прашањето за добивање позиција асистент - кај нас имаме само професори,доценти (нешто како измеѓу) и асистенти. Во нормалните земји, има многу други позиции - како постдок, visiting researcher/profesor, research fellowship и др.
Од моето искуство, мислам дека доста често во преден план е имањето контакти и поврзаноста со луѓе од повисоки позиции. Конкретно на факултетот кај што сум, гледам дека најголем дел од позициите се поделени по логика кој кого знае, кој на кого е и кој од каде е (пошто има доста странци).
добар сајт за барање позиции е: https://www.findaphd.com/
https://euraxess.ec.europa.eu/ овие мислам дека имаат и некој огранок кај нас, учествував на
еден настан во ману, организиран од нив.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom