Почина Ентони Боурдеин (Anthony Bourdain)

  • Креатор на темата Креатор на темата SuBZerO
  • Време на започнување Време на започнување

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.863
Поени од реакции
4.816
Локација
Sudan
Ентони Бурден, славен готвач, талентиран раскажувач и писател, кој гледачите на Си-Ен-Ен ги одведе низ целиот свет, почина на 61-годишна возраст и беше потврдено дека станува збор за самоубиство.

„Со огромна тага можеме да потврдиме дека почина нашиот голем пријател и колега Ентони Бурден. Неговите љубов кон авантури, убави јадења и пиења и неверојатни приказни за светот го направија уникатен раскажувач. Неговиот талент никогаш не престана да нѐ воодушевува“, соопшти Си-Ен-Ен.

Бурден бил пронајден мртов во хотелска соба од негов пријател. Тој работеше во Франција на нова епизода од неговата наградувана серија „Непознати делови“.

Преку неговите книги и ТВ-серии, тој ѝ помогна на публиката поинаку да размислува за храната, патувањата и за себеси, добивајќи голем број награди за својата работа, при што го следеше прекарот на „рок ѕвезда на кулинарскиот свет“.



"I should’ve died in my 20s. I became successful in my 40s. I became a dad in my 50s. I feel like I’ve stolen a car — a really nice car — and I keep looking in the rearview mirror for flashing lights."


Covekot sto me inspirira da patuvam i probam nesekojdnevna lokalna hrana!

Fly high Anthony ....fly high!
 
Последно уредено:
Почивај во мир, според христијанството ќе гори во пеколот за век и векова, ама не верувам јас во тоа. Како и да е треба на време да се оди на психијатар. Супер си беше човекот...
 
жално дека добра фаца беше, ама ете бар си се изнажевеа шампионски
 
Сега ќе мора да го гледам оној ќељавиот на Травел каналот кај што јаде од се по нешто...му ебам стоката само да се бутне нешто во уста.

Р.И.П Ентони :(
 
Која иронија, а баш идеше на 24kitchen кога видов 10 постови со плачки на фејсбук.
Можеби не ја чекав секоја епизода на неговите патешествија, ама штом ја фаќав на тв - останував таму. Интересен раскажувач.

И вакви видеа многу не поштувам, ама ете има некои информации. На пример дека многу касно во животот станал славен, а претходно едвај стигнувал да плати основни сметки, дека бил зависник од херион исл.

Штета...
 
Многу сакав со Македонија да има емисија.:place: Сеа,како рече еден член.Ќелавиот или Џ.Оливер или кујзнај,може да биде на негово реноме.(n)
 
Бог да го прости. Не знам што се случува со познатите па извршуваат самоубиства, да ти ебам животот скапан...
 
Многу дрога не е на арно.
 
Сега ќе мора да го гледам оној ќељавиот на Травел каналот кај што јаде од се по нешто...му ебам стоката само да се бутне нешто во уста.

Р.И.П Ентони :(
На 24 Kitchen даваат негови епизоди од No Reservations а дру го пишувам ова пуштено ми е на тој канал и една епизода даваат.

Имаш избор на 24 Kitchen кувари па бирај кој сакаш
https://www.24kitchen.com.hr/kuhari?page=1
 
Карактер лик. Најдобрата мешавина, француско потекло, израснат изгледан во Њујорк од Њујорк. Људина. Порочен до даске. А кој не би бил у тоа време на тоа место? Пионер на хардкор андерграунд фајндајнингот. Рушење на стереотипи заедно со Дејвид Чанг од Момофуку, Реџепи од Нома, па и Мајкл Вајт од Мареа. Преку нараторство најде канал како да ја смени играта и тоа го напраи најдобро од било кој. Можда не бил мишелин стар кувар али кого кур го боли за тоа. Целиот шифт на стереотип за како еден кувар треба да изгледа, му го дужат на него и само на него.

Му посакував длабока старост ама депрето и притисокот ос очекувањата кога си толку експониран си го праат своето. Умре како рок ѕвезда, ко што треба.
 
Познатите само ни кажуват дека парите и славата не те прават среќен, ти треба нешто повеќе од тоа за да бидеш во мир и среќен
 
Кој кур е овој бе? Цел фб денес со него, одеднаш сите го знаат и жалат а се кладам дека 95% немаат никад чуено за него.
 
Јас иако го сакам кулинарството, никогаш немам слушнато за ликот.Знам за Гордон Ремзи и Џејми Оливер ама овој лик јок.... Можда бил добар кувар.. но мислам дека е дискутабилно дали е мегафакинстар па да добива тема за плачење.. нека му е лесна земјата како и да е де не ми смета.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom