Филозофски клуч за македонскиот идентитет

  • Креатор на темата Креатор на темата другарче
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
Возраст
122
Гледам дека по весниците многу се пишува за оваа книга и дури ми е чудно што уште никој на форумов не ја спомнал. Не знам ништо конкретно ниту за книгата ниту за авторот освен она што го пишува по весници па ако некој има повеќе информации нека сподели.

Книгата „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“ од бугарскиот автор Стефан Влахов-Мицов неодамна излезе од печат во издание на „Матица македонска“. Делото содржи текстови за македонската историска судбина, психологија и дух.

Авторот се застапува за современ и непристрасен филозофски пристап на историските проблеми на Балканот, а посебен акцент става на проблемите на историографијата и на политиката спрема Македонија. Пишува и за илинденската епопеја, како и за динамиката на утврдувањето на македонското национално сознание, низ животите на Григор Прличев и на Крсте Мисирков.
 
Ме заинтересира и мене за книгава ќе побарам нешто за неа, а некој ако знае нека не просветли малку во врска со книгава :)

Стефан Влахов-Мицов: „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“, „Матица македонска“, Скопје, стр. 277
БЛАЖЕ РИСТОВСКИ
Името на бугарскиот историчар, филозоф, социо-политиколог и балканист, проф. д-р Стефан Влахов-Мицов, првпат гласно прозвучи во македонската јавност по поставувањето за директор на новоотворениот Македонски културно-информативен центар во Софија (април 2005) и уште погласно по изнејапното сменување од таа мошне успешно исполнувана функција. Речиси наполно молкум поминаа неговите специфични настапи на неколкуте значајни научни собири во МАНУ и во некои наши периодични публикации во последниве години, па дури и неговото неафиширано предавање „Современиот филозофски пристап кон историските процеси на Балканот“ на Филозофскиот факултет на нашиот Универзитет (мај 2005), одржано наскоро по неговото необјаснето отстранување по 23-годишната настава на Софискиот универзитет. Бесшумно помина и објавувањето (во превод на македонски) на неговата книга „Неомеѓени мисли“ („Современост“, 2006) со мисли што ги изразуваат стремежите на авторот „да ја види Бугарија, Балканот и другиот свет со сопствените индивидуални сетила“.
А во светот, па и во Бугарија, релативно младиот професор Стефан Влахов-Мицов (1956), со десетте книги зад себе и со текстови преведувани на десетина јазици во светот (англиски, германски, руски, шпански, италијански, полски, фински, арапски, македонски), како исклучителен интелектуалец е влезен во претставителни меѓународни биобиблиографски изданија, прогласен за „Амбасадор на мирот“ од Интернационалната федерација за светски мир при ООН, а во јуни минатата година и во Република Македонија беше удостоен со меѓународната награда „Почесно Рациново признание“. Но, и во самата Република Бугарија тој е носител на значајни функции: член е на Сојузот на бугарските новинари и на неговиот Управен совет на Салонот за литература, уметност и наука, како и на Меѓународната организација на новинарите, член на Директоратот на Фондацијата „Млади бугарски таленти“, член на Професорската академија за светски мир (Њујорк), претседател на Сојузот на слободните писатели во Бугарија и главен секретар на Друштвото за бугарско-македонско пријателство што во 1997 година во Софија, преку Книгоиздателството на Бугарската лига за заштита на правата на човекот и граѓанинот, ја објави (на бугарски јазик) првата „Историја на Македонија (Апологија на македонизмот)“ од проф. Г. Радуле.
И еве пред неколку дена во Книгоиздателството „Матица македонска“ во Скопје се појави неговата уникална книга „Филозофскиот клуч на македонскиот идентитет“ со објавени и необјавени текстови создавани во периодот 2004-2006 година, обединети врз темата за историската судбина на Македонија, етнопсихологијата на Македонците и виталниот дух на еден народ што дури и во извојуваната сопствена независна држава се’ уште е исправен пред нелесни сопствени дилеми и претенциозни проблеми од своите соседи. Д-р Стефан Влахов-Мицов не е оптоварен со балканските големодржавни национални опсесии. Самиот вели дека е од „мешано потекло“, не се акламира ни само како Бугарин ни само како Македонец. Зашто, пишува, „моите дедовци по мајка се преселници од Македонија (едната поодамнешната гранка на родот - од Вардарскиот, а другата - од Егејскиот дел), а мојот татков род е измешан од бугарска и куманска крв… Уште пред да го сознаам тоа, моите македонски корени ме стимулирале кон слободољубие и духовна толеранција, ми ги поддржувале поривите кон природност - без лицемерство и балкански сметки“. Почитувајќи го и едното и другото потекло на својата крв, Стефан и во своето презиме самиот ги обединува двете гранки: Влахов-Мицов. Затоа и неговиот „творечки пат практично е летопис на стремежот кон еманципација и осмисленост на сопствениот идентитет“. Иако нема роднини во Република Македонија, таа го влечела „како можност да ја разберам вистината и за неа и за историските процеси на Балканот“. По многу мечтаења и обиди, дури во 1998 година успева да дојде во Македонија. Тие интереси придонесуваат да биде двапати отпуштан од Софискиот универзитет (па дури и до денеска судското дело за последното отпуштање не е завршено).
Како студент, под влијание на бугарската историска наука и политика, за дипломска работа на Катедрата за балканска историја ја работел темата „Српското културно влијание во Македонија по Кримската војна до 1878 година“, а во 1981 год., како докторант по социологија на политиката, ја зел темата „Врските и претставувањата на Бугарите во светот (до Преродбата)“. Проширените сознанија го доведуваат во судир со политиката на средината. Тој одбива „да свири по туѓи ноти“ и откажува да држи предавања „по меѓународното комунистичко и работничко движење во Латинска Америка“, па одбраната на докторатот му задоцнува цели три години… Има критички однос кон решението на Коминтерната за македонската нација, зашто се споредувала со „тракиската“, „шопската“ и „добруџанската“. Стефан согледува политичка манипулација во врска со македонската нација, па го парафразира Н. Вапцаров (од рефератот во Кружокот, 1938) дека „македонската интелигенција треба да ги испреварува партиските решенија, а не да оди по нив“. Тој осознава дека „уште во 19 век има дејци со избистрено македонско сознание, кое ги принудува бугарските историчари да се повлечат на подалечна одбранбена линија со смешната теза дека Србија решила да ги направи ’Бугарите во Македонија‘ Македонци уште во тоа време. Само што Македонци има и многу пред тоа, како што сведочат странските патописци од 16 и 17 век. Со други зборови, во времето кога Бугарите уште не знаеле дека се такви“. Во врска со таквото преживување на една „криза на идентитетот“, авторот ги посочува „тврдењата на пропагандата против македонскиот идентитет“ со флоскулата дека „во сите географски правци Бугарија граничела со самата себеси“, со што „всушност го кријат стравот за самиот бугарски идентитет“. Затоа, признава авторот, „по 1989 година главната цел ми стана да ја напишам вистинската бугарска етнопсихологија, која ќе ја оцртува драмата на бугарската политичка нација не само со Македонците туку и со самата себеси“. Во таа смисла ги објавува книгите „Кој го уби Христо Ботев“ и „Парадокси на социјално-политичкиот живот кај Бугарите“, коишто ги интерпретирал и како предавања на Софискиот универзитет. Така стигнал до убедувањето за „филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“ и ги сфатил „причините за комплексите на македонските негатори - Бугари, Грци и Срби“. Во тој дух ја објавува и книгата „Илузиите на човечкиот род“ и храбро ги поднесува повеќепатните полициски тортури на македонско-бугарската граница. Така, Македонија му го возвраќа „самочувството и делумно изгубениот идентитет“, па со неговото „мешано потекло“ тоа го прави „негативно чувствителен кон секоја големодржавна идеја на штета на малцинствата во Бугарија и на Полуостровот… Животот во Бугарија ми беше со децении живот на внатрешен емигрант, чии допирни точки со тукашната реалност се’ повеќе се истенчуваа… Во таа смисла, и покрај животните непогоди, јас се чувствувам среќен. Бидејќи успеав да го остварам и во духовна и во реална смисла своето враќање во Македонија. Со што го затворив долгиот животен емигрантски циклус на моите предци“.
Така, и низ спектарот на Македонија во неговата лична биографија и судбина проф. д-р Стефан Влахов-Мицов го гради пристапот кон духот и деструктивната енергија на Балканот, со илузиите за „богоизбраните народи“, со сите „идеолошки и уметнички измислици за историјата“, со „филозофијата како алтернатива на глобализацијата“, па низ еден „современ филозофски пристап кон историските процеси“ ги гледа „проблемите на балканската историографија и политиката спрема Македонија“. Преку динамиката и проблемите во утврдувањето на македонската национална свест, врз широк историски ракурс, тој го согледува „филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“. Преку ликовите и настаните од античкиот и средновековниот период, со посебен акцент на преродбенските процеси и фонот на македонскиот етнокултурен супстрат, ги осветлува меѓничките личности (Ѓ. Пулевски, Г. Прличев, Д. Молеров, К. Рацин, Н. Вапцаров, К. Мисирков и други) како нагледна историска илустрација на македонскиот современ идентитет. Притоа треба да се подвлече дека книгата на д-р Стефан Влахов-Мицов не е антибугарски памфлет, ниту некаква иссилена промакедонска апологија, туку израз на слободата на мислата и непристрасноста на совеста на еден автор што трасирал уникален пат во барањето филозофски клуч за македонскиот идентитет како универзален модел не само за балканската историографија и политика.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=56E11A90F9EEAF4D8E61E125CD004372



Останува уште да ја прочитаме :)
 
Моментално ја читам оваа книга, и досега тоа што го прочитав е доста коректно напишано како да го пишува некој од неутрален аспект поставувајќи се повеќе од Македонската гледна точка на работите а сепак е угледен човек во Бугарија....За секој случај пред да судам било што, ќе ја прочитам двапати бидејќи напишаното може да има двосмисленост...
 
Трн ај ако сакаш кажи каде може да се набави книгата и по која цена
 
Другарче, цело време ти е пред очи....„Матица” :) За цена не ме прашувај пошто мајка ми ја набавила на Саем...
 
I jas bi sakal da ja procitam knigata pa bi vi bil blagodaren ako mi kazete kade mozam da ja najdam.
 
TpH_Bo_OkO напиша:
Другарче, цело време ти е пред очи....„Матица” :) За цена не ме прашувај пошто мајка ми ја набавила на Саем...

да бе :tapp: видов после дека е од матица али нема везе, ќе ја барам на саем поевтини се :)
 
Пред неколку години, кога Симеон Втори беше премиер на Бугарија, на некое прашање на новинари тој кажа дека за да се променат состојбите, и на економски и на политички план, мора да се смени чипот на Бугарот. Кога ќе се смени чипот, тогаш ќе се смени се“, рече Влахов Мицов.

http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=77838

Alo Ruusiii...
 
"Скопие/Софија. Б'лгарија не е еманципирана, за да може да реши в'проса с македонската идентичност. Това смјата Стефан Влахов Мицов, б'лгарски историк и философ, доскорошен директор на Македонскија културен цент'р в Софија, пише днес македонскијат “Утрински весник”, като се позовава на агенција Макфакс.
“Ако искаш да видиш истината за македонската идентичност, трјабва да б'деш еманципиран и да гледаш на фактите не само като на факти, а да се попиташ как са получени те, т'ј като с'штите доста често се с'здават под политически или икономически натиск”, е зајавил Мицов на вчерашната срешта с читатели, които прис'стваха на Панаира на книгата в Скопие"


"Којто плашта тој пор'чва музиката" каза довчерашниа служител в македонската администрациа.
 
stoyan напиша:
"Којто плашта тој пор'чва музиката" каза довчерашниа служител в македонската администрациа.

Но од друга страна пак како што еднаш тоа го напиша големиот македонски познавач Борза, парафразирано „....за целата македонска историја дознаваме од написи пишувани од македоснките непријатели или од обични собирачи на интересни, најчесто измислени приказни....“
 
за целата македонска историја дознаваме од написи пишувани од македоснките непријатели или од обични собирачи на интересни, најчесто измислени приказни

Ne samo od makedonskite "nadvoreshni" neprijateli, tuku i od domashnite!

Primer: samo shto gledav eden klip napraven od atinjanite vo koj neopeaniot debil Denko Malevski ja pokazhuva celata beda na samonarechenite "umereni politichari" vo koi se vbrojuva i toj. Imeno Malevski na klipot tvrdi deka "umerenite" bile istisnati od politichkata scena vo Makedonija zaradi nepopustlivosta na grchkiot pritisok i politika, i kako rezultat na toa "nacionalistite" si izmislile antichka istorija. Zoshto takva sme nemale porano.

Deka Denko Malevski e anacionalno govedo bev svesen, no deka taa kjelava budala do tolku kje im se uvlekuva na atinjanite vo chmar negirajkji ja celokupnatga makedonska istorija, ne mozhev da pretpostavam. E toj e eden od nekolkuminata vo timot na Kiro Gligorov koi go zakochija megjunarodnoto priznavanje na Makedonija, a nashata istorija ja pretstavuvaa oficijalno kako "slovenska" od 7 vek navamu, dodeka taa pred toa kako grchka.

Ima li nekoj junak da i pojde na taa zhivotinja i da i vrze 2 shamara - jas chastam?! Kolku da ne bide bez ich...ili da go viknat tuka da mu ochitame edna lekcija. Ne mi se veruva, izlegov od kozha...

Inaku ova e klipot:

=


A na Stefan Vlahov-Micov treba do grob da sme mu blagodarni!
 
Последно уредено:
Eve ja bezplatno gi nudam svoite uslugi za vakvi tipcinja...daj mi samo detalicinja za tipov...
 
Bratot напиша:
Eve ja bezplatno gi nudam svoite uslugi za vakvi tipcinja...daj mi samo detalicinja za tipov...
Малески е редовен професор на Правниот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Предава Мегународна политика и право, како и Современи политички системи.
Images%5CAuthors%5Cdenko%5D.jpg

http://www.pf.ukim.edu.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=142
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom