Незнам што да правам..

  • Креатор на темата Креатор на темата downsizeArtist
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 март 2018
Мислења
4
Поени од реакции
3
Не го отварам топиков да кукам или да бидам attention-whore,туку искрено сакам совет како да пребродам овај катастрофален период од животот.

Влегувам во 17ка уште еден месец.Роден сум во релативно многу сиромашно семејство(ништо ново како Македонец).Со години живеев како во колиба,куќата беше разурната премногу..Пред 3 години со последни напори дома моите вложија некој денар да се реновира колку-толку.Цел живот сум тоа сиромашно дете од класот.Незнам што е тоа одмор,скапи алишта,скапи патики,да се курчам на инстаграм со Ауди-то на татко ми и тн итн.Годишно еднаш ми се купува алишта и патики и го носам година и повеќе,веќе патиките ми се искинати,алиштата не лича на ништо.Во средно се променив,ама околината во која живеам не.Родителите цел живот се оставале ама кратко,но сега беше финално да се отцепи еден од родителите.Останав со еден родител,со минимални примања.Ова беше најниското ниво на кое стасав сега.Незнам како ќе продолжам понатаки.Цело зимо носам патики,скоро секој ден нозете не ги осеќав кога ќе си дојдев дома.Во обид да си купам барем од најевтините гузерици да можам да газам и да не се тресам кога ќе стасам дома,пробав да најдам работа,ваљда како келнер,што и да е..Прашав кај што знаев за повеќе работи,но ништо.Искрено знам дека парите не носат среќа,но дојдов до тој степен што стварно ми требаа,и пробав да продавам тревче (никогаш не би помислил на вакво нешто,имам само 5 пати пушено пред година и повеќе,чисто од радозналост.) но и тука ништо.Имам еден другар меѓу малкуте,слична состојба како мојата има,правевме планови за грабеж (јеах од продавница фри сокчина си носевме дома оти немаше кој да ни купи) на продавница,или кладилница..Ама едноставно сега сум изгубен.Многу работи ќе ми се скрата во овај месец..Пари,пусти пари.
 
У случај ако не си трол, бегај од дрогите, исто и од кражбите, фокусирај се у школо и тоа другарчето што ти е склоно на кражби бегај од него да не завршиш у поправен.
 
Ќе завршам средно,но секако неможам на факултет.Не би помислил на такви работи ако не бев ПРИНУДЕН.
 
Поработи година две како келнер штеди максимално учи англиски и здувни му ја на запад тое.
 
У градежништво има работа, најди некој што се занимава со тоа ќе бидеш чирак, давање даски, колички итн колку толку ќе зимаш за тебе.
 
Ќе завршам средно,но секако неможам на факултет.Не би помислил на такви работи ако не бев ПРИНУДЕН.
неможиш поради тоа што не ти се учи или немаш пари. амо е второто а си социјален случај, или твоите се невработени тогаш партиципацијата (за ова не сум сигурен за невработени родители) и седење во студентски ти е бесплатно.
 
секогаш можеш да си наоѓаш оправдување за лошите постапки но...

предлогот со келнер не ти е лош таму дури и облека ќе ти дадат за на и до работа па и работата е со доста контакти со луѓе од разни професии и може ќе налеташ на некој газда кој ќе ти даде шанса за подобра и секако поплатена работа,

друго и по завршување на средно можеш да аплицираш за работа на брод ако заминеш од корен ќе ти се смени животот бидејќи парите заработени таму ќе ти бидат чисти немаш трошок обезбедено ти е смештај и храна шетање по места од соништата гратис има и на форумов цела тема за тоа,

градежно е доста тешко но за старт највеќе може да заработуваш како за без искуство,
можности и за чесна и за нечесна заработка имаш многу а изборот по кој пат ќе тргнеш е само твој а оправдувањата ти се само изговор и ако еднаш тргнеш по стапките на криминалот нема назад така да си знаеш !
 
4.38 просек.[DOUBLEPOST=1521746811][/DOUBLEPOST]
Поработи година две како келнер штеди максимално учи англиски и здувни му ја на запад тое.

Англискиот ми е максимално усовршен.
 
Последно уредено:
Ако сакаш да пишеш од каде си, па преку форумџии да ти се помогне некако со работа. Ако сакаш да останеш во тајност, разбирливо е и тоа, па ќе се потрудиме на некој друг начин да помогнеме.
 
Прилеп.
 
Прилепчани сте познати по тоа што сте работлив народ. Епа биди таков.

Мал си, 17 години и мозокот ќе ти оди на разни страни... едно да знаеш, брзата пара ќе ти носи и брзи неволји.

Најдобар совет, барем според мене, ти даде мис индепендент... иди лето, идат потпли денови... оди кај некој мајстор и учи занает. тоа ти е најисплатливо, во зависност кон што си склон.

дали ќе биде тоа градежништво, дали местење кнауф, дали ќе работиш со редење ламинат, со местење на изолација (стиропор) надворешно и внатрешно - фасади на куќи и внатрешен простор, дали ќе земиш да одиш во градежништво... дали ќе работиш со водовод или со местење на струја... имаш повеќе избор...

тоа ти е колку да не го ебиш летово и да не правиш ништо.

кога ќе наполниш 18, ако барем и малку си поднаучил од ова, пасошот и надвор привремено на работа (сезонски), оди во почеток со група бидејќи нема да знаеш јазик и ако одиш сам секогаш ќе бидиш цел да бидиш ограбен или искористен на било кој начин.

од друга страна, еве гледам имаш најверојатно дома интернет... ако имаш дома интернет ќе ти помогнат дел од форумџиите... имаш еден куп работи кои можеш да ги работиш на нет и да земиш некој динар.
платформи како Upwork, Freelancer, People per hour ти се места кај шо можип да печалиш....

битно, немој да те фаќаат депреси дека цел живот ќе останиш сиромашен, така ќе биди ако само се помириш со сегашната ситуаицја.

на крај, на школо учи до макс англиски и друг јазик било кој да е.
јазиците се богатство, учи ги максимално во секоја можна прилика.
ќе ти требаат во иднина кај и да излезиш надвор од оваа македонија ни наша.

не се откажувај, крај краева ти рече од погоре Пеџа, ќе ти помогне некој од форумџиите на некаков начин, но активирај се и сам, научи се да не чекаш поклон од други иако намерите му се искрени и стварно сака да ти помогне.

да не ти солам памет, лично би пробал нешто со кнауф или со редење стиропор (изолација)... лесна работа е која ќе можиш да ја научиш и совладаш.
не ти треба Бог знае колку време да научиш како одат работите и не ти треба Бог знае колку многу и скап алат ако еден ден ти тргне и го сфатиш сето тоа па да го работиш сам или со некој друг кој бара ортак.

Со среќа и пиши на темата што ја отвори, не си во лесна ситуација ама ќе се снајдиш.

п.с. не вервам дека си трол
ако си трол ќе те провалат модераторите и ќе кркаш бан
а ние останатите ќе те пцуеме до 49583498574398 колено :D :D :D :D :D :D
 
секогаш можеш да си наоѓаш оправдување за лошите постапки но...

предлогот со келнер не ти е лош таму дури и облека ќе ти дадат за на и до работа па и работата е со доста контакти со луѓе од разни професии и може ќе налеташ на некој газда кој ќе ти даде шанса за подобра и секако поплатена работа,

друго и по завршување на средно можеш да аплицираш за работа на брод ако заминеш од корен ќе ти се смени животот бидејќи парите заработени таму ќе ти бидат чисти немаш трошок обезбедено ти е смештај и храна шетање по места од соништата гратис има и на форумов цела тема за тоа,

градежно е доста тешко но за старт највеќе може да заработуваш како за без искуство,
можности и за чесна и за нечесна заработка имаш многу а изборот по кој пат ќе тргнеш е само твој а оправдувањата ти се само изговор и ако еднаш тргнеш по стапките на криминалот нема назад така да си знаеш !

17 години има како што кажа, МАЛОЛЕТЕН Е, никој асален газда нема да го земе, мора да го пријави, оти казните се огромни ако работи на црно.
Во градежништво може, ама ДУШАТА ЌЕ МУ ЈА ВАДАТ, на 17 години да влече и да качува палети вреќи од 50кг цемент на 5-ти спрат.
Башка што мајсторите ќе го злоупотребуваат само.
 
Не го отварам топиков да кукам или да бидам attention-whore,туку искрено сакам совет како да пребродам овај катастрофален период од животот.

Влегувам во 17ка уште еден месец.Роден сум во релативно многу сиромашно семејство(ништо ново како Македонец).Со години живеев како во колиба,куќата беше разурната премногу..Пред 3 години со последни напори дома моите вложија некој денар да се реновира колку-толку.Цел живот сум тоа сиромашно дете од класот.Незнам што е тоа одмор,скапи алишта,скапи патики,да се курчам на инстаграм со Ауди-то на татко ми и тн итн.Годишно еднаш ми се купува алишта и патики и го носам година и повеќе,веќе патиките ми се искинати,алиштата не лича на ништо.Во средно се променив,ама околината во која живеам не.Родителите цел живот се оставале ама кратко,но сега беше финално да се отцепи еден од родителите.Останав со еден родител,со минимални примања.Ова беше најниското ниво на кое стасав сега.Незнам како ќе продолжам понатаки.Цело зимо носам патики,скоро секој ден нозете не ги осеќав кога ќе си дојдев дома.Во обид да си купам барем од најевтините гузерици да можам да газам и да не се тресам кога ќе стасам дома,пробав да најдам работа,ваљда како келнер,што и да е..Прашав кај што знаев за повеќе работи,но ништо.Искрено знам дека парите не носат среќа,но дојдов до тој степен што стварно ми требаа,и пробав да продавам тревче (никогаш не би помислил на вакво нешто,имам само 5 пати пушено пред година и повеќе,чисто од радозналост.) но и тука ништо.Имам еден другар меѓу малкуте,слична состојба како мојата има,правевме планови за грабеж (јеах од продавница фри сокчина си носевме дома оти немаше кој да ни купи) на продавница,или кладилница..Ама едноставно сега сум изгубен.Многу работи ќе ми се скрата во овај месец..Пари,пусти пари.
Келнер за таа возраст ти е најдобра комбинација, второ со кнауф или ламинат, трето ако си работел тутун за помош кај некој што сади големи површини, четврто со ситни пари да почнеш да препродаваш на пазар, петто да одиш чирак кај некој што работи со лимарија и полирање на возила, не е голема филозофија, а секогаш има работа и ќе знаеш занат за во иднина.
Учи го јазикот, пробај за на брод од следна година, а во меѓувреме пробај да извадиш пасош, за во мкд тешко дека со легална работа ќе може да си го средиш животот во следните 10-15 години.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom