P
Princ
Гостин
Доколку дизајнираш веб страни можеби би сакал да инсталираш веб сервер на твојот компјутер за го тестираш сајтот во околина која одговара на вистинската колку што е можно повеќе. Оваа тема објаснува како да ја инсталирате и конфигурирате апликацијата со отворен код Apache HTTP (web) сервер и како да направите да работи не со еден сајт, туку со онолку колку што сакате вие користејќи ја техниката наречена виртуелно хостирање според името.
Планирај пред да започнеш: фолдери
Планирањето на добра структура на фолдери за организација на вашите веб страни е важно. Под претпоставка дека имате ваша компанија, јас би ви препорачал да креирате фолдер во My Documents со име Moja kompanija. Наместо Moja kompanija можеби ќе сакаш да го користиш името на твоја компанија.
Наредно, креирај во фолдерот Moja kompanija под-фолдери Klienti и Moi stranici. Покасно ќе ги искористиме за да ги зачуваме страните што им припаѓаат на твојата компанија.

Наредно, отвори нов фолдер за секој клиент под фолдерот Klienti.
Искористи го неговото име или името на компанијата на клиентот за да го именуваш овој фолдер. Потоа, во фолдерот на секој клиент креирај фолдер со името на домејнот на клиентот.
Во секој фолдер кој го носи името на домејнот, креирај фолдер со име site кој ќе биде точка од која па натаму ќе има пристап клиентот.
Во тој фолдер креирај три нови фолдера со имиња: cgi, logs и web. Тие се именувани така бидејќи најдобро ја објаснуваат нивната намена.
Фолдерот web (така го нареков во мојот случај) ќе биде фолдер во кој го поставувам сајтот и сите фолдери во него ќе бидат достапни за јавноста. На пример, ако фолдеров има фајл primer.html ќе биде достапен ако некој напише http://primer.com.mk/primer.html под претпоставка дека мојот домејн е primer.com.mk
Забележувате дека cgi директориумот е надвор од фолдерот кој оди во јавност а тоа е добро. Зошто, ќе објаснам нешто покасно.
Симнете го Apache web server
Apache веб серверот е достапен во три различни серии: 1.3, 2.0 и 2.2. Бидејќи повеќе се препорачува 2.0 одколку 1.3 за Windows XP а софтвер како PHP колку што знам јас не е поддржан во верзијата 2.2 за Windows XP сеуште, јас ќе ја користам верзијата 2.0.59.
Оди на страната за превземање на Apache веб серверот и одбери ја серијата по твоја желба (1.3 или 2.0) и симни го програмот. Јас го симнав apache_2.0.59-win32-x86-no_ssl.msi

Инсталирање на Apache веб серверот
Како прво, логирај се како администратор.
Стартирајте ја инсталацијата на програмот. Ќе добиете порака за добредојде. Кликни на Next за да продолжите. Во овој прозорец треба да ја прочитата лиценцата на Apache и доколку ја прифаќате, одберете "I accept the terms in the license agreement" и кликни на Next.
Прикажан ви е "Read This First" документ, прочитајте го и кликнете повторно на Next.

Во овој прозорец можеш да ги внесеш информациите за серверот. Бидејќи јас немам други компјутери на локалната мрежа, му дадов домејн и име localhost. Доколку имате и други компјутери во локалната мрежа и сакате и тие да имаат пристап до веб серверот, подесете го добро серверот. Ако не можеш да се одлучиш сега, препорачувам сега да му дадеш име и домејн localhost бидејќи кога и да посакаш можеш да ја смениш конфигурацијата.
Јас препорачувам да го стартирате Apache веб серверот како сервис. Така ќе бидете сигурни дека секогаш е активен и нема потреба "рачно" да го активирате.
Наредниот чекор ти овозможува да одбереш тип на инсталација на Apache веб серверот. Default (типичните) подесувања се најдобри мислам во моментов, па затоа кликни Next.
Сега треба да одбереш директориум во кој сакаш да се инсталира веб серверот. Ако сакаш смени го типичниот, иако препорачувам и ќе пишувам како да се инсталирале во default директориумот односно C:\Program Files\Apache Group\
Најпосле, откако ќе кликнете на Next копчето можете да ја стартирате инсталацијата со кликање на копчето Install. Неколку прозорци ќе се отворат набрзинка па ќе се појави Windows Security прозорецот да праша дали да го блокира овој (Apache HTTP server) програм.
Одбери Unblock ако сакаш да биде јавен сервер (сервер до кој ќе може секој да пристапи). Ќе се затвори тој прозорец и ќе бидеш информиран дека Apache HTTP server е инсталиран успешно. Кликни Finished за да се затвори инсталациониот програм.
Продолжува во наредниот пост...