Од ковчегот на Македонската историја

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
4c7r1j9.gif

Накратко зошто антиката е толку „посакувана” и зошто постоела причина за изместувањето на нејзините вистински корени?

Античката историја има посебно значење за светската култура и историја. Во првата половина на средниот век при изградбата на првите посилни западно европски централизирани држави класичните дела на антиката биле обработувани од средновековните мислители и е земена како основа на изградбата на државата, правото, филозофијата... На некој начин е одбегнуван византискиот модел затоа што тогашните млади и не многу силни држави гледале на Византија - Источното Римско Царство како на свој ривал и опасен соперник. Во тоа време круцијална е религиската определба која поттикнувала да биде избегнувано користењето на културните и духовните дострели на силната Православна Византија од страна на католичките западноевропски држави.
Обработувачките на антиката се познати како глосатори (јазичници) бидејќи коментарите на античките дела ги пишувале по маргините - глосите на делата од антиката кои ги разработувале. Подоцна нивните коментари биле разгледувани и повторно толкувани, значи сега коментарите на глосаторите биле разгледувани од подоцнежни историчари, филозофи и мислители кои поради тоа се наречни постглосатори. Така се смета дека суштината на денешната европска држава која што пак извршила влијание врз системите на државноста и правните системи низ целиот современ свет е заснована на античката мисла. Затоа и во светот постоела и сеуште постои силна желба за ставањето на менторство или присвојување на изворите на тоа културно и филозофско богатство од причини што:
Суштински важно е колевката на науката, демократијата, филозофијата, да му припадне на неутрален народ вештачки издигнат за нивни потреби кој народ коренспондира со односот на Грците кои ја саботираат античка Македонија директно вклучувјќи се на страната на поробувачите Римјани. Да се заобиколи природниот наследник на антиката тоа е византиското културно и духовно наследство, избегнувајќи го патерналитетот на изворното христијанство од Византија чиј носител на суверенитетот е повторно Македонија.

Темелниот удел на Македонската култура врз античката цивилизација?


Низ своите истражувања пред се во областа на етимологијата и за наше изненадување доаѓаме до сознанија за темелниот удел на македонската култура врз античката мисла. Подолу се наведувани етимолошките македонски корени на божествата (пантеонот) како и други термини користени во античкиот свет.
Поради тоа што се помалку се користи грчкиот јазик имињата на боговите се напишани со латинични букви.
Пред доселбата на Данајците т.е. „Грците” постоеле силни цивилизации кои илјадници години ја граделе својата култура, писменост и духовност. Данајците доаѓајќи на овие простори го прифатиле постоечкиот пантеон и постоечкиот систем на вредности, вклучувајќи ги тука и термините на различни урбани структури, градежништво, филозофски термини и тн. Согласно на ова суштината на етимологијата треба да ја бараме меѓу народите и јазиците кои веќе имале развиена култура пред доаѓање на Данајците. Тие народи кои го дале коренот на античката култура исто така и први ја прифаќаат новата мисла и новите културни вредности пред се во видот на христијанството. Народите кои подоцна ја прифатиле античката култура подоцна и се откажуваат од неа. Бидејќи тие остануваат како нејзини носители тие претендираат да тврдат дека се и нејзините носители уште од почетокот. Всушност тие само се чекор назад во културниот развој од културите кои заминале напред.

ЗА АНТИЧКИОТ СВЕТ НА ВЕРУВАЊЕ


Сакаме да ја поправиме сликата на модерниот човек за религиското верување на античкиот човек. Постои погрешно поедноставување на верата на античкиот систем на верување. Најчесто толкувањето на одделните божества се зема како прост облик на верување во постоењето на бог-личност. Слично како во христијанството пример каде ангелите се земени како човечки лик со крилја но автентичното христијанско толкување зборува дека тоа е само симболичен приказ на духовни суштества кои не можат да се опишат и кои на луѓето им се претставуваат во разни облици, па и човечки така и претставите за античките божества се само персонализација на духовните сили кои античкиот човек медитативно ги откривал (читај „Небеската ерархија” Дионисиј Аеропагит IV век. Така и античкиот лик на бог е именување на „божествена” сила (креативна, разурнувачка, заводлива и слично) и е обид за приказ на силата која тие во позадина ја сметале за божество. Затоа и при судирот со христијанството античкиот религиски систем дава силен отпор. Во спротивно доколку античкиот религиски систем го гледаме онака како што го гледа модерната наука тоа би било сосема нерамноправен сооднос на прост пантеистички систем на верување на ликови-богови наспроти длабоко развиен систем на верување даден во монотеистичкото христијанство. Тој судир со оглед на огромната филозофска разлика би траел многу кратко. Меѓутоа самиот повеќевековен дуел укажува дека античкиот пантеон не бил примитивен систем на верување. Исто така зачудувачки би било во антиката да постои толку развиена филозофска мисла, а истовремено да постои толку примитивно религиско верување. Значи проблемот е во модерното примитивизирање на античката вера.
За разлика од Христијанството кое го утврдува Бога како Еден и единствено можен како Еден (читај Хенологија – наука за едното, единствено можно божествено - развиена уште од Аристотел) како еден античкиот политеизам им дава значење на божества на подолните извори кои истекуваат од највисокиот извор на Единиот Бог. Ги детектираат тие СИЛИ како божества и заради неописливоста (исто како и во христијанството за небесниот свет, ангели, демони) ги персонализираат во личности, но не значи дека тоа било и нивното автентично толкување (исто како и во христијанството).

МАКЕДОНСКИОТ БОГ НА ВИНОТО Д И О Н (DIONYSOS)
4dzdls1.jpg


Македонскиот бог ДИОН е богот на виното и лозарството, кој со својот дар – виното го развеселувал човековото срце, ги растерувал грижите, ги лекувал болките, давајќи му на телото здравје и напредок, во улога на спасител во духовна и телесна смисла.
Неговни редовни придружници му се: Мудриот старец СИЛЕН, САТИРИТЕ, малите богови подбуцнувачи КОБАЛИТЕ, а често и ПАН.
Затоа името на богот ДИОН ја носи пораката во себе на ТОЈ - ОН што пие и оди одн; самиот збор е двосложен составен од македонскиот глагол ДИ и личната заменка која се однесува на трето лице еднина ОН.
Во што се состои митолошката порака која ни ја упатува ДИОН?

1. Во врска со СИЛЕН (SILENUS).
Да пиеш но умот да не си го пиеш и со тебе секогаш да биде мудроста , умот и силата на телото , затоа најчесто мудриот и СИЛЕН старец е во негова придружба.
- Клучен збор ---------именката СИЛА !

2. Во врска со САТИРИТЕ (SATYROI).
Виното дава моќ, тој што пие мисли дека е семоќен како леопард или лав , и затоа често се ЗАДИРА , иако тром фаќа кавги, прикажан како САТИР префрлен со кожа од леопард или како јава на нив, понесен од виното со ”сила” како нив ! ”САТИРОТ” одн. ЗАДИРОТ свири, игра, гласно пее, вика, задева жени и сл. Тој често е наречен САВАТОИ што повеќе одговара на Хрватскиот и Српскиот Јазик со значење ЗАВАДИ одн. фаќа кавга. Во денешна смисла зборот САТИРА (кој и како мноштво други зборови е превземен од јазикот на Македонците и препишувачки видоизменет од страна на јазичниците), се однесува на литературно дело во кое со потсмев и безмилосна острина се ЗАДИРА и камшикува се она што не чини во општеството и кај поединецот!
- Клучен збор -------глаголот ЗАДИРА !

3. Во врска со КОБАЛИТЕ (KOBALOI).
Да внимаваме со чашката и да не претераме со пијачката, затоа што тука редовно се малите богови - подбуцнувачи КОБАЛИ одн. преполните садови за пиење вино - КОБЛИ, на кои тешко може да им се одолее!
- Клучен збор -------именката КОБЕЛ; КОБЛИ

4. Во врска со ПАН (PAN)
”Кој што пие дома не спие” – спие ВАН ! Односно се дружи со ПАН. ПАН не произлегува од грчкото pano, со значење – горе туку од изворната форма на македонскиот прилог за место ВАН, со значење - надвор! Затоа ПАН во подоцнежниот Латински дериват на Македонскиот Пантеон од богови ќе се наречи faun односно ФАУН што изговорно е поблиску до ВАН, а ја има истата функција како ПАН!
ПАН затоа е чест придружник и заштитник на сите кои се надвор и на отворено т.е. ВАН , на сточарите , ловците , вклучувајќи ја тука и божицата АРТЕМИДА каде со кучиња одн; Ртки ИДИ на лов!
- Клучен збор ------предлогот за место ВАН !

5. Во врска со СЕМЕЛА (SEMELA)
СЕМЕЛА , божицата ЗЕМЕЛА кај Етрурците одн. ЗЕМЈА Кај Македонците , е мајката на ДИОН , која го раѓа со ЅЕ –” ЗЕВС ” ,
(Алегоријата се состои во тоа да виното е дар од земјата (СЕМЕЛА) и бог (ЅЕ)). СЕМЕЛА по нејзината смрт го добива името ТИОНА што изговорно се доближува до ДИОН но овде вториот дел од зборот е во трето лице еднина - ОНА , па имаме ДИ ОНА т.е. ТИОНА чие име е поврзано со нејзиното патешествие до Пиерија и ОЛИМП каде вечно ќе живее?

6. Во врска со ЈАКХО (JAKHO)
- Постои и мистичен ДИОН наречен ЈАКХО кој е син на ЅЕ (ЗЕВС) И ДЕМЕТРА, макар да Аристофан го смета за син на ДИОН ; И овде главната врска поради кое ЈАКХО го добил името е моќта на виното кое го заЈАКнува телото !
(Клучен збор поврзан со ЈАКХО е описната именка ЈАК!)
И денес постои изворно Македонско име ЈАКО карактеристично за некои региони во Македонија!

7. Во врска со ЗАГРЕЈ (ZAGREUS)
- Честа идентификација на ЈАКХО се прави со исто така мистичниот и хроничен ЗАГРЕЈ, синот на ЅЕ (ЗЕВС) и ПЕРСЕФОНА чие име во оригинална форма ја дава една од особините на виното по неговата употреба - ЗАГРЕВАЊЕТО!
Клучен збор за ЗАГРЕЈ ……… глаголот ЗАГРЕВА!

8. Во врска со ПИЕРИЈА (PIERIA)
ПИЕРИЈА - Област околу ОЛИМП Составен дел на МАКЕДОНИЈА со главниот град ДИОН каде ПЕОНЦИТЕ ПИЕЛЕ вино и ги ПЕЕле ПЕАНИТЕ во слава на боговите на ОЛИМП ( Клучен збор за името на Пеонците е глаголот ПЕЕ , оттаму произлегува именката ПЕЕОН
(двосложен збор од глаголот ПЕЕ и личната заменка ОН) што означува жител на Пеонија, име кое и денес Македонците го имаат Пео; Пејо!
- Клучен збор за ПИЕРИЈА е Глаголот ПИЕ !

КРИЕЈЌИ ГИ МИСЛИТЕ НА ДНОТО НА БУНАРОТ, ПОЕТИТЕ ЈА СОЗДАЛЕ АЛЕГОРИЈАТА А КРИЕЈЌИ ГО ИЗВОРНОТО ЗНАЧЕЊЕ НА ЗБОРОВИТЕ ЈАЗИЧНИЦИТЕ ЈА МЕНУВАА МИТОЛОГИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ПОЛЗА НА ОНИЕ КОИ И НЕМАА ДРУГ ИЗБОР ОСВЕН ДА ЈА П Р И Ф А Т А Т !
 
На ова ќе си му напрам КОПИ, ако? хееее
И таа сликата со знамето ќе ти ја земам :)
 
i kako sto stanuva praksa kaj podobrite tekstovi,za zal povtorno nedostigaat referencite.
 
Зеирене

Според д-р Наде Проева (цит. дело, стр. 162), терминот Зеирене бил употребуван од страна на античките Македонци како термин за божицата Афродита. Од друга страна во македонскиот јазик постои зборот зеир, што означува: горчина, јад. Дали постои етимолошка врска помеѓу овие два речиси исти збора? Одговорот може да биде позитивен доколку се знае улогата на Афродита во тогашната митологија. Имено, Афродита била божица на љубовта, иако била мажена за грдиот Хефест, имала и други љубовници. Поради неа се случила и Тројанската војна, а останатите божици постојано & љубомореле поради нејзината убавина. Значи, нејзиното име и дејност, поврзани со љубовните интриги, и тоа како, можат да се поврзат со термините горчина и јад (зеир). Поради ова постои голема можност за поврзаност на античкомакедонскиот збор Зеирене со денешниот македонски збор зеир.

Скоидо(с)



Овој термин бил поврзан со судството кај античките Македонци (Д-р Наде Проева,цит. дело,стр. 59). Д-р Проева пишува дека, освен цивилни, имало и воени скоидо(с). Можеби од овој термин се развиени денешните македонски соодветни термини: судии, судови и сл., доколку се земе предвид дека скоидо(с) претставува само туѓа транскрипција на овој античкомакедонски збор, а секако дека тука е и вековното растојание помеѓу времето на неговата употреба и нашево време. Ниту овој збор не постои во грчкиот јазик, а го има во останатите т.н. словенски јазици.

Упербер

Ова е еден од двата оригинални античкомакедонски називи за денешниот месец септември. На тогашниот грчки јазик, овој месец се викал Боед-ромион. Познато е дека честопати етимологијата на називите на месеците се лоцира во одредени активности што се извршуваат во дотичните месеци. Ако прифатиме дека месецот септември (не само во македонското подрачје) од искона е поврзан со бербата како најглавна активност за луѓето во минатото, тогаш можеби називот Упербер би можел да се поврза со денешната македонска именка берба? Во прилог на ова ќе потсетиме и на мешањето по звучност на согласките "п" и "б" во денешниот македонски јазик. Веќе видовме дека, во преданието за настанокот на Воден, античкомакедонската престолнина Пелла, од Македонците во 19 век, се изговарала како Бела. Оттаму, ако Пелла станала Бела, зошто и Упербер да не можел да стане Убербер, т.е. бербер (денешен македонски збор што значи берач)? Впрочем, еден од народните македонски називи за Септември и навистина бил називот Гроз-добер (сложенка од именката грозие и глаголот бере). Секако дека, во сето ова, треба да го имаме предвид и неодминливиот факт дека и овој античкомакедонски збор стигнал до нашево време преку својата грчка транскрипција.

Летаи(ос)

Ова е вториот оригинален античкомакедонски назив за денешниот месец септември. Септември пак, е летен месец (поточно на крајот од септември завршува летото, но почнува т.н. Циганско лето). Очигледна е сличноста помеѓу античкомакедонскиот збор летаи(ос) со денешниот македонски назив на годишното време лето, на кое, впрочем,и му припаѓа месецот летаи(ос). Секако дека и зборот лето го има во останатите т.н. словенски јазици.

Панам(ос)

Ова е оригиналното античкомакедонско име за денешниот летен месец јуни. Во денешниот македонскиот јазик постои именката панама, која значи летна шапка! Значи, и во овој случај, имаме повеќе од очигледна идентичност во изговорот помеѓу еден античкомакедонски и денешен македонски збор, а овде секако е и нивната етимологија, поврзана со летото. Значи, Панамос е летен месец, почеток на летото, период во кој се носи летната шапка панама, која можеби го добила своето име токму од името на овој месец.

Телесиа(с)

Ова е оригинално име за една античкомакедонска игра, т.е. вид на воен танц. Несомнено дека овој збор, многу слично се изговара како денешната македонска придавка телесна, која е изведена од именката тело. Игрите и танцовите се играат со движење на телото. Дали можеби постои етимолошка сличност помеѓу овие два збора?

Карпеа

Овој античкомакедонски збор значел име на фолклорна игра, во која, според ритамот на свиралката, се имитирало крадење на крави и волови. Во македонскиот Ономастикон денес постои машко име Карпе. Дали неговото име има врска со називот на оваа фолклорна игра? И дали можеби можеме да претпоставиме дека називот Карпеа, како назив за игра во која се имитира токму крадење, асоцира на денешниот македонски глагол крадеа? Можеби ова е смело да се претпостави, но никако не треба да ја испуштиме од предвид докажаната лоша старогрчка транскрипција на античкомакедонските зборови, според која, тие си ги транскрибирале овие зборови така како што најблизу им прозвучувале до некој нивни збор (без да водат сметка во каква форма го запишале тој збор, т.е. дали е тој збор глагол, именка; дали е во множина, еднина, членуван и сл.). Впрочем, ова се случува и денес. Пред дваесетина години, во Данска, од етнички Данци, беше формирана група, која исполнуваше македонски народни песни. Данците беа научиле да свират на неколку македонски народни инструменти и наизуст беа научиле да ги пејат неколкуте македонски народни песни. Но, името на нивната група беше необично и гласеше Урте (збор кој нема никакво значење, з.м.) Кога на македонската ТВ ги прашаа од каде им е ова необично име, Данците рекоа дека тоа е македонскиот збор утре, што тие овде честопати го слушале, но дека тие, во склад со сопствениот јазик, си го транскрибирале како урте. Дали можеби и античките Грци глаголот крадеа (или некој сличен на него) го транскрибирале како карпеа? За ова нека се произнесат лингвистите, но факт е дека вака запишаниот збор карпеа потекнува од античкомакедонскиот јазик, за кој, наведовме повеќе сведоштва дека бил неразбирлив за тогашните Грци. Инаку карпос на грчки значи плод и овој збор нема никаква врска со етимологијата на називот на играта, но можеби на тогашните Грци им послужил како модел за транскрипција на, за нив, неразбирливиот, збор крадеа.

Дека ваквата смела претпоставка не е сосема без основа, ќе наведеме уште еден податок. Имено, познато е дека во денешниот македонски јазик, гласовите "а" и "р" кога се заедно, можат со текот на времето да си ги заменат местата. Ќе го наведеме примерот со денешниот македонски архаизам картал. Во македонскиот народен јазик од 19 век, овој архаизам значел орел (види во: Преданија и легенди од д-р Кирил Пенушлиски, цит. дело, стр. 317). Архаизмот картал се зачувал до денес со истото етимолошко значење, но со изменет редослед на гласовите "а" и "р", па сега, овој збор се изговара како кратал. Значи, ако од КАРтал со текот на времето станало КРАтал, зошто не би можело од КАРпеа, со текот на времето да станало КРАпеа и подоцна Крадеа? Но, да го оставиме и ова на идните истражувања на лингвистите.

Астхетеаирои

Иако не се знае точната етимологија на оваа воена формација од античкомакедонската војска, се смета дека тоа било пешадиска единица, придружничка на Македонската фаланга. Несомнено дека античкомакедонскиот збор астхетеаирои е сложенка составена од зборовите: аст и хетеаирои (придружници). Етимологијата на зборот аст досега не е идентификувана. Но, имајќи го предвид фактот дека постои фрапантна сличност на други античкомакедонски зборови со сегашниве македонски, ќе направиме еден обид во оваа насока. Да видиме што би можел да значи зборот аст. Познато е дека кај некои европски стари народи постои копје, кое се вика ост. Во денешниот македонски јазик, како архаизам, постои именката осте-гарка (долг стап за тепање), а во некои јужномакедонски дијалекти постои и зборот оста, што значи долг помошен стап со куки, за полесно ловење риби (податок од Јосиф Грезловски од македонското преспанско село Љубојно, кој денес живее во САД). Веќе спомнавме дека честа практика во македонскиот јазик е, вокалот "а", со текот на времето да се заменува со "о" (примерот со Охрид, кој во неколку стари мапи е заведен како Ахрида).Ова значи дека, штом од Ахрида, со текот на времето станало Охрид, можно е и од аст да станало ост (што всушност е основа на зборот остегарка, како долг стап за тепање, т.е. копје). Значи, етимологијата на зборот астхетеаирои, отприлика би била: оние што придружуваат со копја. Всушност, и Хамонд тврди дека астхетеаирои биле придружна единица на Македонската фаланга. Но, дефинитивниот одговор на оваа загатка да го оставиме на идните лингвистички истражувања. Инаку, ниту овој збор не постои во грчкиот јазик.

Продромои


Етимологијата на овој античкомакедонски збор ја дава Ариан (цит дело, стр. 36). Се работи за уште еден вид античкомакедонска воена единица, која била составена од извидници, вооружени со копја. Јасно дека во овој збор го среќаваме денешниот македонски збор друм. Дури можеме да претпоставиме и дека овде е употребен и денешниот македонски сврзник по, кој, заедно со множинската форма на именката друм, би гласел: по друмои. Сигурно дека денешното македонско по друмои асоцира на слична етимологија и изговор со античкомакедонскиот збор продромои. Инаку, факт е дека зборот дромос го има и во грчкиот јазик (со истото етимолошко значење - пат), но тоа не мора да значи дека истиот потекнува од овој јазик.

Пелла

Името на македонската престолнина Пелла, на античкомакедонскиот јазик значело камен. Во денешниот македонски јазик постои несомнено сличниот збор спила, како збор, кој денес значи стрмна и голема карпа. Но, можеби ќе звучи изненадувачки за неупатените ако кажеме дека кај Македонците од 19 век зборот спила буквално значел камен (види кај: Пре-данија и легенди од д-р Кирил Пенушлиски, цит. дело, стр. 319)! Значи етимологијата на зборовите пелла и спила е потполно иста! И сличноста во изговорот на овие два збора е очигледна, посебно ако се знае дека, низ вековите, во македонскиот јазик, вокалите е и и честопати си ги заменувале местата во исти зборови.

Сава

Овој античкомакедонски збор, според д-р Наде Проева (цит. дело, стр. 172), значел вегетација. Сите нам добро ни е познат зборот савана, кој значи плодна рамница и кој етимолошки асоцира на античкомакедонскиот збор сава (вегетација). Во Речниците за странски термини, за зборот савана пишува дека е од шпанско потекло. Да оставиме идните истражувања на проверат дали можеби овој збор Шпанците не го добиле од Римјаните, а овие од Македонците?

Ова не се однесува само на шпанскиот и на латинскиот јазик, туку и на останатите (посебно соседни на македонскиот) јазици. Од нив треба трпеливо да се издвојуваат македонските зборови и да се вклучуваат во македонскиот јазичен фонд. Повеќе од сигурно е дека бројни зборови од македонско потекло и сега опстојуваат и се проучуваат како составен дел на соседните јазици.

Слично се случувало и со творбите од македонскиот фолклор. Македонските народни песни долго време биле проучувани како составен дел од бугарскиот, српкиот или грчкиот фоклор. За жал, и денес во Грција македонската култура се прикажува како составен дел од грчката. Намерно се испреплетуваат македонските и грчките фолклорни мотиви, за да се стекне впечаток дека се работи за една иста култура. Исто е и со Бугарија. И Бугарите честопати, кога настапуваат на фолклорни фестивали, изведуваат македонски народни песни, кои, било преку бугаризирање на текстот, било преку интервенции во мелодијата, ги прикажуваат како бугарски. Но, со трпеливо анализирање, сепак македонските фолклорни творби можат да се издвојат од туѓинските, што впрочем и е направено во последниве неколку децении, поради што веќе имаме јасно профолиран богат фонд на македонски народни творби.

Но, процесот со детерминирање на зборовите од античкомакедонско потекло од туѓите јазици (пред сe во грчкиот и во латинскиот) сe уште не е ни започнат. Колку зборови, кои, денес во светот, се сметаат за грчки или за латински можеби имаат античкомакедонско потекло? Зошто денес зборот процес е сметан за збор со грчко потекло, кога видовме дека многу сличен на овој збор имало во античкомакедонскиот јазик, за кој јазик, пак, самите Грци тврделе дека им е неразбирлив? Што ако Грците го примиле овој збор од Македонците?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom