Мистичен
Човек
Признавање на странски дипломи во рок од осум работни дена е новата измена на Законот за високо образование предложена од Владата. Ова, денеска на прес-конференција во Скопје, го соопшти вицепремиерот за економија Зоран Ставревски. Суштината на одлуката е македонските умови побрзо да се враќаат во земјава и кога ќе се вратат да им бидат признаени квалификациите стекнати во странство со цел да не минуваат низ лавиринтите како досега.
Моментално, за нострификација на дипломи стекнати на странски Универзитети чекаат околу десетина илјади лица. Измената предвидува Министерството за образование да формира петчлена комисија за нострификација на дипломите стекнати на 500. најдобро рангирани светски универзитети, додека за останатите дипломи ќе бидат потребни 20 дена.
Владините претставници најавија и значително намалување на цената за нострификација која досега изнесуваше од 800 до две илјади евра, без да прецизираат колку ќе изнесува новата цена.