Jim Carrey

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymousone
  • Време на започнување Време на започнување
Најголем дел од ствариве што ги збори се булшит. Прочитал некоја книга и ја открил америка па сега држи говори, со оглед на интелигенцијата и на просечниот човек делува како да е пророк.
 
Колкав идиот и да е, Jim Carrey со неговиот шашав хумор ми има разубавено илјадници тмурни денови и ноќи во кои сум се чувствувала многу лошо. :tvg: :cool:
 
По се изгледа Џим има егзистенцијална криза, дали животот има некое значење или е многу врева за ништо!?
 
По се изгледа Џим има егзистенцијална криза, дали животот има некое значење или е многу врева за ништо!?

Има значење, ама обично не се крева врева околу тоа. :) Си живееш и гледаш што се случува. :)

Проблемот со извесен број популарни фаци (што не мора да е случај и со Кери, но со некои секако е) е што не знаат што со себе и како понатаму, посебно кога ќе се соочат со тоа што нивните 5, 10 или 15 минути поминале, а шансите за враќање на голема врата се или мали или воопшто ги нема. Тоа мора да е тежок проблем - да се дознае дека нема популарност, да не се добиваат понуди за работа (или тие да се омаловажувачки), да се биде полека но сигурно заборавен и да ги снема сите оние газолижачи кои се обидуваат некако да се огребат од туѓата слава и пари. За многу тоа е страшен удар и врз егото и врз џебот. И тоа повеќе доаѓа до израз ако се крупни ѕверки, кога „падот“ е уште поспектакуларен. Па уште ако се работи за личности со разни проблеми и склоности (депресии и други психички проблеми, алкохол, дроги и сл.) и стил на живот кој подразбира секојдневно трошење на пари кои просечен македонец нема ни за два живота да ги заштеди, ете неисцрпна забава и сеир за масите кои сакаат вакви приказни (за тоа како богатите и славни пропаѓаат) и да се ситат.

И децата ѕвезди од 80-те и од 90-те главно се пример кој веројатно, барем донекаде, има врска со проблемот на Кери, иако во нешто поинакви услови. Малку од нив се извлекле неоштетени. Тие завршија неславно и се соочија со проблемот како да се продолжи со професијата во услови кога никој не ги есапи. Сега се или се мртви (повеќе има такви - самоубиства, предозираност и сл.), или се симнати неколку нивоа подолу (споредни ликови во филмови кои никој не ги гледа, епизодисти во серии), или се зборува за нив само кога ќе бидат приведени за некоја идиотштина. Или кога ќе признаат дека биле силувани како деца.
 
Ех таа среќа и јас да направам 150 милиони долари па да ме заборават сите, идеална комбинација.

Проблемот со овие ликови е шо незнаат дека нашата планета се конструирала на ваков начин, што за секоја работа/акција/успех/доминација постои баланс. Историјата сама сведочи за ликови без разлика од која бранша доаѓаат, се издигнале до самиот врв па после извесен период паднале скоро во заборав.
Не само за луѓе, овде може да се набројат и држави, империи, царства итн ... За се постои крај, дури и за самата планета еден ден. Пред 2000 години за Римското Царство се прогнозирало дека ќе владее со светот до крајот на неговото постоење. Сега од него има останато само пар разрушени градби, колосеумот, и неколку вијадукти.
Никој нема да биде нонстоп успешен, исто како и шо никој нема да биде нонстоп на дното. Од нас зависи само како ќе ја изменаџираме и прифатиме реалноста.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom