Ретка брада

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
922
Поени од реакции
1.434
Барав топик за брада ама не можев да најдам.
Ретка ми е брадата,и сакам да ги потполнам празнините.Знам дека пред се зависи и од генетиката,но сепак ќе побарам совет од вас.Гледав тон видеа и најдов некој продукти ама не сум во можност да порачувам срање од интернет,така да...
Некој совет за ретка брада,и некој продукти од аптека што помагаат ?
This seemed pretty impresive
 
Миноксидил ти е лекот Пилфуд 5% што се продава за третирање ќелавост. Не би ти го препорачал зш има нус појави како чешање, а и секое влакно што ќе потера кога ќе престане да се користи миноксидилот по некое време паѓа.
 
Барав топик за брада ама не можев да најдам.
Ретка ми е брадата,и сакам да ги потполнам празнините.Знам дека пред се зависи и од генетиката,но сепак ќе побарам совет од вас.Гледав тон видеа и најдов некој продукти ама не сум во можност да порачувам срање од интернет,така да...
Некој совет за ретка брада,и некој продукти од аптека што помагаат ?
This seemed pretty impresive
Абе шо ќе тие брада не заебавај,ќе поминит хипстер модава и после?
 
Што и да користиш мушкоста нема да ти ја зголеми, до генетиката се некои работи, не може сите да сме исти нели, а што и да користиш можеби ќе ти помогне минимално, но размисли дека нешто друго ќе ти уништи.
 
Ми требаат совети за брада.Имам нецелосна брада,patchy-beard.Од порано ми се потполни ама само малку,прилично ретка ми е и сакам да стани поцелосна,и да ми се развија малку погоре од jawline-ot.Знам дека повеќе зависи од гените и до нивото на тестестероните.Прашав некои другари,ми рекоја да се бричам контра,а така и правам.На гугл побарав patchy-beards и најдов нешто слично како мојата,видете на сликата.Совети,tips?

Само пуштај ја, ќе ти се пополнат празните места.

Ѕирни ја темава.
Е сега линкот е на англиски ама веќе една ти одговориле да не се повторуваме :)
 
Како за прво мислење на форумот веднаш после регистрацијата :)
нема врска, се сетив дека прочитав нешто за ова неодамна и пишав „брада “ во претрага. Случајно видов дека ти си истиот кој веќе прашал за ова. Има добар текст на линкот од членот, помага сигурно за тие што имаат мака со тоа, јас напротив „барам лек“ за намалување на влакненца на брадата :D
 
За жал никош нема да добиеш брада каква што сакаш со препарати. Батали го тоа, не ти треба брада и нема смисла да се фрустрираш ради тоа.

Имам голема и густа брада која ја пуштам во зимниот период веќе 3 години уназад. Доста сум информиран за бради, и такви препарати нема, не фрлај пари за џабе.

Видеото што си го ставил е чиста реклама. А и со таа брада шо на крај ја израсна, изгледа како искубан петел. Незнам што е импресивно тука.

Единствена опција е пресадување, ама какви комплекси треба да имаш за да го сториш тоа?

Sent from my Shoot_1 using Tapatalk
 
Замисли се сега ти у негова позиција, 5 влакна имаш на лице и ја ти викам дека имам многу густа брада што си ја растам и ја негувам преку зима, и ти викам на тебе дека ич тоа нешто не ти треба, никогаш нема да добиеш брада како мене колку и да се обидуваш и било какви препарати да користиш, зш ја сум од тие избраните;););):icon_lol:
 
Да имаш густа и голема брада е голема обврска пред се. Има моменти кога ужасно чеша и никакви масла не помагаат. Се трима минимум еднаш неделно и се користи восок за правилна форма.

Јас чувам брада стрикно на зима, а на лето редовно се бричам.

Комплименти сум добивал само од машката популација, додека од женската никоја ама баш никоја не ми рекла дека поубаво изгледам со брада.

Затоа не треба никој да се јафисува со вакви работи до тој степен да почне да верува на топ шоп реклами и магичен раст.

Sent from my Shoot_1 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom