- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.592

КЛИКНИ ТУКА:
http://www.animatedsoftware.com/environm/no_nukes/tenw/nuke_war.htm
Ефекти на хидрогенска бомба од 1 мегатон:
Ако си во првите 10 км од експлозијата се топиш инстантно од гама радијацијата, дури неможеш да осознаеш дека те снемува во таа микросекунда зошто нервните импулси во телото се поспори од радијацијата.
Вториот круг меѓу 20+ километри умираш за 1-2 секунди -- откако прво се живо ќе ослепе од јацината на светлосниот бран. Експлозијата е неколку пати потопла и посветла од сонцето.
Потоа во третиот и останатите кругови, стотици километри на сите страни следуваат неколку удари: топлотен, притисок, па „ветер” со брзина на најстрашен ураган кој уништува се пред себе, па електромагнетски удар кој ќе ги стопи сите електронски комуникаци, и тн.
Во некој од овие поистакнати кругови топлината е толку голема што го топи асфалтот и луѓето на него. Некои што би скокнале во река на пример за да се спасат, ќе изгорат од топлината на водата.
Тие кои се оддалечени од експлозијата, а им повлијаела радијацијата и останатите елементи, умираат за неколку дена или недели, дури и да се евакуираат набрзина. Телото одвај се одржува како целина, косата паѓа, кожата целосно се лупи, крварат од сите отрови, се чувствува неопислива жед која никако неможе да се запре. Откако настапува привидно подобрување, доаѓа до конечно разградување на молекулите и до смрт.
Дури и да има доволни колучества морфиум и цијанид, најголем број на луѓе ќе бидат во шок и прашање е дали ќе можат да употребат отров за да се убијат или да си ги ублажат болките.
Видете на линкот како фантастично добро се опишани ефектите.
Со еден збор - УЖАСНО СОЗНАНИЕ!