Дали сме потрошувачи од втор и трет ред во Европа?

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.463
Поени од реакции
8.659
Возраст
34
Видеово од емисијата 365 степени ме натера да отворам ваква тема на истото прашање од самото видео.

Ме интересира што мислите на оваа тема. Дали воопшто ние производите пред се од познативе брендови во Македонија ги купуваме со сличен квалитет како и брендовите оригинал произведени во земјата во кој им е седиштето на фирмата / фабриката или премногу им е лош квалитето ?
 
Имаме доста на форумов зборено за ова. Нема никаква потреба од прашањево во насловот. Познато и сосема разјаснето.
 
Видеово од емисијата 365 степени
емисијата 365 степени
@MARCELLO зошто има 365 степени во еден круг?
Затоа што има 365 дена во годината.
Земјата е како круг.
MIND = BLOWN

Патем, какви производи сакате да добиваме кога во 2017 година користиме пити од Excel 2003 и вакво форматирање на текст и дизајн?
EAlvDUP.jpg
 
Последно уредено:
зошто има 365 степени во еден круг?
Затоа што има 365 дена во годината.
Земјата е како круг.
MIND = BLOWN

Патем, какви производи сакате да добиваме кога во 2017 година користиме пити од Excel 2003 и вакво форматирање на текст и дизајн?

Јованке, дај една медаља за детето.

SODETECTIVE_06E72D94.png
 
Дефинитивно сме потрошувачи на срање во земјава.Прилично какви било производу да се увезат од друга земја,90% се понизок квалитет.
 
мнoгупати сум се распрвал на темава со: пријатели, колеги, роднини и секогаш сум си го мислел истото и сум ги прашува следново а ќе ве запрашам и вас:

Што мислите дали секогаш производителите се тие кои на нас од источна европа или западен балкан ни испраќаат нарочно производи со послаб квалитет?

Или дали можеби нашиве лакоми увозници и трговци во желбата за поголем профит можеби ги замолуваат или прифаќаат да земат фторокласен производ (читај производ несоодветен за продажба и потребно е негова преработка или уништување), да им го дадат нив а они да ни го продадат нас како врвен квалитет?

Моето мислење дека е така е мошне веројатно.
 
Најдобар пример од секојпат ми била Милка чоколадана. Во Германија сосема поинаков и подобар вкус има него тие штос може да се купат во Македонија. Потоа и Нутелата не е иста. Па Марс, Сникерс, итн...
 
мнoгупати сум се распрвал на темава со: пријатели, колеги, роднини и секогаш сум си го мислел истото и сум ги прашува следново а ќе ве запрашам и вас:

Што мислите дали секогаш производителите се тие кои на нас од источна европа или западен балкан ни испраќаат нарочно производи со послаб квалитет?

Или дали можеби нашиве лакоми увозници и трговци во желбата за поголем профит можеби ги замолуваат или прифаќаат да земат фторокласен производ (читај производ несоодветен за продажба и потребно е негова преработка или уништување), да им го дадат нив а они да ни го продадат нас како врвен квалитет?

Моето мислење дека е така е мошне веројатно.
И двете.
За првото постојат премногубројни докази и потврди, а второто се подразбира.
 
Toa германските коли се со друг квалитет нови од салон, па за друго да не зборуваме. Е сега може да се вадат од типот дека ги прилагодуваат вкусовите според желбата и вкусот на потрошувачите ама тоа за храна можат само. Има еден таков пример со кока-кола. Во САД пример кокаколата е преблага срање е, додека кај нас е многу поубава.
 
Може е и надвор од темата, ама овие нашите конфекции произведуваат марки како Наик, Адидас и сл. со етикета ,,Made in Greece'' и тоа за џабе, ни плаќаат работници ни ништо, после цела салам роба ја носат во Грција, па грците на нас ни ја продаваат за 50е. парче, а нашите тука на нас ни ја шиткаат за 100е. Со наш камен, главата ни ја капат. Исто и италијанците што ни прават со прилепскиот мермер што е меѓу врвните и најчистите во светот. До некаде и ние сме за ебење т.е. газдите да таквите конфекции. На телефон сум, а имам уште многу за пишување.
 
Е добро де купувајте Македонски или НЕ ЕУ Балкански производи поефтини се и ако се понеквалитетни светски брендови повеќе се исплати. Легитимно право е на секоја фирма ова да го прави.
 
Ете свесен народ сака да добие повеќе од сите за своите пари,
ако се случи истово тука во Македонија одма ќе се најде да ни соли памет дека секаде било така,
е баш од тоа си патиме и да е секаде така ти ќе бараш повеќе за да добиеш колку што треба и заслужуваш и истото треба да го бараш за се.
Е ТОГАШ ОД НАС ЌЕ БИДЕ И НАРОД И ДРЖАВА независно од која вера и нација сме !!!
 
Германците незадоволни зошто отсега и нивната „Нутела“ ќе има квалитет како во останатите држави
http://makfax.com.mk/daily-news/германците-незадоволни-зошто-отсега/
И пак ќе биде поквалитетен од овај тука, А нивните коли за наш пазар од оние што светкаат црвено при инспекција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom