МАРС - Македонски радиски фестивал

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.458
Поени од реакции
8.654
Возраст
34
Завчера се одржа овој фестивал на наградување на македонските музички артисти и нивните песни. Манифестација која е организирана од Антонио Димитриески. Интересна идеа за фестивал и пред се дешавка но сепак има нешто што премногу му фали на ова уште од неговиот почеток на одржување. Мислам дека мора да се подобрат некој работи. Лошо е што 99 проценти изведувачите пеат плејбек, сцената сиромашно дизајнирана, шпици ефтини готови темплејт, водителите со клише досадни текстови кој ги читаат и прашања кој им ги поставуваат на наградените.

Очекувам и ваши мислења па да подебатираме повеќе за ова.
 
Проблемот со „фестивалот“, ако можеш да го наречеш фестивал, не лежи во сцени, осветлувања и озвучувања, туку од старт во она што го нуди, а нуди: секоја година десетина песни од истите изведувачи и автори, зашто другите не се согласуваат да настапат на „фестивалот“. Заклучок: избраниот „радиски хит“ не е вистинскиот „радиски хит“ за изминатата година, туку наместен.
 
До сега е емитуван на телевизија или само е одржан? И ако е веќе емитуван каде може да се најде да се гледа?

И те како лежи во сцени, осветлувања и озвучувања. Секако битно е песната да биде добра, но колку една песна може добро да се долови на сцена со две сијалици, сцена која на ништо не личи и озвучување каде преку микрофонот што пишти се слуша гласот на пејачот како во далечина?
 
Бобче, ај, жити мене: поарно е да ја слушаш Калиопи неосветлена, а-капела, без микрофон, или Глоријан со добро осветлување, одлично озвучување и сцена ко на Евросонг?
 
До сега е емитуван на телевизија или само е одржан? И ако е веќе емитуван каде може да се најде да се гледа?
На МРТ 1 секоја година се емитува. Завчера беше пренос и има некој настапи прикачено на Јутјуб.

Гости беа Меморија и земаа награда за трајни вредности.

Наградата е статуетка микрофон во стилот на другите музички и филмски награди во светот што доделуваат статуетки.

Имаше и главна награда апсолутен радиски хит. Првите некој години кога се одржуваше во Универзална за таа награда се добиваше и користење на универзалната сала годишно за да може победникот да направи концерт али сега сигурно тоа не го добиваат затоа што Универзална не се користи одамна.

http://www.radiomk.com/ova-leto-kje-se-pamti-e-apsoluten-radiski-hit-za-2017-godina/

Јас фатив мал дел додека чекав да почне На Терапија.
 
Фестивалот е македонски ентертејнмент in a nutshell така да.... :D
 
Бобче, ај, жити мене: поарно е да ја слушаш Калиопи неосветлена, а-капела, без микрофон, или Глоријан со добро осветлување, одлично озвучување и сцена ко на Евросонг?
Калиопи со добро осветлување, одлично озвучување и сцена ко на Евросонг.
 
Калиопи со добро осветлување, одлично озвучување и сцена ко на Евросонг.
Ова ко да те прашал некој дали сакаш да имаш секс со баба или со дедо, и ти да му одговориш - со баба ти, ама прво да испие напивка за подмладување и да стане 23-годишна риба.
 
Ова ко да те прашал некој дали сакаш да имаш секс со баба или со дедо, и ти да му одговориш - со баба ти, ама прво да испие напивка за подмладување и да стане 23-годишна риба.
Не, туку ние сме научиле цел живот да сме задоволни со помалото лошо од двете лоша, затоа фестивалите ни се такви.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom