Книга од која не ви е доста

  • Креатор на темата Креатор на темата Marina_21
  • Време на започнување Време на започнување
Од што не ми е доста, дури и рецензија и` напишав:

„Светот на Софија“ – Јустеин Гордер

Кога дува ветерот, некои градат ѕидови, а други ветерници. Според оваа аналогија, Јустејн Гордер е смел напластувач на тежината на светот, од архето до современоста и сето тоа наместо да го заштити од ветерот, го претвора во ветерница. „Светот на Софија“. Современиот дух на дваесет и првиот век од една страна и севкупното филозофско превирање низ историјата од друга, се споени на едно место и градат роман на контрастот меѓу пулсот во 2006 – та и историскиот пулс. Размерот на спротивностите е голем, па затоа оваа книга е еклектика од два романи, со дијаметрално спротивна тежина.

Затоа, „Светот на Софија“ претставува филозофско четиво за
популацијата од 7 до 77 години, во кое сета тешка беспрекорност на филозофскиот збор е тенденциозно „олесната“ за да интригира при првото читање и да може да се примени во праксата кај различни возрасни групи – со второто. Ова дело е се чини, најголемото Гордерово вложување во рационалното битисување, добра новинарска обработка на филозофијата и наративно, прозаично, прикажување на основите на учебникот по филозофија.

Огнот што го разгорува романот е вртелешката што најизменично ги менува улогите меѓу сезнаечкиот и персоналниот наратор. Софија е петнаесет годишно девојче кое едновремено живее и во реалноста и во внатрешноста на книга. Името е тенденциозно и ја симболизира мудроста (на латински) и потсетува на основната идеја во романот а тоа е философијата. Додека е лик од книга, Софија е повеќепати стегната меѓу филозофските прашања кои градациски и` се наметнуваат, софистицирано обвивајќи ги егзистенцијалните проблеми за постоењето и слободната волја. Двојниот живот на Софија и нејзиното преминување од еден во друг свет, несомнено потсетува на „Алиса од земјата на чудата“, но сето тоа е мајсторско дело на Гордер со кое сака интригантното и тешко филозофско размислување да го вовре под кожата на најмладите читатели, до кои мудроста заради неискуството – ретко допира.

Со својата едноставност, „Светот на Софија“ го нуди збирот на архето, колку и да е тоа различно според различните филозофи низ времето и просторот. Сепак, самото постоење на овој наслов на наткасната, бездруго мириса на залажувачки лесен дискурс. Вистината е дека филозофската половина од ова четиво не се чита брзо и бара размислување. Покрај тоа што е одличен пример за тоа како треба да изгледа еден учебник по филозофија, романот „каса“ со здравиот заб на времето и историјата, а уште повеќе – со нивното испреплетување.

Мирослава Симоновска
 
Слободно можам да кажам дека не постои човек на кој ќе му биде доста од оваа книга, од проста причина што претставува учебник по филозофија за почетници, меѓутоа напишана преку очите на Софија и нејзиниот учител, маѓичен е крајот на книгата, дефинитивно иако е 600 страни вреди да се прочита повеќе пати има што да се научи.
 
Хари Потер (сите седум дела) - Џ.К. Роулинг
Марта - Горјан Петревски
Оркански Височини - Емили Бронте
Алхемичарот - Пауло Коељо
Дениција - Петре М. Андреевски
 
Една од многуте неспоредливи книги "Sigma Protocol" - Robert Ludlum. Незаборавна книга која сакам повтороно да ја прочитам, затоа што и покрај тоа што Ludlum ги пишувал најдобрите трилери на планетава, во неа расправа за една многу уникатна идеја, а тоа е дека човечкиот живот е многу краток за да можиме нашите знаења да ги имплементираме во општеството.

Исто така повторно би ги читал "The Foundation Series" - Isaac Asimov
 
Пиреј - Петре М.Андреевски, Папата Јована - Д.В.Крос, Портата на кафезот - К.Хикмен, Сенка на ветерот - Зафон, Сликата на Доријан Греј - О.Вајлд:)
 
Хари Потер (1-7) од Џ. К. Роулинг
Папата Јована од Дона Вулфолк Крос
Сонувачите од Жилбер Адер
Вампирот Лестат од Ен Рајс
Хобитот од Џ. Р. Р. Толкин
Франкенштајн од Мери Шели
Хаклбери Фин од Марк Твен
Доживувањата и авантурите на Дедо Мраз од Лиман Франк Баум
Нортангерска опатија од Џејн Остин
Џејн Ејр од Шарлот Бронте
Оркански височини од Емили Бронте
Пророкот од Халил Џибран
Големи очекувања од Чарлс Дикенс
 
Мајсторот и Маргарита,толку многу аспекти за истражување,плус ликот на Сатаната..просто идеално.
Идиот исто така е прилично интересна па се чита одвреме-навреме.
Маската на Црвената Смрт и Гарванот се "извезени" од чиста естетика,па често имам потреба да ги препрочитувам за да уживам во совршенството на По.
 
По четврт пат ја почнав Чичко Горио прееска.
 
На списокот ја додавам и Историчарка од Елизабет Костова :love:
 
Уставот на Република Македонија..........
 
Трилогијата Милениум (Стиг Ларсон) e најдобрата трилогија што сум ја прочитала, а и четвртиот дел е исто така многу добар, иако е од различен автор. Се надевам дека ќе има уште делови :D Лизбет е чудо од жена !!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom