- Член од
- 7 август 2011
- Мислења
- 4.994
- Поени од реакции
- 15.520
Извини вака ама во саксија да не си растен/а? Не дај боже за вакво нешто мајката да објави на социјални медиуми. Па детете цел живот ќе биде осакатено и обележано како лигуш и тастер.Наставниците никогаш не се од помош.Треба да разговараш со директорот/директорката на училиштето и да го/ја натераш да реагира бидејќи твоето дете е во опасност.Тие деца треба да добијат укор.Обелодени го случајов јавно,по социјалните мрежи и разговарај со многу луѓе.Децата кои постојано исмејуваат,навредуваат и/или тепаат други деца се невоспитани и/или психички нестабилни.Доколку ситуацијата се влоши поради немање реакција од училиштето,ќе биде потребно да се вмеша и полицијата.
Можеби ќе биде потребно да поднесеш барање/молба до општината да дозволат твоето дете да се префрли во друго училиште.
Нејсе да не се повотруваме волкот прв пат во живот имаше добар пост, а имаше и други што одеа во негова насока, така што следи ги нив и ќе го надминете проблемот. Едноставно така растат децата.