Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Горенаведениот пример е типичен израз на женската суета и повредена психа, која што се манифестира со покажување на некаква ,,супериорност" во случајов со купувањето на Арсенал... На местото на оваа жена, јас би била навистина засрамена затоа што цела година сум живеела со човек кој не ме задоволувал духовно и сексуално и дефинитивно не би се фалела со тоа сакајќи да го оцрнам името на поранешниот сопруг.Како и да е, одмазда не почитувам ниту практикувам... Да преземам некои посебни и планирани мерки за да загорчам нечиј живот не би, но дефинитивно тој човек кој ми згрешил во минатото, престанува да егзистира за мене... Мртов е и во фаза на хибернација до крајот на нашите животи.Видовме каква беше разврската околу бракот на Роман Абрамович.Сега неговата бивша сопруга за одмазда го купува "Арсенал" и изјавила дека последните години од бракот со Роман и биле здодевни во секој поглед па дури и во кревет , па сега планирала да го поправи тоа.
Како вие би се одмаздиле за неверство?
Треба да се признае дека одмаздата е најслатка!!Свесно или подсвесно,секој ја посакува.