Платежна картичка

  • Креатор на темата Креатор на темата k1k0sK
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 декември 2013
Мислења
212
Поени од реакции
110
Вака... две години како ја отворив трансакцискава но повеќе не ја користам,прашањето ми е дали има некаков ризик доколку картичката не ја поништам?Сметката е чиста и немам никаков минус на неа,а моментално сум префрлен во друга банка бидејќи фирмата во која што работам се води под истата и побрзо легнуваат платите на сметка.Ме мрзи да се маткам по шалтерине а и обично многу гужва има...
 
иди прашај дали имаат некакви фиксни трошоци од банката на старата сметка. често имаат нешто како 100 денари месечно, што ако немаш ништо на сметката ти ги сметаат како долг кон банката. што ако го занемариш, едвај чекаат за едно десетина години да ти чукне некој извршител на врата.
п.с. рачунај дека ништо не ги спречува, и денес да немаат фикни торшоци утре да ги уведат, а ти да бидеш известен или крив дека не си се информирал сам...
 
нели ако некоја сметка не е активна повеќе од две години по закон се згаснува од банката?
 
не згаснува, Тутунска пример не ти зема ништо месечно одржување ако не правиш трансакции, ама Комерцијална секој месец си влече 45денари фиксно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom