Дали е чудно и невообичаено тоа што не можам и не сакам да слушам музика?

  • Креатор на темата Креатор на темата OMG!!
  • Време на започнување Време на започнување
пробај разни видови музика, класика, џез, афричка музика
ја би ти рекол прво блек метал или грајндкор да пробаш, тоа и онака не е баш музика :D
 
... мозокот е чудесие, се уште недоволно испитан колку може и што се крие во него, така да не е изненадувачки да изреагира на различен начин, па и на звуци т.е. на звуци и тишина во одредена временска едниница наречена музика... мозокот некогаш ужива на некоја музика, по извесен период истата музика да го иритира, односно да не иритира музиката туку само ритамот на музиката или дел како тактот или темпото, а можеби иритира само интезитетот...
како и да е, најубавите и најпријатните работи прави ги со музика сигурно во иднина ќе можеш истата со задоволство да ја слушаш, оти ќе те потсеќа на нешто убаво, да таа истата музика ќе ти помогне кога ќе имаш болка или нема да бидеш свој ;)
 
Прочитав дека не ти сметаат звуци од природа, имаш разно разни "амбиентални" музики на YT пробај почни со ова па понатаму врти на друго малку по малку.

 
Хмм, воопшто не е чудно ни лудо. Јас низ животот имам преслушано премногу музика, но имам периоди каде не можам да слушам воопшто. Најчесто, гледано од анализа врз самиот себе, ова се случува т.е. можеби се случува како резултат на некаков си вид пост-трауматско искуство. Истотака, борбата со сузбивање на емоциите, зборам општо во животот, дали на социолошки, љубовен, психички итн. план, може да те доведе до ниво на анксиозност каде музиката ја асоцираш со одредена случка, емотивен тригер кој сакаш да го сузбиеш и затоа ги пројавува тие несигурности кај тебе. На твојот мозок му активираш блокатор, и со тоа пробваш ти т.е. твојот мозок да ги сузбие тие емоции и тука се пројавува анксиозноста. Ова го пишам од мое лично искуство, и анализа на самиот себе која ме довела до овој заклучок, што не значи дека е точен. Интересна тема, како и да е. Никогаш не сум знаел дека постои мелофобија, и дека некој друг го има проблемот со музиката. Најчесто во муабет, луѓе споделвале дека имаат периоди каде неможат да слушаат музика, но не како целосен проблем. Види истражвај по интернетов, сигурно ќе начекаш луѓе со исти ‘‘симптоми‘‘. Не е некој голем проблем, освен ако ти прави веќе музиката тебе проблем. И да, експериментирај со жанровите на музика, сигурно ќе наидиш на некој што ќе те среди. Во денешно време целосно да избегаш од музика, само бегство од градот или да оглувиш.
 
Само идев до маркет, ќе испазарам тамо и дома се затворав
ова мене на депресија ми личи, не на фобија или аверзија кон музика.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Можда марсовец си :вонзем: имаше еден игран филм Mars Attacks, им прскаа мозоците кога ќе се пуштеше музика.
 
И јас имам фобија од музика ... ТУРБО-ФОЛК шабанеријата кога ќе ја слушнам во околинава затворам врати и прозори и легнувам под ќебе !
По шљам музика не постои на планетава Земја !
 
Ми се случувало и мене порано сега веке не, освен ако слушнам турбо фолк или тешко шабанско тогаш пак ми се навраќа чувството :D
 
Знам дека повеќето ќе ми одговорите со „идиот“, „ти си нездрав бе“ и „музиката е суштината на животот“, но сепак решен сум да ја отворам темата.
Додека повеќето или сите луѓе кога слушаат музика се опуштаат и развеселуваат, кај мене е сосема спротивно. Значи колку и да е музиката тивка, песната да е лесна и весела, кај мене буди некое чувство на немир, несигурност и ме фаќа нервоза. Единствен начин да не ме нервира музиката е кога возам, а на радиото е пуштена тивка и опуштачка музика, на која не и ни обрнувам внимание, но сепак ја руши тишината и прави да не ми се тресе ногата кога стискам на гаста. Како и да е, се чувствувам незгодно да не излезам со другарите, а и кога седиме и некој ќе пушти музика јас станувам, ко демек не ми е добро и си одам со тресење во нозете.
Не е прашањето како да го натерам друштвото да не пушта музика пред мене, туку напротив, како да се навикнам да не се растревожувам од слушањето на кој било вид на музика...
Не треба музиката ни да те расположува ни да те смирува...за тоа постои друга методологија, спорт и сл. Музиката е уствари да ти смени(евентуално да го одржува) работен такт на кој ти работи мозокот. Тоа ти го користиш во дадени ситуации по потреба. Пример еве јас, пијам пиво и слушам вакво нешто

И друга работа.....не се доаѓа до добра музика едноставно, демек некој ќе ти сервира нешто. Треба да се помачиш малку...денеска ако не можеш на youtube да најдеш не се надевај на друго. Кога е музиката во прашање си бара припрема, или евентуално да ти се погоди DJ или група, само идиоти слушаат се што ќе им се сервира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom